Неделен хороскоп за периодот од 14.10. до 21.10.2019

Дознајте каква недела ве очекува

За некои знаци поволна, за некои и не толку… еве што велат астролозите за претстојната недела!

Овен (21. 3 – 20. 4)

Љубов: Оние што се во брак, ќе имаат помали несогласувања со партнерот, иако емоциите и страста ќе им бидат нагласени. Слободните се на прагот на нова авантура.

Работа: Вашите прогнози во однос на работата не се исполнија, па личниот профит ќе ви биде помал од очекуваниот. Ова е солиден период за оние што се занимаваат со економија.

Здравје: Можна е главоболка.

Бик (21. 4 – 20. 5)

Љубов: Конечно се осмеливте да се впуштите во мисија за освежување на врската, која почнавте да ја доживувате како да е во криза. Вашиот труд нема да биде залуден и ќе постигнете поголема блискост со партнерот.

Работа: Станувате ладнокрвни за одредени работи, што ќе ве попречи во склучување нови пријателства со колегите, но ќе ве насочи кон посакуваната цел.

Здравје: Проверете го притисокот.

Близнаци (21. 5 – 21. 6)

Љубов: Вашето однесување ќе го принуди партнерот одново да ви ги демонстрира љубовта и наклонетоста. Слободните Близнаци ги очекува ново познанство што ќе им даде крилја.

Работа: Не се откажувате од своите примарни деловни идеи. Можни се конфликти со шефовите, но ќе успеете да ги надминете. Ќе дознаете некои информации, кои подоцна многу ќе ви користат во работата.

Здравје: Стоматолошки проблеми.

Рак (22. 6 – 22. 7)

Љубов: Како што поминува времето, вашиот однос со партнерот ќе се движи по нагорна линија. Сепак ќе ви треба голема трпеливост за да совладате одредени пречки. Слободните ќе им бидат на нишан на лица од своето опкружување.

Работа: Ви изгледа дека не се снаоѓате на работното место и дека губите контрола над многу работи. Ненадеен финансиски дефицит уште повеќе ќе ве демотивира.

Здравје: Послаб имунитет.

Лав (23. 7 – 23. 8)

Љубов: Хармонијата со партнерот ќе влијае на сите делови од вашиот живот и ќе ве наведе да размислувате за судбоносното „ДА“. Слободните ќе уживаат во друштво на личноста што подолго време им се допаѓа.

Работа: Овој период ќе го обележат турбуленции во деловното опкружување. Ќе успеете да се приспособите на новонастанатата ситуација, како и да совладате поголем дел од проблемите, за што ќе бидете наградени.

Здравје: Чувајте се од скршеници.

Девица (24. 8 – 23. 9)

Љубов: Односите со партнерот ќе ви бидат коректни, а страста ќе придвижи лавина од емоции. Ако сте слободни, не ги игнорирајте сигналите што ви ги испраќа еден упорен додворувач.

Работа: Уморни сте од оправдувања и од дополнителни обврски. Би било добро да ја спуштите топката и да заборавите на бурни реакции, бидејќи секоја избрзан потез би можел скапо да ве чини.

Здравје: Консумирајте витамини.

Терезија (24. 9 – 23. 10)

Љубов: Важно е да знаете дека во вашата врска важи правилото на реципроцитет. Партнерот ќе ви даде онолку колку што ќе добие, па најдобро е да преземете иницијатива. Слободните ќе размислуваат за обновување на една стара врска.

Работа: Одлично се снаоѓате на работното место. Вашето искуство и смиреноста ќе ве издвојат, поради што ќе добиете и соодветна материјална награда.

Здравје: Повеќе движете се.

Скорпија (24. 10 – 22. 11)

Љубов: Конфликтите со партнерот се зад вас и сега следува период на силни емоции, страст и на романтика. Слободните припадници на овој знак ќе бидат склони на авантури, кои можат да преминат во сериозна врска.

Работа: Ќе се изненадите од обемот на работата што мора да ја завршите за многу кратко време. Стресот нема да ви биде непознат, бидејќи ќе наидувате на многу пречки. Не грижете се, трудот ќе ви се исплати.

Здравје: Минлива нервоза.

Стрелец (23. 11 – 21. 12)

Љубов: Односот со партнерот ќе ви се темели на искреност, па можеби ќе дознаете информации што нема да ве воодушеват. Слободните Стрелци нема да имаат јасни желби, бидејќи ќе ги менуваат од ден на ден.

Работа: Ќе ги извршувате стандардните обврски, без некои поголеми промени. Колку и да се трудите, нема да успеете значително да ја зголемите својата заработка.

Здравје: Сменете го режимот на исхрана за да избегнете проблеми со варењето на храната.

Јарец (22. 12 – 20. 1)

Љубов: Партнерот ќе ја препознае вашата намера да му ги исполнувате желбите и ќе ви возврати со иста мера. Слободните Јарци се на прагот на нова врска, но ќе им недостига храброст да ја реализираат.

Работа: Ако сакате да успеете во работата, обидете се да ги избегнувате конфликтите со колегите, па макар било потребно да го игнорирате целиот колектив. Ова е одличен период за оние што се занимаваат со некој вид уметност.

Здравје: Кардиоваскуларни проблеми.

Водолија (21. 1 – 19. 2)

Љубов: Инсистирате на промена на основните принципи на кои се темели вашата врска. Партнерот ќе ве обвини дека премногу барате, но сепак тоа ќе придонесе на напредок на врската. На слободните им претстои интересно познанство на службен пат.

Работа: Во овој период ќе ви се укаже можност да ги демонстрирате своето знаење и вештини на работното место. Неодоливиот шарм ќе ви помогне во работата со клиентите.

Здравје: Несоница.

Риби (20. 2 – 20. 3)

Љубов: Ноември нема да почне многу славно, ќе имате мали расправии со партнерот, но кон крај на неделата работите ќе се стабилизираат. Слободните Риби конечно ќе се впуштат во освојувачка авантура.

Работа: Несебично ќе им помагате на колегите. Ќе помине доста време додека да сфатите дека не можете истовремено да ја вршите својата и туѓата работа.

Здравје: Можни се настинки.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.