ХОРОСКОП: Вашето здравје во мај 2021

Дознајте навреме!

Фото: Pixabay

И овој мецес, нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

ОВЕН

Вишокот енергија кај овните може да предизвика брз тек на воспалителни болести. Посветете повеќе внимание на физичките вежби за исфрлање на непотрошената енергија од телото. Исто така, треба да воспоставите емоционална рамнотежа за да не се чувствувате како да сте на клацкалка и да ја изгубите самодовербата. (Текстот продолжува по огласот)

БИК

Во почетокот на мај, биковите ќе бидат каприциозни и нетрпеливи. Не сте подготвени да ги следите препораките на лекарите или да се занимавате со превенција од хронични болести. Постојано се преиспитувате и се чувствувате уморно. Крајно време е да ги насочите своите ресурси кон наоѓање нов начин на живот.

БЛИЗНАЦИ

Првата половина од овој период луѓето родени во знакот Близнаци треба да ја користат за зајакнување на имунитетот. Важно е да најдете време за одмор – така ќе ви биде полесно да ги издржите тешкотиите. Обидете се да ги откриете причините за вашата несигурност, воздржаност, нервоза и лутина.

РАК

На крајот на мај, расположението и субјективното чувство на раковите ќе бидат многу стабилни. Но поради пролетен замор и неправилна исхрана, може да се појави недостиг од витамини. Неопходна е диета што вклучува живина, морски плодови, млечни производи, овошје, зеленчук, особено зелениште.

ЛАВ

Пролетниот ритам на лавовите придонесува за брза акумулација на вишок тежина, но сега е време за промена на режимот на исхрана, детоксикација, пешачење – сè што ќе ви помогне да се поврзете духовно и физички со себе. Позитивното расположение ќе биде гаранција за добро субјективно чувство.

ДЕВИЦА

Љубомората, зависта и прекумерната навредливост на родените во знакот Девица може да предизвикаат нарушувања во работата на бубрезите, мочниот меур и гениталиите. Бидете љубезни со другите луѓе, тоа ќе има позитивно влијание врз вашето здравје. Најдете време да се забавувате и да се дружите.

ТЕРЕЗИЈА

Кај терезиите е можно нарушување во работата на бубрезите, урогениталниот тракт и жлездите со внатрешно лачење. Ќе бидат корисни топлотни процедури и масажа на лумбалниот предел, како и витамински мешавини. Потребно ви е и повеќе одмор и релаксација за да ја вратите енергијата.

СКОРПИЈА

Нестабилното време влијае негативно на здравјето на скорпиите. Настинките во грлото и труењето со храна се особено опасни. Исто така, можни се проблеми со срцевиот притисок и главоболки. Држењето диета и оптималната физичка активност ќе ви помогнат да избегнете посериозни проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Прекумерниот оптимизам и тенденцијата да се вплеткаат во сомнителни потфати кај стрелците може да предизвикаат нарушување на кардиоваскуларниот систем. Активна физичка работа на свеж воздух е неопходна за превенција. Сè што ќе направите за себе, духовно и физички, ќе придонесе за вашето здравје.

ЈАРЕЦ

Јарците треба да обрнат посебно внимание на работата на гастроинтестиналниот тракт. Не се препорачува да се прејадувате и да навалувате на тешка и ладна храна. Неопходно е во исхраната да се вклучат производи што ја подобруваат цревната микрофлора. Променете нешто друго во вашата рутина.

ВОДОЛИЈА

Повеќето водолии треба да се придржуваат до дневниот распоред – навреме да јадат и да се одмораат. За да се чувствувате добро, потребно е многу да шетате на свеж воздух. Прекумерното ладење на грлото може да предизвика воспаление и засипнатост. Исто така, обидете се да не се препуштите на гнев и бес.

РИБИ

Во овој период кај рибите се најранливи грлото и дебелото црево. За закрепнување се корисни процедури за чистење, кои ќе помогнат да се исфрлат производите од метаболизмот и слузта од телото. Ако е можно, избегнувајте јавни места за да избегнете грип или каква било друга инфекција.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.