ГОЛЕМ месечен хороскоп за август 2021: Промени на полето на работата, бурни раскинувања, ама и нови романси

  Месечниот хороскоп за август ќе ви помогне работите да ги анализирате од друга перспектива

Јарец 22.12.-20.1.

Работа

Ова е месец во кој ќе успеете да ја повратите својата моќ и да им покажете на другите колку умеете. Со младата Месечина на 8 август во вашата осма куќа на трансформации, ќе размислувате за своите финансиски трансакции и ќе направите план за трошењата. Можна е и понуда за нова работа во овој период, но не дозволувајте стравот од промени да ве остави во статус-кво позиција.

Во првата половина на август, Сонцето прави опозиција со Сатурн и квадрат со Уран. Тоа ќе ви донесе застој во преговорите и тешки соработници. Некои големи проекти можеби ќе мораат да бидат прекинати поради недостатокот на заеднички интереси или компромис. Можни се несогласувања и со соработниците од странство, а највеќе конфликти ќе се јават со луѓето од авторитет и во рамки на тимот. Опозицијата на Венера со Нептун ќе донесе доцнење на некои рокови. Можни се и сплетки, па затоа бидете внимателни.

На 11 август, Марс влегува во Девица и ќе ви помогне да се организирате во работата. Венера на 16 август влегува во Вага каде ќе ви донесе помош во однос на тимската работа и средување на ситуациите кои претходно се јавија во тимот. Успех ги очекува оние Јарци кои се  занимаваат со невладини организации, јавност и дизајн. Во тој период, Меркур прави конјункција со Марс па ви носи дополнителна поддршка.

На 18 август ќе имате голема промена за некаква драстична промена, но не правете ништо претерано импулсивно. На 19 август, секое вложување ќе ви се исплати, а ако имате план да отворите нов бизнис во текот на август, ова  е ден кој е совршен за тоа.

Невработените Јарци ќе добијат шанса да се вработат во областа на забавата, јавноста, дизајн, здравство, архитектура и градежништво.

Љубов

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи променливо расположение, неочекувани промени во плановите и несогласувања во однос на вашите заеднички цели. Вие ќе имате различни приоритети во однос на оние на саканата личност. Сепак, за среќа вториот дел од август носи подобар период и стабилност. Ќе бидете посветени еден на друг и ќе бидете поддршка.

Особено негативна ситуација може да се случи околу 9 август кога вистината ќе биде извадена од контекст и нешто што сте кажале да биде употребено против вас. Потрудете се да бидете јасни и отворени колку што можете, а веќе на 16 август доаѓа можност да ја средите таквата ситуација.

Ако сте слободни, во текот на првата половина на август ништо значајно нема да ви се случува. Ќе наидувате на личности кои ќе ви делуваат млако, површно или празно. Но, вториот дел од август ви носи средба со една практична и комуникативна личност која доаѓа од странство или ќе ја запознаете на некое патување. Иако ќе бидете повеќе наклонети кон авантура, големи се шансите да започнете и врска.

Младата Месечина настапува во вашата осма куќа на смрт, секс и трансформации. Некогаш сте критични кон себеси, но и кон другите, но оваа месечина бара од вас да се опуштите и да излезете на љубовен состанок. Не го избегнувајте тоа.

На 19 август, планетата на романсата Венера влегува во Вага и иако некогаш сакате да сте сами, ова е период кога ќе посакувате да влезете во врска.

Некои Јарци ќе запознаат личност со која ќе имаат многу заеднички интереси, а меѓу вас ќе се јави обострана симпатија.

Здравје

Неповолните аспекти на Меркур кој владее со вашето поле на здравје со Сатурн и Уран во првата половина на август ви носат тегоби во делот на коските и зглобовите, како и опасност од падови. Можно е и да бидете подложни на стрес.

Водолија 21.1.-19.2.

Работа

Меркур и Сонцето прават конјункција на самиот почеток на месецот и ви носат можност за нова голема соработка, потпишување на важен договор и голема заработувачка. Можни се потешкотии на самиот почеток, но бидете истрајни бидејќи успехот е ваш и ќе дојде во текот на месецот.

Опозицијата на Венера со Нептун ќе влијае на вашиот платен промет, па избегнувајте големи вложувања и задолжувања. Меркур влегува во Девица на 11 август каде е стабилен и силен, а тоа ќе ви помогне подобро да се организирате во работата. Венера влегува во Вага на 16 август и ви носи стручна поддршка онаму каде тоа ви е потребно. Во третата декада на август, Меркур и Марс прават тригон со Уран и ќе ви донесат можност некои проекти да ги завршите пред роковите и да се чувствувате посигурно. Тригонот на Венера со Сатурн ви носи успех особено ако сте активни на полињата поврзани со менаџмент, туризам, образование и транспорт.

Невработените Водолии ќе добијат можност да се вработат во областите со комуникации, модерни технологии, образование, финансии и право.

Љубов

Вашите врски ќе станат многу интересни овој месец. Младата Месечина на 8 август настапува во вашата седма куќа на партнерства, па ќе се потрудите да ја подобрите динамиката со другите, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Потребни се двајца за танго, па затоа изберете ја најдобрата личност за вас.

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи сериозни несогласувања со саканата личност, особено поради големите разлики во вашите желби и очекувања. Можни се проблеми и конфликти и со членовите на семејството.

На 9 август, можно е да разговарате за слободата и некои граници во вашата врска, но потрудете се тоа да биде  јасно за да не биде погрешно интерпретирано од другата страна. За среќа, тоа е ден и кога Венера влегува во вашата спонтана деветта куќа, што ви носи поавантуристички пристап кон љубовта.

Сонцето во втората половина на август прави опозиција со Јупитер што дополнително ќе ги искомплицира веќе напнатите односи со партнерот, па ќе изгледа како двете страни да се борат за доминација во врската. Можни се тешки зборови во овој период.

Ако сте слободни, во првата половина на август можно е да запознаете личност која ќе проба да ви се наметне, а и со тоа да ве оддалечи од себе. Иако ќе имате повеќе слични кандидати во текот на месецот, во третата декада на месецот ќе запознаете некој кој вистински ќе ве привлече.

Можен е почеток на врска околу 19 август кога ќе бидете забележани од другите и ќе блескате со неверојатна самодоверба. Со полната Месечина на 22 август ќе имате силно чувство кои сте и што сакате и тоа може да ви помогне да манифестирате вистинска личност до себе или да сфатите дека треба да задржите некој блиску до себе. Сето ова ве подготвува за интензивна сезона на Девиците која настапува на 23 август.

Некои Водолии ќе бидат недостапни за другите и целосно затворени, но ќе ги привлече интелигентна личност која брзо ќе ја засакаат.

Здравје

Првиот дел од август ви носи нестабилно здравје, особено ако имате хронични тегоби. Ќе имате проблеми со коските, кичмата и зглобовите, а можни се и кардиоваскуларни проблеми. Пробајте да го контролирате крвниот притисок и да не излегувате на топло без потреба.

Риби 20.2.- 20.3.

 

Работа

Ова е месец кога ќе се чувствувате особено продуктивно. Овој месец почнува со неверојатна можност да воспоставите нови рутини. Младата Месечина на 8 август престојува во вашата шеста куќа на работа и здравје, помагајќи ви да донесете квалитетни одлуки.

Во првата половина од месецот, Сонцето и Меркур прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран што ќе ви донесе тешкотии и замки од страна на конкуренцијата. Со особени тешкотии ќе се соочуваат Рибите кои работат на полињата поврзани со здравство, сообраќај, трговија и здравство.

Меркур и Марс прават конјункција на 19 август носејќи во можност да ги продолжите важните преговори и да ги заклучите успешно. Ќе имате успех во областите поврзани со комуникација и трговија. Тригонот на Венера со Сатурн ќе ви донесе и заработувачка преку здравство и тајни извори на финансирање.

Невработените Риби ќе добијат можност да се вработат во својата струка.

Љубов

Ако сте во врска, на почетокот на месецот доаѓа до заладување на односот со саканата личност бидејќи можно е да биде откриено нешто што тие го криеле од вас. Венера прави опозиција со Нептун, што дополнително ќе ви донесе откривање на некои тајни, а може и врската да ја донесе до прекин. Сепак, советот е да не носите нагли одлуки и да размислите добро пред секој свој потег.

Поврзани објави

На 9 август ќе ви биде тешко да ја прочитате другата страна и ќе се борите со тоа да го искомуницирате тоа како што сметате дека е најдобро.

Меркур кој владее со вашето поле на љубовта на 11 август влегува во Девица што ќе спречи раскинување на врската и оддалечување од саканата личност. Ќе успеете да најдете компромис и да си покажете еден на друг колку си значите.

Ако сте слободни, првата половина од месецот ви носи можност за тајна врска, но бидете внимателни. Таа личност ќе ве привлече силно, но нема да биде слободна. Би било добро ако успеете да ја прекинете врската до крајот на месецот, бидејќи неочекувано можете да сретнете интересна личност која повеќе ќе ви одговара.

На 16 август можно е да посакате авантура или да ви се доближи некоја површна личност, но важно е да бидете сигурни дека тоа е она што го сакате. Страста е на особено високо ниво околу 18 август кога ќе бидете и неодоливи за другите, а тогаш Меркур ги здружува своите сили со Марс во вашата седма куќа на партнерства и ќе почувствувате нешто многу силно за една нова личност во вашиот живот.

Околу 22 август со полната Месечина во Лав обрнете внимание на тоа што ви го кажува вашата интуиција, а на 23 август со почетокот на сезоната на Девиците подгответе се за љубов од соништата. Некои Риби ќе бидат неодлучни во поглед на личност која ги привлекува, но ќе се откажат кога ќе дознаат некои ситни детали кои ќе им пречат.

Здравје

Опозицијата на Меркур и Сонцето која минува низ вашето поле на здравје со Сатурн ви носи силна чувствителност на стрес, покачен крвен притисок и проблеми со дишењето. Потребно е добро да одморите и да поработите на подобрување на вашето здравје и елиминирање на стресот.

Овен 21.3-20.4.

 Работа

Сонцето и Меркур прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран во првата декада од август. Овие аспекти можат да донесат тешкотии на полето на финансиите, а голема е веројатноста дека ќе бидете склони и кон непромислени ризици поради кои би можеле да претрпите загуби. Односите со соработниците ќе бидат исто така комплицирани, па можно е да дојде и до прекин на некои соработки па дури и конфликт. Бидете внимателни како ќе реагирате на сето ова и пробајте да не кажувате зборови за кои ќе зажалите. Август не е месец во кој треба да земате кредит.

Можно е да се соочите со проблем со фокусот и концентрацијата на 9 август кога Венера прави опозиција со Нептун, па така ова е ден кога ќе сакате да избегате од реалноста и да сонувате. Не преземајте значајни обврски и сериозни состаноци, туку направете го само она што треба да се направи.

На 11 август, Меркур влегува во Девица каде ќе биде силен и ќе ви донесе нови понуди, особено ако работите на полето на услугите. Вашите односи на работното место ќе се стабилизираат а одлична соработка ги очекува оние Овни кои работат на полето на јавноста и комуникации. Ако се занимавате со право или работите со клиенти, ќе бидете многу барани во текот на овој месец.

Меркур прави конјункција со Марс на 19 август и ви носи храброст за нови потези, поврзани со услуги, механика и фармација. Тогаш, ќе се чувствувате особено продуктивни и подготвени да ги реализирате своите идеи. Ќе можете и да се фокусирате на повеќе работи одеднаш и да бидете суперѕвезда на работното место. Сонцето на 20 август прави опозиција со Јупитер па можно е да ја изгубите поддршката од важна личност.

Сезоната на Девиците започнува на 23 август активирајќи ја вашата шеста куќа на здравје и работи поврзани со домот, па ќе добиете можност да се фокусирате на попрактични цели.

Невработените Овни ќе бидат во можност да се вработат во својата струка.

Љубов

Како што започнува топлиот август ќе ја чувствувате жештината на страста н ова поле. Тоа особено ќе биде интензивно за време на младата Месечина на 8 август, која настапува во вашата петта куќа на креативност помагајќи ви да се изразите без оглед на тоа дали имате партнер или сте во потрага по нова личност.

Ако сте во врска, Венера во првата декада на август прави тригон со Уран и ви носи остварување на плановите и нов пристап кон саканата личност. Тоа ќе и помогне на вашата врска, но опозицијата на Венера со Нептун на 10 август од вас бара да ги избегнете тајните и лагите од саканата личност.

На 16 август Венера влегува во вашата седма куќа на партнерства носејќи ви големи прашања особено доколку не сте во дефинирана врска или пак сакате односот да го поткренете на едно повисоко ниво.

Во вториот дел од месецот, саканата личност ќе ви го пружи најдоброто од себе поради присуството на Венера во хармоничната Вага. Сепак, најважно е да не пробувате да ги вовлечете другите во вашите драми во текот на месецот и да не носите нагли одлуки. Не размислувајте за лошите искуства од минатото, туку водете се од тоа што го имате со оваа личност покрај вас.

Ако сте слободни, почетокот на август ви носи средба со личност која е поинаква од оние кои ги познавате, како по својот стил така и со своите ставови. Ќе бидете привлечени од нивната оригиналност и отвореност кон нови искуства. На почетокот ќе ви делува како сето тоа да е минлива авантура, но вториот дел од август ви носи почеток на врска со оваа личност и двајцата ќе се чувствувате заљубено и исполнето.

Некои Овни ќе бидат изненадени од вниманието од личност која изненадено ќе влезе во нивниот живот, па на почетокот нема да знаат како да се постават. Но, сето ова има потенцијал да премине во убава и хармонична врска.

На 19 август со опозицијата на Сонцето со Јупитер, ова е совршен ден за нова љубов и нови луѓе во вашиот живот. Со полната месечина на 22 август веќе ќе имате појасна перспектива кого сакате покрај себе, но и ќе бидете подготвени да го дадете најдоброто за една посебна личност во вашиот живот.

Здравје

Првиот дел од месецот ви носи проблеми со зглобовите, па затоа избегнувајте да се оптоварувате. Избегнувајте студени пијалоци и хранете се поздраво. Вториот дел од месецот ви носи стабилно здравје и подобро расположение.

Бик 21.4- 20.5.

Работа

Ова е важен месец за вас, па подгответе се за тоа. Вашиот августовски хороскоп започнува со младата Месечина на 8 август, која ја погодува вашата четврта куќа на иднина, помагајќи ви да се фокусирате на вашите долгорочни цели, но и на уредување на домот или промена на живеалиштето. За некои Бикови можно е и унапредување, или промена на работното место за подобро. Го заслужувате она што доаѓа во вашиот живот.

Меркур и Сонцето прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран што може да донесе непромислени одлуки и проблеми особено на долгорочните проекти на кои работите. Можно е и доцнење на роковите, а тоа може да се одрази и на вашиот углед во работата и финансиската ситуација. Ќе наидувате на притисок од страна на надредените. Вашите идеи и начинот на којшто пристапувате на работата нема да бидат прифатени, а тоа може да ви предизвика стрес, но треба да сфатите дека оваа ситуација е минлива.

На 11 август, Меркур влегува во Девица каде е стабилен,а  со тоа ви носи и можност за стабилизација на односите на работа. Венера влегува во Вага на 16 август и ви носи успех во областите поврзани со услуги, како и можност за нови договори.

Конјункцијата на Меркур и Марс на 19 август ќе ви донесе можност за нови проекти кои можеби ќе бидат ризични за почеток, но исплатливи на долг рок. Ќе се насочите кон нешто големо, а ќе имате храброст како никогаш досега. Меркур и Марс во третата декада на август прават тригон со Уран и ви носат успешна реализација на нови идеи кои ќе ја унапредат вашата работа. Успех ве очекува и во областите поврзани со менаџмент, забава, ИТ индустрија, програмирање и угостителство. Со влегувањето на Сонцето во Девица на 22 август можно е да добиете унапредување или некаква висока позиција. Ова е ден кога и полната Месечина ја погодува вашата професионална десетта куќа, што ќе направи да размислите што е тоа што го посакувате з себе на ова поле.

Во текот на месецот можно е да добиете помош од ментор или успешен соработник, кој ќе ви помогне да ги остварите своите амбиции. Работите се стабилизираат полека на ова поле за вас, па само треба да се водите од своите вредности, без оглед на тоа што се случува на ова поле.

Невработените Бикови ќе добијат можност да се вработат во областа на козметиката, дизајн, ИТ индустрија и менаџмент.

Љубов

На 9 август, романсата е во воздухот па ќе бидете подготвени да го отворите своето срце, без оглед на тоа дали сте сами или во врска.

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи мали, но минливи проблеми во врската. Ќе бидете притиснати од работата и тоа може да доведе тензии од двете страни. Потрудете се да ги прилагодите околностите и она што е важно да го решите со разговор,  а имајте ги и на ум ветувањата кои и ги давате на саканата личност.

Конјункцијата на Марс и Меркур во втората половина од август ви носи повеќе динамика во емотивната врска, важни и конструктивни разговори со саканата личност и остварување на заедничките цели. Тригонот на Марс со Уран ќе ви донесе промени кои долго ги посакувате во врската.

Некои Бикови ќе ја прекинат врската која не функционира за нив и иако тоа ќе ви изгледа тешко, сепак отвора можност за нова љубов во вашиот живот. Но, дури и да запознаете нова личност, не дозволувајте брзоплето да влезете во нова или пак паралелна врска, бидејќи тоа ќе ви ги збрка мислите.

Ако сте слободни, почетокот на август ви носи потреба да се одморите и да бидете сами. Едноставно ќе ги игнорирате повеќето луѓе кои ќе се трудат да ви се приближат. Вториот дел од месецот ви носи запознавање со личност која е комуникативна и која ви делува интересно. Ќе уживате во заедничките разговори и активности, а иако на почетокот сето тоа ќе ви делува како интересно пријателство, мошне брзо ќе започнете врска со таа личност.

На 9 август можно е да запознаете посебна личност, а веќе до 16 август кога Венера влегува во вашата практична шеста куќа, да знаете дали тоа е вистинската личност за вас. Венера влегува во Вага на 16 август кога ќе почнете да забележувате одредени аспекти кои не функционираат во вашиот живот и ќе посакате да направите промени за подобро. Доколку дојде до промени на ова поле, тие ќе бидат позитивни.

Ќе се чувствувате особено поетични и романтични на 18 август, па ви препорачуваме овој ден да не го минувате затворени дома.

Здравје

Првата половина од топлиот август ви носи чувствително здравје. Ќе бидете подложни на стрес и психосоматски проблеми, како и варирање на крвниот притисок и главоболки. Но, за среќа вториот дел од месецот носи подобро здравје. Ќе се движите повеќе и кондицијата ќе ви биде на солидно ниво.

  

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа

Сите знаеме колку сакате да комуницирате, па со младата Месечина на 8 август и нејзиниот престој во вашата трета куќа на комуникација, ќе бидете особено успешни во тоа како комуницирате со другите околу вас. Ќе успеете да разговарате отворено, но и да ги слушате другите и да ги смените своите перспективи.

Сепак, со опозицијата на Венера со Нептун, можно е да се соочите со мала збунетост во однос на вашите цели на 9 август. Ќе посакате сигурност и ќе се запрашувате како да го постигнете тоа.

Меркур и Сонцето прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран, што може да ви донесе тешкотии во преговорите околу новите активности. Другата страна ќе се поставува тешко и комплицирано кон вас па нема да ви биде едноставно да се носите со предизвиците. Можно е да дојде и до прекин на некои преговори и соработки. Тешкотии ве очекуваат и во организација на работните задачи, во сообраќајот, комуникацијата и работните состаноци. Ако сте планирале одмор во овој период, можно е работата да ви влијае на тоа дури и да решите да заминете некаде.

Но, Меркур влегува во практичната и организирана Девица на 11 август што ќе ви помогне подобро да се организирате и да ги решите проблемите. Венера на 12 август прави тригон со Плутон и носи подобрувања во платниот промет.  На 16 август, Венера ќе влезе во Вага што ќе ги подобри вашите креативни способности, а особен успех ги очекува оние Близнаци кои се занимаваат со дизајн и маркетинг. На крајот на месецот, тригонот на Венера со Сатурн ви носи стабилна заработувачка ако работите на полето на недвижностите, финансиите, образованието и туризмот.

Невработените Близнаци ќе добијат можност за нова работа во областите забава, дизајн, сообраќај и комуникации, но и хонорарна работа која ќе се покаже како многу исплатлива.

Љубов

На 16 август за вас доаѓа најсекси денот во годината кога ќе се чувствувате многу привлечно и посакувано, па никако не треба да останете дома.

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур со Јупитер во првата половина од август ви носи недоразбирања со саканата личност по повеќе прашања. Ќе имате различни ставови, но и потреби и ќе се однесувате како да се движите во две различни насоки. Важно е да бидете подготвени за компромис.

На 18 август, Меркур и Марс ги здружуваат силите во вашата четврта куќа на дом и семејство, што може да донесе мали тензии на површина особено за оние работи кои ги потиснувавте досега. Бидете внимателни како им пристапувате на конфликтите и како комуницирате со другите.

Сонцето во вториот дел од август прави опозиција со Јупитер, што ќе ги искомплицира дополнително несогласувањата со саканата личност. Овој пат, можно е проблемите да се интензивираат поради буџетот или плановите за патување.

Ќе чувствувате потреба да минувате време со семејството во кое ќе најдете разбирање и стабилност. Вашите блиски ќе се одушевуваат со топлината и желбата за заедничко време.

Ако сте слободни, можно е да се трудите да им го украдете вниманието на личности кои се незаинтересирани или зафатени, а тоа ќе ви донесе мало разочарување на ова поле. Излегувањата и комуникацијата со другите луѓе ќе ви бидат напорни, па некогаш ќе избирате да останете дома. Некои Близнаци ќе се одлучат за минлива авантура со личност која не ги привлекува премногу. Можно е и да ве збуни личност која нема да знае што точно сака, па затоа не се објаснувајте себеси и не реагирајте брзо.

На 22 август, со полната Месечина и сезоната на Девиците, ќе имате потреба од сигурност, па ќе посакате да останете дома сами. Нема ништо лошо во тоа.

Здравје

Здравјето ќе биде добро и стабилно во текот на целиот август. Ќе ви годат летни спортови, како пливање, кајак и активности во природа.

 

Рак 22.6-22.7.

 

Работа

Август почнува со млада Месечина во вашата втора куќа на финансии, носејќи ви неочекувана добивка и среќа на ова поле.

На 9 август, Венера прави опозиција со Нептун, носејќи ви мал проблем поврзан со недоразбирање и погрешно сфаќање на фактите. Ова не е време за големи ветувања ниту пак за зборови за кои можеби ќе зажалите подоцна. Вистината лесно може да биде извадена од контекст па затоа бидете внимателни.

Меркур прави конјункција со Сонцето на почетокот на август и ќе ви донесе можност за нови инвестиции кои ќе ви се исплатат во иднина. Во првиот дел од август, Меркур и Сонцето ќе прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран, а тоа ќе ви донесе застој и тешкотии во платниот промет. Некои важни трансакции ќе доцнат, а важно е да избегнувате да се задолжувате и да влегувате во кредити. Можни се и несогласувања со соработниците, но и тешкотии и застој во тимската работа.

Меркур на 11 август влегува во знакот Девица што ќе ви овозможи подобро да се организирате и да ги завршите задачите. Ќе започнете нови преговори кои ќе бидат успешни, а особен успех ги очекува Раковите кои работат на полето на комуникациите и трговијата. Венера на 16 август влегува во знакот Вага каде е силна и носи успех и во приватните бизниси.

Конјункцијата на Марс и Меркур на 19 август ќе ве насочи кон нови преговори кои ќе ви донесат подобрување на финансиската ситуација, но и успех на долг рок. Одлично ќе им оди на оние кои работат во ИТ секторот. Тригонот на Венера и Сатурн ќе ви овозможи сите рокови да ги завршите на време и да го подобрите платниот промет, а тоа ќе ви донесе и мир и стабилност.

Со сезоната на Девиците на 23 август во вашиот комуникациски сектор, ќе се разбуди екстровертот во вас и ќе блеснете со вашите способности. Лесно ќе ги убедувате другите, ќе преговарате, а и ќе се изборите за она што ви е важно.

Невработените Ракови ќе имаат можност да се вработат во областите поврзани со јавноста и комуникациите, комуникациите, сообраќајот и модерните технологии.

Љубов

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур и Сонцето со Сатурн на почетокот на месецот носи заладување на односите со саканата личност и мало оддалечување. Причина за тоа можат да бидат заедничките финансии. Треба да бидете внимателни и јасно да разговарате, без оглед на причината за ваквата ситуација.

На 18 август, ќе имате огромна потреба да се изразите и да ја кажете вистината. Дополнително, со опозицијата на Сонцето со Јупитер на 19 август  ви носи моќна можност да ја зголемите својата самодоверба. Но, бидете внимателни, бидете сигурно во себе, но некои битки се неважни за да ја трошете вашата енергија на тоа.

Венера прави тригон со Сатурн во втората половина на август што ќе ви донесе повеќе забава, остварување на заедничките цели, повеќе поддршка и стабилност. Партнерот ќе ви ја понуди својата љубов и поддршка, а тоа ќе ви помогне да се справите со сите нешта кои ќе ви ги донесе овој топол месец. Очекувајте и вашата врска да достигне едно повисоко ниво, а тоа ќе ве направи многу задоволни.

Ако сте слободни, почетокот на месецот носи незадоволство во вашиот живот. Ќе почувствувате потреба да отпатувате некаде сами или целосно да се оддалечите од другите. Потребно ви е време и самоанализа за да можете повторно да и оставите простор на љубовта да влезе во вашиот живот.

Со влегувањето на Венера во Вага, љубовта добива централно место во вашиот живот. Потрудете се само да изберете личност која е во ваша близина и во чие друштво ви е убаво.

Можно е запознавање на интересна личност во вториот дел од август но и средба со личност која ви била блиска, а не сте ја виделе одамна. Крајот на месецот за некои Ракови носи личност која е стабилна и која искрено ќе ги покаже своите симпатии кон вас.

На 22 август со полната Месечина во вашата осма куќа на трансформации, точно ќе знаете кој го заслужува вашето внимание и кого сакате покрај себе. Зад себе ќе оставите една приказна од минатото која ви беше важна, но која веќе не заслужува да биде дел од вашиот живот. Осврнете се на поддршката од пријателите и побарајте совет и поддршка за време на полната месечина.

Сезоната на Девиците почнува на 23 август носејќи ви можност да започнете една страствена авантура со интересна личност и да си донесете возбуда во вашиот живот. Бидете сигурни во себе и покажете точно што сакате.

Здравје

Меркур во првиот дел од август прави опозиција со Јупитер кој владее со вашето поле на здравје. Можни се тегоби поврзани со респираторниот систем, па затоа би ви годело да поминете време каде воздухот е чист. Вториот дел од месецот ви носи почувствително здравје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.