Дознајте каква недела ви претстои: Неделен хороскоп за периодот од 13.1. до 20.1.2020

Астролошки предвидувања за тоа што ве очекува во полето на љубовта, работата и здравјето.

ОВЕН

21.3. – 20.4.

Бидете подготвени за компромиси и имајте на ум дека за љубов и за караница се потребни двајца. Ќе успеете да ги убедите претпоставените дека токму вие сте кандидатот за местото што би ви осигурило повеќе примања. Можни се кардиоваскуларни проблеми.

БИК

21.4. – 20.5.

Не дозволувајте им на луѓето од вашето опкружување да влијаат врз вашата врска. Ви недостигаат волја и елан за работа, што не е својствено за вас. Иако ова нема да ви биде најуспешната недела, сепак нема ни да заостанете. Настинка.

БЛИЗНАЦИ

21.5. – 21.6.

Ако не успеете да ги исфрлите бубачките од главата, судирот со партнерот е неизбежен. Размислете пред да повлечете некој потег. Внимавајте на финансиите, особено кон крајот на неделата, и немојте да позајмувате пари од колегите. Несоница.

РАК

22.6. – 22.7.

Полека се повлекувате и на партнерот му ја препуштате лидерската позиција. Сепак, при донесувањето важни одлуки вие ќе го имате последниот збор. Нема да бидете задоволни од резултатите на својот труд. Зајакнете го имунитетот.

ЛАВ

23.7. – 23.8.

Во почетокот на неделата ќе ви се укаже можноста одредени нешта во љубовта конечно да ги средите, но и да го унапредите односот со партнерот. Ќе бидете принудени да работите прекувремено, за време на викендите. Главоболка.

ДЕВИЦА

24.8. – 23.9.

Ќе уживате во многу убави мигови со партнерот. Иако ќе бидете принудени да работите прекувремено, тоа нема да ви биде тешко, бидејќи материјалната награда нема да отсуствува. Посетете го стоматологот.

ТЕРЕЗИЈА

24.9. – 23.10.

Позитивната енергија струи меѓу вас и вашиот партнер, па повеќето од вас ќе почнат да размислуваат за заеднички живот или за склучување брак. Избегнувајте ги конфликтите со колегите – би можеле скапо да ве чинат. Болки во вратот.

СКОРПИЈА

24.10. – 22.11.

Иако важите за флексибилна и толерантна личност, вашето трпение попушта, што ќе резултира со чести караници со партнерот, но тоа е минлива фаза. Еден колега ќе ви помогне да ја завршите работната задача. Проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

23.11 – 21.12

Љубовта ќе ви цути, затоа слободно опуштете се и препуштете им се на нејзините убавини. Успехот на работното место ви е гарантиран. Можете да очекувате пофалба од претпоставените и вонредна добивка. Консумирајте повеќе течности.

ЈАРЕЦ

22.12. – 20.1.

Немојте да ги занемарувате сигналите што ви ги испраќа едно лице од вашето опкружување. Иако ќе бидете многу понервозни поради новите проекти во кои се впуштате, сепак работите ќе ги задржите под ваша контрола. Проблеми со дишните патишта.

ВОДОЛИЈА

21.1. – 19.2.

Доколку сакате да ја одржите врската, време е да ја спуштите топката и да размислите за вашите постапки. Максимално ќе бидете зафатени со работата, па очекувајте награда кон крајот на неделата. Внесувајте повеќе витамини.

РИБИ

20.2. – 20.3.

Караниците со партнерот се зад вас и полека запловувате во мирни води. Во овој период потпирајте се исклучиво на сопствените способности и не оптоварувајте се со она што ќе ви го кажат другите. Стомачни тегоби.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.