Неделен ХОРОСКОП за периодот од 13 до 20 септември 2021 година

Астролошки предвидувања

Getty Images

На Овенот ќе му недостига енергија за работа, Близнаците ќе доживеат романтични мигови, Лавот ќе успее да ги надмине недоразбирањата со партнерот, а Јарецот ќе се „расправа“ со мошне упорен додворувач.

Овен

  1. 3 – 20. 4.

Емотивните врски ќе функционираат беспрекорно и ќе бидат прибежиште од другите проблеми. Слободните ќе почнат сериозна врска. Ќе ви недостига енергија за работа. Можни се проблеми со дишењето.

Бик

  1. 4 – 20. 5.

Ако еден од двата партнера не се ангажира, врската ќе стагнира. Слободните ќе стапат во контакт со лице од минатото. Деловните околности нема да ви одат од рака.

Близнаци

  1. 5 – 21. 6.

Во врските преовладуваат романтични мигови. Авантурата може да премине во перспективна врска. Ситуацијата на работното место ќе биде позитивна, без поголеми проблеми. Подобрете го имунитетот.

Рак

  1. 6 – 22. 7.

Емотивните врски ќе функционираат беспрекорно. Слободните можеби ќе ја запознаат сродната душа. Помал обем на работата и поголем одмор, а можно е и деловно патување, кое многу ќе ве израдува. Дерматолошки проблеми.

Лав

  1. 7 – 23. 8.

Партнерот ќе ви забележува, но ќе ги надминете недоразбирањата. Слободните ќе ја пронајдат сродната душа. Ќе бидете задоволни од својот труд, дури и да не биде максимален. Посетете го гинекологот.

Девица

  1. 8 – 23. 9.

Состојбата во врските е стабилна, иако е можна послаба љубомора. Слободните ќе имаат повеќе интересни додворувачи. Ќе ви се укажат нови деловни шанси, кои ќе ве заинтересираат. Кардиоваскуларни тегоби.

Терезија

  1. 9 – 23. 10.

Во врските е константно топло-ладно, партнерите час се блиски, час се оддалечуваат. Слободните ќе размислуваат за обновување на врската. Ќе остварите деловни контакти од големо значење. Подобрете ја кондицијата.

Скорпија

  1. 10 – 22. 11.

Меѓу партнерите ќе владее недоразбирање. Слободните ќе почнат романтична авантура. Интересни деловни ситуации ќе ве донесат до успех. Стоматолошки проблеми.

Стрелец

  1. 11 – 21. 12.

Емотивните врски ќе имаат големи осцилации, а ситуацијата ќе се менува од ден на ден. Слободните ќе запознаат перспективна личност. Нервоза на работното место. Некои колеги ќе ве иритираат. Одлично здравје.

Јарец

  1. 12 – 20. 1.

Во врските ќе владее хармонија, па ќе бидат исполнети со интересни активности со партнерот. Слободните ќе имаат мошне упорен додворувач. Ве очекува многу мирен деловен период. Несоница.

Водолија

  1. 1 – 19. 2.

Емотивните односи ќе бидат слабо нарушени бидејќи и партнерот и вие нема да ѝ бидете посветени на врската. Слободните се на прагот на нова романса. На работа нештата ќе се одвиваат според планот. Нервоза.

Риби

  1. 2 – 20. 3.

Со своите непромислени постапки партнерот би можел да предизвика криза во врската. Слободните ќе ѝ се вратат на старата љубов. Можни се мали проблеми со колегите. Главоболки.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.