Месечен хороскоп за февруари 2021: Скорпиите ќе добијат бонуси, Раковите влегуваат во нова романтична врска, Близнаците ќе мора да ризикуваат љубовВе очекуваат само убави работи!

Астро-прогноза

Кој ќе има храброст да ризикува, повеќекратно ќе му исплати

Без разлика дали станува збор за пари, љубов или деловен успех, 2021 година им носи среќа на повеќето хороскопски знаци!

Овој месец ќе го означи период на прогрес и визионерско размислување. Вниманието најмногу ќе биде насочено на хуманитарни прашања, технолошки напредок и неконвенционални иновации.

Февруари е месец посветен на љубовта, а најсреќни меѓу знаците ќе бидат Овен, Скорпија и Риби, бидејќи месечниот хороскоп за февруари предвидува серија романтични изненадувања.

Пронајдете го вашиот знак и дознајте дали ѕвездите ќе ви бидат наклонети во февруари.

Овен

Вториот месец во годината подготвува многу убави изненадувања за Овните. Генерално, 2021 година ќе биде успешна за Овните, ако се потрудат доволно. Во февруари Овните мораат многу да ѝ се посветат на работата. Не се препорачува да го одбиете деловното патување што ви претстои.

Бик

Во февруари фокусот е на емоционалниот и социјалниот живот. Ќе уживате со пријателите, во новите врски, во љубовта и вниманието на вашето семејство. Венера може да ви отвори нови врати. Ве очекува прекрасно познанство со личност, која најверојатно ќе биде во знакот Девица или Јарец.

Близнаци

Венера широко ви се насмевнува во текот на февруари 2021 година, ако имате храброст да ризикувате. На работа не смеете да пропуштате состаноци ниту да ги занемарувате обврските, бидејќи ова е совршен месец за професионален напредок или наоѓање нова работа, која ќе ви донесе подобра заработка или побрз напредок.

Рак

Јупитер сега повеќе од кога било претходно ви помага да ги исполните своите најголеми желби поврзани со приватниот живот. Во првата половина на февруари пристигнуваат добри вести кои најавуваат успех или парична добивка. Во втората половина на месецот ќе искусите волшебни мигови на емотивен план.

Лав

Се гледаат прекрасни предзнаци во однос на емотивниот живот, додека Уран ќе ви помага околу социјалниот живот. Во втората половина на февруари пристигнуваат добри вести во врска со здравјето, но дотогаш мора да бидете внимателни. Некој ќе ви бара помош, а вие со задоволство ќе одговорите.

Девица

Ве очекуваат тензии на сите полиња, кои ќе бидат повик за будење и за подобро сфаќање на реалноста. Финансискиот успех доаѓа благодарение на вашата креативност и отвореност кон нови работи. Обидете се помалку да бидете склони на перфекционизам.

Терезија

Месецот февруари за вас е охрабрувачки и носи нови професионални предизвици и проекти. Ќе истражувате, анализирате, ќе им помагате на другите на работа и ќе уживате во новата позиција со повеќе привилегии. Отворени се можности за повеќе пократки патувања, исполнети со многу работа, но и со многу награди.

Скорпија

Романтичните врски во февруари 2021 година се под влијание на Уран, Венера и Нептун, што значи дека работите ќе стана возбудливи! По 19 февруари пристигнуваат убави вести поврзани со вашата финансиска ситуација. Што се однесува до работата, очекувајте предизвици, а во врска со здравјето, погрижете се повеќе да одморате.

Стрелец

Не се завлекувајте кога станува збор за потпишување нови договори или склопување нови партнерства. Своето внимание овој месец треба да го насочите на љубовниот живот.

Јарец

Ви доаѓа финансиски успех благодарение на поддршката на членовите од семејството. На љубовен план ви претстојат некои проблеми. Постојат некои работи што мора да ги решите со партнерот, а сега е совршен момент за тоа. На работа ќе биде пријатно, а ви претстои и покачување.

Водолија

Бидете подискретни од вообичаено, не покренувајте непотребни дискусии. Забавувајте се, уживајте во друштво на пријатели и нови познаници, но одбегнувајте трачеви, бидејќи овој месец планетите создаваат негативно влијание на полето на комуникација во вашиот знак. Поради озборувањата би можело да се наруши пријателството кое многу ви значи.

Риби

Јупитер се провлекува низ вашата куќа на просперитет, но не пред да ви помогне да направите големи промени. Ви претстои преуредување на домот и многу поголеми трошоци одошто сте планирале. Сепак, приходите во февруари ќе бидат редовни, можеби дури и зголемени, па немате причина за голема грижа. Во втората половина на месецот, финансискиот план значајно се подобрува.

Важно е во колку часот сте дошле на овој свет: Времето во кое сте родени открива сè за вашиот карактер и особини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.