Месечен хороскоп за август

Плус: главни карактеристики на припадниците на хороскопскиот знак рак

Фото: Getty Images

Раковите ја црпат енергијата од семејството, кое за нив претставува вистинско прибежиште. Интуитивни се и грижливи, па би требало да им посветат внимание на своите сништа.

ЛАВ

23.7. – 23.8.

По нестабилниот период, состојбата во вашата врска се стабилизира. Многу добро координирате со своите активности на работа и правите сè да се растоварите, бидејќи одамна посакувате да заминете на одмор. Проверете го притисокот.

ДЕВИЦА

24.8. – 23.9.

Вашето добро расположение ќе повлијае на комуникацијата со партнерот и ќе доведе до подобрување на врската. Помалку ќе бидете расположени за работа, но финансиите значително ќе ви се подобрат. Опаѓање на енергијата.

Фото: Thinkstock Photos

ТЕРЕЗИЈА

24.9. – 23.10.

Партнерот ви се поставува авторитативно, па судирите се неизбежни. Некои припадници на овој знак ќе добијат понуда за промена на работата, која нема да можат лесно да ја одбијат. Важно е добро да размислите. Внимавајте што јадете.

СКОРПИЈА

24.10. – 22.11.

Слободните скорпии неочекувано ќе пронајдат вистинска љубов, додека зафатените складно ќе функционираат во врската. Ќе бидете растргнати меѓу личните амбиции, кои не спласнуваат, и желбата за одмор, кој ви е неопходен. Ревматски тегоби.

СТРЕЛЕЦ

23.11. – 21.12.

Недоразбирањата во емотивната врска се со минлив карактер. Доколку сè уште трагате по вработување, во овој период ќе успеете да најдете работа во согласност со своите афинитети. Можни се главоболки.

ЈАРЕЦ

22.12. – 20.1.

Слободните се опкружени со додворувачи, но многу се неодлучни, додека во врските состојбата е идилична. Нервозата на работното место нема да ви даде мир сè до средина на месецот. Посетете стоматолог.

ВОДОЛИЈА

21.1. – 19.2.

Не дозволувајте им на деловните околности да влијаат на вашиот љубовен живот. Одвојте време за уживање и за забава со партнерот. Цел месец ќе ви помине во трка со времето за да ги реализирате сите проекти. Губење на апетитот.

РИБИ

20.2. – 20.3.

Партнерот ви е максимално посветен и очекува да му возвратите со иста мера. Ќе бидете во голема деловна дилема, но важно е самостојно да ја решите. Имајте на ум дека ризични потези би можеле да ви се исплатат. Нервоза.

Фото: Getty Images, Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.