Неделен ХОРОСКОП за периодот од 11 до 17 октомври 2021

Дознајте каква недела ве очекува

Биковите се впуштаат во мисија за оживување на врската, лавот ќе размислува да го изговори судбоносното „да“, а стрелецот ќе дознае информации што нема да го воодушеват…

ОВЕН

21.3. – 20.4.

Оние што се во брак ќе имаат помали несогласувања со партнерот, иако емоциите и страста ќе им бидат нагласени. Слободните се на прагот на нова авантура. Ова е солиден период за оние што се занимаваат со економија. Главоболка.

БИК

21.4. – 20.5.

Конечно се осмеливте да се впуштите во мисија за освежување на врската, која почнавте да ја доживувате како да е во криза. Станувате ладнокрвни, што ќе ве насочи кон посакуваната цел. Проверете го притисокот.

БЛИЗНАЦИ

21.5. – 21.6.

Вашето однесување ќе го принуди партнерот одново да ви ги демонстрира љубовта и наклонетоста. Слободните ги очекува ново познанство, што ќе им даде крилја. Можни се конфликти со шефовите, но ќе успеете да ги надминете. Стоматолошки проблеми.

РАК

22.6. – 22.7.

Како што поминува времето, вашиот однос со партнерот ќе се движи по нагорна линија. Слободните ќе им бидат на нишан на лица од своето опкружување. Ненадеен финансиски дефицит уште повеќе ќе ве демотивира во работата. Слаб имунитет.

ЛАВ

23.7. – 23.8.

Хармонијата со партнерот ќе ве наведе да размислувате за судбоносното „да“. Ќе успеете да се приспособите на новонастанатата ситуација, како и да совладате поголем дел од проблемите, за што ќе бидете наградени. Скршеници.

ДЕВИЦА

24.8. – 23.9.

Односите со партнерот ќе ви бидат коректни, а страста ќе придвижи лавина од емоции. Ако сте слободни, не игнорирајте ги сигналите на еден упорен додворувач. Уморни сте од оправдувања и од дополнителни обврски. Консумирајте витамини.

ТЕРЕЗИЈА

24.9. – 23.10.

Партнерот ќе ви даде онолку колку што ќе добие, па најдобро е да преземете иницијатива. Слободните ќе размислуваат за обновување на една стара врска. Одлично се снаоѓате на работното место. Повеќе движете се.

СКОРПИЈА

24.10. – 22.11

Конфликтите со партнерот се зад вас и сега следува период на силни емоции, страст и на романтика. Слободните ќе бидат склони на авантури, кои можат да преминат во сериозна врска. Ќе се изненадите од обемот на работата што мора да ја завршите. Не грижете се, трудот ќе ви се исплати. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

23.11. – 21.12.

Можеби ќе дознаете информации што нема да ве воодушеват. Слободните Стрелци нема да имаат јасни желби, бидејќи ќе ги менуваат од ден на ден. Ќе ги извршувате стандардните обврски, без некои поголеми промени. Сменете ја исхраната за да избегнете проблеми со варењето на храната.

ЈАРЕЦ

22.12. – 20.1.

Партнерот ќе ја препознае вашата намера да му ги исполнувате желбите и ќе ви возврати со иста мера. Слободните се на прагот на нова врска, но ќе им недостига храброст да ја реализираат. Ако сакате да успеете во работата, обидете се да ги избегнувате конфликтите со колегите. Кардиоваскуларни проблеми.

ВОДОЛИЈА

21.1. – 19.2.

Партнерот ќе ве обвини дека премногу барате, но сепак тоа ќе придонесе за напредок на врската. На слободните им претстои интересно познанство на службен пат. Ќе ви се укаже можност да ги демонстрирате своето знаење и вештини на работното место. Несоница.

РИБИ

20.2. – 20.3.

Октомври нема да почне многу славно, ќе имате мали расправии со партнерот, но кон крајот на неделата работите ќе се стабилизираат. Слободните конечно ќе се впуштат во освојувачка авантура. Несебично ќе им помагате на колегите. Можни се настинки.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време