Астролошки предвидувања за периодот од 9.9. до 15.9. 2019

Дознајте каква недела ве очекува!

Овен

Професионалните планови кои упорно се обидувате да ги реализирате, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално минувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Доколку сакате опкружувањето да го убедите дека поседувате практично знаење и интелектуални способности, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот се однесувате сомнително и пронаоѓате различни замерки на својот партнер.

Среќен ден: Вторник

Бик

Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредноста. Најубави случувања ве очекуваат во љубовниот живот или во средбата со една драга личност. Секогаш кога се возбудуваат вашите страсти и чувства, тоа претставува позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.

Среќен ден: Сабота

Близнаци

Не се однесувајте импулсивно, трпеливо почекајте на површина да испливаат вистинските вредности. Во односот со саканата личност, упорно заговарате ситуација која одговара на вашето основно расположение или афинитети. Меѓутоа, партнерот одговара резервирано и останува на своите ставови. Не можете да добиете се што очекувате, направете нов емотивен баланс како би ги надминале заедничките сомнежи и дилеми.

Среќен ден: Понеделник

Рак

Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавни расправи. Мудро спроведувајте ги вашите работни планови и вешто балансирајте помеѓу соработниците кои имаат поинакви работни критериуми и ставови. Сочувајте го позитивното расположение, нема причина некој од страна да ја расипува вашата љубовна среќа или семеен мир.

Среќен ден: Недела

Лав

Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и неразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат компликувано, вашиот партнер ги посматра со поинакви очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Среќен ден: Среда

Девица

Одложете го потпишувањето на некои спорни документи или финансиски трансакции под сомнителни околности. Во љубовниот живот, нема потреба да се однесувате премногу наметливо и со барања кон саканата личност. Со упорното наметнување на своите ставови или строги правила на однесување, најчесто поттикнувате спротивен ефект.

Среќен ден: Четврток

Терезија

Се наоѓате пред нови работни дилеми и заговарате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Поголемиот дел од соработниците сака да се идентификува со заеднички успех и радосно реагира на вашиот повик. Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на професионалните цели или да ги промените вообичаените критериуми. Во љубовниот живот, важно е да ги сочувате вистинските вредности и искрено да го задоволите својот партнер.

Среќен ден: Понеделник

Скорпија

Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни. Сакате на своето семејство и саканата личност да им приредите повеќе радости. Понекогаш е тешко да ги усогласите различните интересирања и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Среќата произлегува од внатрешните потреби, убавите мисли и топлите чувства да се споделат и разменат со блиска личност. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.

Среќен ден: Петок

Стрелец

Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни инфомрации или професионални идеи. Се однесувате како личност која нема време за некои случајни средби или за случувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интересирање. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските соработници поттикнувате различни реакции. Во љубовниот живот имате лошо претчувство, реагирате внимателно во ситуации кои можат да ве компромитираат.

Среќен ден: Вторник

Јарец

Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете на другите да ја преземат главната иницијатива. Доколку чувствувате емотивна несигурност, доволно е да го привлечете вниманието на саканиот на начин кој одоговара на заедничките вкусови и афинитети. Секој има своја слаба точка, размислете на кој начин треба да го анимирате својот партнер.

Среќен ден: Недела

Водолија

Се наоѓате под психолошки притисок, добро ја проценете компелтната ситуација на професионалната сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Важно е да ги сочувате добрите критериуми при средба со соработниците и изборот на работните цели. Долгорочниот успех подразбира вистинска процена на вредностите и почитување на заедничките одлуки.

Среќен ден: Среда

Риби

Добро проценете ги своите професионални можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро препуштете на својот партнер одредена доминација или впечаток дека го има „главниот збор“. Избегнувајте ја играта на надмудрување и нови емотивни замки.

Среќен ден: Понеделник

Фото: Gluver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.