НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Прочитајте каква недела ве очекува

Пред сè, на здравствен план! Нека не ве лажат високите температури, сезоната на настинки е во полн ек!

Раковите се ментално нестабилни, скорпиите треба да се посветат на чистење на организмот, рибите не смеат да ги игнорираат сигналите што им ги испраќа нивното тело…

ОВЕН

Овните ќе бидат подложни на настинки и болести на увото, грлото и на носот. Веќе разнишаниот имунитет ќе биде на нов испит, затоа подалеку од метежи, јавен превоз и социјални настани. Можни се и напади на главоболка. Пред да земете таблета, испијте кафе со лимон и наспијте се добро.

БИК

Биковите во овој период ќе ја зголемат потребата за задоволства, па ќе почнат да си угодуваат себеси. Обидете се да го следите правилото на златна средина, а особено избегнувајте прејадување и седење до доцна. Нерационално однесување може да ја искомплицира хроничната болест.

БЛИЗНАЦИ

За да избегнат настинка, близнаците треба да јадат разновидна храна и, ако е можно, да го челичат организмот. Изложени сте на ризик од компликации предизвикани од заболување на црниот дроб или жолчните патишта. Не злоупотребувајте алкохол, туку – за да се ослободите од непријатноста и болката – пијте специјални билни чаеви.

РАК

Менталната состојба на раковите ќе биде нестабилна. Обидете се да ги контролирате вашите емоции, без разлика колку се силни. Доколку немате контраиндикации, се препорачува да посетувате сауна. Тоа ќе има корисен ефект врз општата состојба на вашето тело. Избегнувајте мрсна, солена и зачинета храна

ЛАВ

Лавовите треба да го проверат нивниот хормонален статус и, по потреба, да посетат ендокринолог. Нормализирајте ја исхраната: избегнувајте шеќер, како и мрсна, пржена и чадена храна. Исто така, имајте ги предвид придобивките од умерениот физички напор. Облекувајте се потопло и чувајте се од провев.

ДЕВИЦА

Девиците можат да имаат проблеми со жолчното ќесе. Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци, збогатете ја исхраната со овошје, зеленчук и млечни производи и – доколку е потребно – пијте чајна мешавина за лачење на жолчката. На крајот на овој период можно е влошување на расположението, раздразливост и апатија.

ТЕРЕЗИЈА

Терезиите што се метереопати може да почувствуваат слабост. Доколку имате хронично заболување, следете ја временската прогноза и секогаш имајте ги при рака потребните лекови. На крајот на март ќе се чувствувате подобро. Исто така, редовно проверувајте го крвниот притисок. Почнете да се занимавате со некој спорт.

СКОРПИЈА

Скорпиите треба да се посветат на чистење на организмот. Консултирајте се со експерт за да изберете ефикасен метод. Престанете да консумирате жестоки пијалаци – тоа е особено важно за луѓето што имаат проблеми со црниот дроб или панкреасот. Направете комплетно испитување.

СТРЕЛЕЦ

Сериозните болести ќе ги заобиколат стрелците во широк лак. Сепак, не проверувајте ја издржливоста на вашиот организам, во спротивно ќе ви се искомплицираат хроничните тегови. Почитувајте ја вашата вообичаена дневна рутина и хранете се урамнотежено. Обидете се да се ослободите од стравовите што е можно побрзо.

ЈАРЕЦ

Јарците би можеле да „фатат“ некој вирус. За да го спречите тоа, зајакнете го вашиот имунитет. Јадете храна богата со витамин Ц и редовно проветрувајте ги просториите во кои престојувате. Идеално време е да почнете борба против лошите навики – цигарите и прекумерното користење на интернет.

ВОДОЛИЈА

Ова не е најубавиот период за водолиите. Помалку нервирајте се, бидејќи тоа нема да се одрази добро врз вашето здравје. Покрај тоа, држете ги вашите сомнежи под контрола. Имено, доколку почнете да се борите со непостојни болести, лековите ќе ви направат вистински проблеми.

РИБИ

Рибите не смеат да ги игнорираат сигналите што им ги испраќа нивното тело. Недоволната грижа за здравјето остава негативни последици – консултирајте се со лекар дури и ако чувствувате мала болка што не поминува неколку часа. Дајте ѝ предност на домашната храна, бидејќи посетата на ресторан може да заврши со труење.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.