НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Астролошки толкувања за периодот од 23 до 29 мај

Астро-прогноза

Фото: Pexels

ОВЕН

Оваа недела не сте расположени за карање, но одредени ситуации ќе ве натераат на конфликт. Нервозата од работното место не ја пренесувајте дома, бидејќи со тоа можете дополнително да ја искомплицирате љубовната ситуација. Под стрес сте.

БИК

Ќе мора да им се приспособите на условите на работното место ако сакате да избегнете расправии. Обидете се да се договорите со Стрелец или со Терезија за нешто што ви е многу важно. Рак и Лав ќе ви дадат добри совети. Можни се главоболки.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е хармонична недела со Терезија или со Јарец. Пријател во знак на Близнаци ќе се обиде да ве наговори на заеднички бизнис. Обидете се да ги држите конците во свои раце, особено ако сте жена и притоа сте во неизвесна ситуација. Можни се проблеми со синусите.

РАК

Во игра ќе бидат големи пари, особено ако се занимавате со приватен бизнис или ако сте на одговорно место во фирмата.

Ако сте маж, тешко ќе имате можност да се гледате со партнерката, бидејќи таа ќе биде многу ангажирана на работното место. Нервозни сте и изложени на стрес.

ЛАВ

Многумина од вас на најдобар начин ќе успеат да ја искористат соработката со странци, особено ако станува збор за долгогодишни пријатели. Партнерот ќе ги послуша сите ваши совети и сугестии, но вие ќе ја злоупотребувате својата надмоќност над него.

ДЕВИЦА

Бидете внимателни ако планирате да соработувате со Бикови. Обидете се да ги намалите трошоците и немојте да земате кредит. Мислете на своите желби, на се она што очекувате од својот љубовен живот, кој е доста разнишан. Повеќе шетајте и почнете да се занимавате со јога.

ТЕРЕЗИЈА

Една Риба или Водолија ненадејно ќе се заинтересира да соработува со вас. Вашиот одбранбен механизам не е активен, а потребен ви е за љубовта. Чувајте се од манипулации. Уморни сте.

СКОРПИЈА

Ситуацијата ви оди од рака, па лесно ќе успеете да се изборите за подобри услови на работа. Наскоро очекувајте парична добивка. Ветувањата што ги давате не секогаш успевате да ги исполните. Бидете пореални во своите изјави. Немате здравствени проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Обврските на работа тешко ви паѓаат! Се што правите сработувате со голем напор. Се оддалечувате од лицето со кое сте во врска, а главна причина за тоа е вашата тврдоглавост. Бидете потолерантни. Во спротивно ќе останете сами и тоа нема да ви се допадне.

ЈАРЕЦ

Исклучително сте одговорни, па во вашата работа нема да има никакви пропусти. Размислувате за унапредување. Одлично ќе се чувствувате во друштво на една личност помлада од вас. Околината ве доживува како мошне шармантна личност. Подобрете ја исхрана.

ВОДОЛИЈА

Не сте во добра форма, но сепак добро се снаоѓате во работните обврски. Побарајте помош од колегите, ќе ви биде полесно. Ненадеен глас што ќе го добиете неделава ќе ви го подобри расположението. Станува збор за лице што е далеку од вас. Во добра форма сте.

РИБИ

Задоволни сте од постигнатите резултати, но се уште мислите само за проширување на работата и за поголема заработка. Многу сте амбициозни. Оваа недела ќе избрзувате, па затоа лесно ќе можат да ве изнервираат и да ве извадат од такт. Обидете се да не се карате со партнерот.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.