Неделен хороскоп до 04 октомври 2020: Време е да ја преболите старата љубов

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Немојте да се грижите кога станува збор за работата, конфузијата која во моментот е присутна ќе се реши.

ЉУБОВ: На полето за љубов ќе се случат некои мали недоразбирања со партнерот но ништо сериозно.

ЗДРАВЈЕ: Водете сметка за урогениталниот тракт, мочниот меур, бубрезите и мочните патишта.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Можете да очекувате дека во текот на овој период најмногу ќе се занимавате со документи, папирологија и некои формални прашања.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта слободните можат да очекуваат многу интересно ново познанство.

ЗДРАВЈЕ: Можни мали проблеми со синусите, белите дробови, дишните патишта.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Ве очекува значително напредување на полето за финансии, можете да се надевате на многу позитивна ситуација.

ЉУБОВ: На љубовен план ќе имате интересни случувања со личноста која ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Пред вас е период во кој ќе имате многу деловни обврски пред себе. Посветете и се максимално на работата.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да очекувате убави моменти со саканото лице и мирна ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Можна главоболка и забоболка.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Оваа недела нема да ви биде комплетно сјајна за работа, можни се нејаснотии и компликации.

ЉУБОВ: Иако се трудите да го поправите односот со саканото лице, едноставно не ви оди.

ЗДРАВЈЕ: Имунитетот ви е ослабен и генерално сте многу чувствителни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Можно е да се разочарате од некој од вашите соработници во наредниот период. Не ставајте се при срце.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со нервниот систем, ќе бидете чувствителни.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Можете да очекувате некои промени на вашето работно место во наредниов период.

ЉУБОВ: На полето за љубов не би требало да очекувате никакви компликации и проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Можна вкочанетост во грбот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа, можни се некои промени и напорно темпо.

ЉУБОВ: На љубовното поле можете да очекувате зближување и подобри односи со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми поврзани со стомакот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: До вас доаѓаат нови информации, а и финансиите можат значително да ви се подобрат.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува стабилна ситуација и добра комуникација со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Можно е самите на себе на некој начин да сте си створиле притисок околу работата, без претерана потреба од тоа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекуваат многу интересни и нови случувања.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со хормоните.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Ви делува дека некои планови кои ги имате не се баш лесно остварливи. Сепак важно е да се трудите.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува вообичаена ситуација со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни вируси, инфекции, воспаленија и бактерии.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Можно е факторот среќа овој пат да оди против вас, па немојте да ризикувате во било која смисла.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, потребно ви е нешто ново, а наскоро ќе дојде и тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можни се силни главоболки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.