Не може да се побегне од судбината: Сè е запишано во датумот на раѓање!

Дознајте каква судбина ви е предодредена

Датумот на раѓање не е само случаен збир на броеви – пресметајте го личниот број и дознајте што ве чека во иднина

Во животот ништо не се случува случајно, туку за сè постои добра причина. Астролозите се убедени дека во датумот на нашето раѓање е запишана и нашата судбина и дека врз основа на тие броеви, може да се предвиди и нашата судбина и правецот во кој ќе се движиме.

Дознајте како да го пресметате личниот број и кое е неговото значење:

На пример: ако сте родени на 1 август 1978 година, ќе го пресметате магичниот број вака:

1 + 8 + 1 + 9 + 7 + 8 = 34 = 3 + 4 = 7.

Во овој случај, 7 е вашиот магичен број.

Еве што значи секој број посебно…

Значење на бројот 1

Овој број значи создавање. Се верува дека под овој број се родени луѓе со најсилни магични способности. Тие го имаат клучот во царството на магијата. Тие имаат неверојатна волја и способност да остварат сè што ќе замислат. Предупредување: Обидете се да не манипулирате или да не ја користите својата дарба за да ги контролирате сите околу себе.

Вашата дарба е: Неверојатна волја и храброст.

Значење на бројот 2

Многу сте чувствителни на енергијата што ве опкружува. Многу повеќе од другите луѓе. Уште од рано детство веројатно сте ги чувствувале и разбирале другите. Вие знаете како да сочувствувате. Вашата магична дарба се наоѓа во срцето, како и во „третото око“. Само вие можете да им ја олесните болката на другите.

Вашата дарба е: Емпатија и интуиција.

Значење на бројот 3

Вие сте спој на три луѓе во едно. Богови на раѓањето, љубовта и смртта. Девица, мајка и старица. Во вас секогаш е присутна моќта на создавањето и моќта на уништувањето. Луѓето честопати велат „внимавај што посакуваш!“. Треба да знаете дека оваа поговорка ви зборува вам. Вистината е дека вашите мисли и желби лесно се преточуваат во реалност.

Вашата дарба е: Создавање и способност сите желби да ги претворите во реалност.

Значење на бројот 4

Овој број ги симболизира четирите елементи: оган, вода, земја и воздух. Вие сте исклучително паметна личност. Бидејќи ги привлекувате сите елементи, многу е тешко човек да ве надмудри. Тоа е така поради тоа што овие четири елементи создаваат штит околу вас. Родени сте за големи работи.

Вашата дарба е: Лидерски способности.

Значење на бројот 5

Овој број е поврзан со петтиот елемент – со духот. Етер, како што го нарекувале во древната грчка магија. Луѓето родени под овој број постојано се во контакт со духовното кралство. Лесно можат да комуницираат со душите што се наоѓаат на другата страна. Многу луѓе ви веруваат и вам прво ви се обраќаат за помош или совет.

Вашата дарба е: Разбирање.

Значење на бројот 6

Овој број е симбол на Сонцето. Вие во себе имате силен проток на енергија, бидејќи вашиот волшебен дар потекнува од сонцето. Вие сте речиси семоќни. Вие сте лидери, но не заборавајте дека големата моќ носи и голема одговорност.

Вашата дарба е: Исцелување.

Значење на бројот 7

Вие сте родени под закрилата на Месечината. Месечината ви дава волшебни моќи. Вие имате голема интуиција која е силно развиена во вас. Штом почнете да сонувате за нешто, тоа веднаш се остварува. Мудро користете ја вашата дарба.

Вашата дарба е: Визии и предвидувачки соништа.

Значењето на бројот 8

Овој број се смета за еден од најмагичните броеви. Вие веројатно имате огромна волшебна моќ. Вие знаете што е правилно и непогрешливи сте во тоа.

Вашата дарба е: Манипулација.

Значењето на бројот 9

Вие сте уметничка душа и нестандардно го гледате светот. Имате моќ да ги лекувате другите луѓе. Луѓето родени под овој број често се шамани, но не се воздржуваат да играат на таа карта за да добијат сè што ќе посакаат. Лесно им се вовлекувате на луѓето под кожа, па никако не можат да ве одбијат.

Вашата дарба е: Изразени говорни вештини. Родени сте за јавни настапи или за водење големи групи на луѓе.

Судбината има неверојатен план за вас: Ако во датумот на раѓање ги имате овие броеви, предодредени сте за големи работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.