Голем месечен хороскоп за јули 2019: Детална прогноза за сите знаци

Јули ќе биде најсреќниот месец во годината за некои знаци, додека, за некои ќе биде малку потежок, но на крајот, промените што ќе се случат ќе бидат позитивни и од клучно значење за вашиот развој. Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите овој месец според вашиот хороскопски знак…

Овен

Љубов и врски

Љубовниот живот на Овните ќе се загрее месецот. Страста ќе ве понесе на незаборавни авантури! Ако сте во брак, ќе ја разбудите страста и ќе излезете од рутината. Ќе бидете неодоливи, шармантни и романтични. Воопшто нема да ви недостига акција, но пресилната страст може да ве доведе во неволји и ризични ситуации, особено по 10.7. Во моментите кога сте најзагреани, внимавајте на вашиот паричник. Можни се потешкотии во комуникацијата и недоразбирања во периодот меѓу 8 и 19.07. Можно е да бидете склони кон давање преголеми ветувања или погрешно ќе ги разбирате пораките од партнерот. Паровите што се подолго време заедно може да очекуваат бројни прилики за остварување хармоничен семеен живот. Некои Овни ќе бидат заинтересирани за постигнување сигурност и стабилност, а други ќе ја покажат својата ранлива страна. Вашиот интимен живот ќе доживее многу успеси поради тоа.

Работа и пари

Време е за промени во вашата кариера, што вклучува кризни моменти и напнатост. Можно е да почувствува притисок и можеби ќе треба да донесете одлуки што се од клучно значење за понатамошниот развој на кариерата. Нема да ви биде лесно да остварите рамнотежа меѓу деловниот и семејниот живот. Соберете храброст, бидејќи нема да можете да го одбегнете тоа. Ќе мора да го преуредите семејниот живот или да преземете нови обврски пред да скокнете во големи деловни проекти. Не брзајте со донесување одлуки и добро размислете за професионалните проекти и долгорочните цели. Ќе мора да се прилагодите на настанатите промени, да ги разработите плановите и да развиете нови стратегии. Анализирајте ги сите можности. Одлуката мора да биде објективна. Можно е да поминете низ материјална нестабилност.

Здравје

Јули ќе ви биде напнат и можно е да се исцрпите порано одошто мислите. Важно е да најдете време за одмор и опуштање. Спа центар и масажа се добра идеја. Кон крајот на месецот, ситуацијата ќе се поправи и повторно ќе бидете оптимистични и полни со енергија.

Совет

Мора да бидете емоционално, психички и физички присутни.

Бик

Љубов и врски

Размислете за начинот на кој покажувате внимание и дознајте што точно сакате. Важно е одвреме-навреме да размислете за тоа каков љубовен живот ве исполнува, какви очекувања имате од сакана личност и што можете да понудите за возврат. Можно е одненадеж да се вљубите или да им попуштите на мрачните страсти, што може да биде проследено со конфликти, љубомора и посесивност. Ако само што сте започнале врска, ситуацијата можеби ќе почне да се развива на непријатен начин, може да дојде до расправии и караници, особено на тема заеднички живот. Одложете го донесувањето какви било одлуки. Ако сте во брак, може да дојде до недоразбирања поради проблемите во комуникацијата, особено на тема организација на семејниот живот, односи со роднините и слично. За среќа, последните денови од месецот ќе бидат подобри, повторно ќе воспоставите доверба и хармонија со саканата личност.

Работа и пари

Важно е да одвоите доволно време за подобро да управувате со финансиите, да ги намалите трошоците. Време е да ги разгледате можностите за подобрување на финансиската ситуација. Ако сакате да позајмите пари или да подигнете кредит, бидете воздржани и одредете ги приоритетите, бидејќи не можете се’ да направите одеднаш. Кога се работи за кариерата, ќе сакате да остварите промени, да донесувате одлики и да се премислувате. Поради неочекувани проблеми, некои Бикови ќе мораат да размислат за подолгорочни професионални планови и акции. Нема да имате избор и ќе мора да го ставите семејството на прво место, барем некое време.

Здравје

Ќе имате немир, желба за комуникација и напнатост поради количината на информации и озборувања што доаѓаат до вас. Поволно е ако имате испит што треба да го положите, бидејќи јули ви носи психичка јасност. Ќе мора да ја покренете вашата ментална сила и да се концентрирате. Ако ви се појавуваат чудни симптоми, воспаленија или некои постари проблеми, побарајте лекарска помош. Разговарајте со луѓето што имаат слични потешкотии.

Совет

Поставете се дипломатски и проширете ја вашата перспектива. Не бидете тврдоглави, бидејќи непотребно ќе си создадете непријатели.

Близнаци

Љубов и врски

Повеќето Близнаци ќе леткаат од цвет на цвет и нема да се впуштаат во нешто сериозно, затоа што нема да сакаат да се откажат од својата слобода. Слободните Близнаци со леснотија ќе привлекуваат внимание и ќе освојуваат со зборови, смисла за хумор и способност да ја попкажуваат својата чувствителна страна. На 17.7 можни се кризни моменти во бракот, но и кај оние кои планираат стапување во брак. Главниот проблем ќе бидат манипулацијата, потребата за контрола или зависност. Може да се работи за интензивна љубовна приказна. Бидете внимателни, бидејќи немарноста и претерувањето ќе бидат казнети од страна на саканата личност, особено по 20.7. Во последната недела од месецот, ќе уживате во пријателските разговори со саканата личност на стари интересни теми што не сте ги спомнувале долго време, но сега ќе гледате поинаку и попозитивно на нив.

Работа и пари

Ве советуваме да бидете посериозни кога се работи за парите со кои располагате. Можни се проблеми со стари долгови, кредити, а и со наследство. Некои Близнаци ќе претераат со трошење пари на луксузни и непотребни работи. Мора да се воздржите и да размислите дали можете и без она што ви го привлекло вниманието. Размислувања за материјалната ситуација кај многу Близнаци може да предизвика драстични потези во кариерата. Ве советуваме да не брзате и да не преземате големи чекори, бидејќи нема да напредувате во овој период. Најдобро е да планирате, трпеливо и без брзање.

Здравје

Ќе бидете под стрес поради грижите за пари и тврдоглавоста. Тоа ќе ја наруши вашата внатрешна рамнотежа и ќе ви влијае врз здравствената состојба особено по 17.7. Не го натрупувајте вашиот распоред, за да бидете поопуштени и посмирени. Имајте на ум дека грижите нема да ви решат проблемите, туку ќе ви го нарушат имунолошкиот систем. Внимавајте во сообраќај.

Совет

Искористете ги информациите со кои располагате, продолжете со старите преговори, но не брзајте со донесувањето одлуки. Не претерувајте со трошење пари.

Рак

Некои врски или бракови ќе достигнат критична точка и ќе мора да донесете важна одлука поврзана со поголеми промени во вашиот живот. Мора да ги усогласите внатрешните потреби со туѓите потреби. Во проблематичните бракови можеби е време за развод. Некои ќе размислуваат за стапување во брак, но јули не е поволен период за донесување такви одлуки. Дури по 17.07 ќе може да видите во каква ситуација навистина сте. Оние што не се во врска ќе сонуваат за врска што ќе заврши со брак, но тоа многу ќе го ограничи вашиот љубовен живот. Сами ќе бидете извор на вашите фрустрации. Ако сте слободни и сакате врска, опуштете се и уживајте во дружбите и новите познанства. Ова не е најдобро време за нова врска. Ве советуваме да не брзате, да ги процените потенцијалните партнери и да ја откриете вашата внатрешна вистина.

Работа и пари

Немојте да зависите од другите и јасно дефинирајте ги вашите потреби, материјални можности и средства за да развиете кариера. Повеќето Ракови ќе заработат многу. Професионалниот успех ќе се одрази преку парите. Оние што среќата нема да ги послужи на таков начин, треба да размислат за промена на работата, насоката, вработените, соработката или начинот на работење. Во овој период одбегнувајте да донесувате одлуки поврзани со пари, бидејќи ви недостига објективност. Од друга страна, поради лошото управување со финансиите, можно е да си помислите дека немате доволно средства. Реалноста е поинаква и ќе имате прилив на пари. Од 08.7 преговорите ќе ви бидат отежнати, па најдобро е да ги одложите.

Здравје

Можно е да се вратат стари симптоми или болести што сте ги лечеле некое време и затоа ви советуваме да направите преглед. Можни се недоразбирања и погрешни дијагнози. За да донесете најдобри одлуки, ќе треба да поминете време во мир и тишина. Можно е да страдате од несоница, но не дозволувајте тоа да ви излезе од контрола и користете смирувачки лекови на природна база.

Совет

Немојте да го изгубите трпението, а чувствителните теми покренете ги дури после 20.7.

Лав

Љубов и врски

Љубовниот живот во јули ќе ви биде полн со предизвици. Ако сте во брак, можно е да се соочите со неочекувани пресврти и притисоци. Ќе посакате да освојувате и да ја разбудите романтиката и страста во вашиот живот. Атмосферата од соништата можно е да ја расипете со себични гестови и потреба да ги наметнете своите идеи. Саканата личност ќе се почувствува како да нема простор да го изрази своето мислење и желби. Одбегнувајте доминантност и себични испади. Така само ќе го загрозите односот со партнерот и ќе го оддалечите од себе. Ако сте во врска на далечина, очекувајте нестабилност и конфликти особено во периодот помеѓу 10 и 13.7. Лавовите што не се во врска ќе живеат во минатото и ќе се присетуваат на старите врски или нема да можат да се помират со тоа што не можат да ја вратат љубовната приказна од минатото.

Работа и пари

Би можеле да си станете својот најлош непријател, кога се работи за управување со приватните средства и групните работни проекти. Преговорите со одредени организации ќе стагнираат, а тоа важи и за оние што  бараат работа во подобра фирма. Искористете ги овие околности за да ги проучите вашите навики за трошење. До 23.7 можеби ќе се чувствувате како да ве искористуваат на работа, како да се жртвувате за работата, како да е таа претешка за вас и не можете да напредувате. Од 17.7 конечно ќе откриете што треба да преземете.

Здравје

Повремено ќе чувствувате притисок, оптоварување и меланхолија. Време е да се помирите со минатото и да се одлучите за поздрав живот. Од 17.7 можни се потешкотии и враќање на старите проблеми. Ќе мора да го смените начинот на исхрана и секојдневните навики. По 23.7 ситуацијата ќе се поправи. Ве советуваме да се посветите на духовноста.

Совет

Бидете прилагодливи и отворени за преговори, бидете пристојни!

Девица

Љубов и врски

Наместо постојано да се присетувате или да ги продолжувате тајните и комплицирани врски, ве советуваме повеќе да се дружите, да запознавате нови луѓе и да се движите. Ќе имате одличен емотивен живот, ако излезете од вашиот тесен круг на луѓе. Можно е да поминете низ криза поради двоумењето дали се работи само за пријателство или за нешто повеќе. Не брзајте со барање потврда за љубов или со реагирањето на нечија потврда, ако не сте сигурни во вашите чувства. Најдобро е да си дадете време за да размислите. Ако сте во врска, внимателно и трпеливо проценете дали таа врска може да биде долгорочна. За среќа, ќе добиете реален поглед на работите и ќе донесете објективни одлуки, иако можеби ќе биде тешко и болно.

Работа и пари

Ќе размислите за работата, долгорочните работни проекти и односот со надредените. Размислете дали си ја сакате работата и дали ја вршите со задоволство, какви ви се колегите и дали сте задоволни со тоа што сте го постигнале, како и со материјалната добивка. Истовремено, размислете и за проектот што сте го ставиле на страна. Лесно ќе дојдата до пари преку групни проекти, соработки со пријатели или со наоѓање работа во поголема фирма. Може да заработите со рекламирање на работата преку Интернет, со изработка или подобрување на веб-страници. Проценете кои проекти вредат и носат придобивки, а кои само ви одземаат време. По 10.7 можно е да имате проблеми со некој заем, долг или кредит, но ќе го решите тоа до крајот на месецот.

Здравје

Би требало да ги намалите работните часови и да одвоите време за одмор. Помирете се со работите од минатото. Често ќе имате потреба од самотија. Оние што имаат стари здравствени проблеми, ќе мора да одат на терапија. Без оглед на ситуацијата, не дозволувајте да ве обземе страв и не брзајте со донесувањето одлуки.

Совет

Соработките со луѓе од странство може да станат нестабилни и неисплатливи.

Терезија

Љубов и врски

Месецов Терезиите ќе имаат потреба да вежбаат или повторно да ја откријат својата заводлива страна, ќе копнеат по авантури и возбуди, ќе бидат ѓаволести и склони кон флертување. Ќе имаат проблем оние што ќе се вљубат во вас, а вам ви е само до заведувања и игри. Во такво сценарио очекувајте непријатност и компликации. Нема да барате авантура, но многу лесно може да се сплеткате со некој од вашето опкружување, тој би можел да се разочара поради неисполнетите очекувања. Можно е и сами да паднете во вашата замка и силно да се вљубите во некого. Имајте на ум дека врските што почнуваат во јули, немаат големи шанси да станат стабилни и трајни. Ако сте во брак, ова е поволен период за вас, бидејќи ќе ја обновите довербата, особено ако постојат стари сомнежи или несогласувања. Повторно ќе се зближите, ќе најдете заеднички решенија, повторно ќе ја откриете интимата и страста, ќе станете пријатели. Саканата личност можно е да биде склона кон незгоди месецов, затоа чувајте ја!

Работа и пари

Можеби ќе треба да донесете важни одлуки во втората половина од месецот, а можеби ќе дојде и до отказ. Значајните промени ќе бидат видливи и во организациите што ви се важни, ако сте дел или лидер на нешто такво. Ако сакате лидерска позиција, работите не се толку едноставни и ќе мора да вложите повеќе труд за да покажете подобри резултати. Во вториот дел од месецот, понудите нема да бидат задоволувачки и нема да бидете задоволни од примањата. Внимавајте на начинот на кој управувате со парите, особено по 9.7. Добро би било да штедите, бидејќи месецов ќе имате непредвидени трошоци околу домот. По 17.7 ќе ви биде појасно кои инвестиции се исплатливи, а кои ќе треба да ги одложите.

Здравје

Можни се грижи за иднината, особено на професионален план. Ќе чувствувате недостиг на енергија, ќе бидете неодлучни и раздразливи. Ќе барате друштво за да се опуштите и да си ги тргнете мислите од грижите и фрустрациите. Пријателите можат да ви дадат добри совети и да ви помогнат да ги видите сите можности. Не дозволувајте да ве изнервираат работи што не ве допираат лично. Добро е да се концентрирате на долгорочните промени.

Совет

И покрај пресвртите во вашиот живот, задржете ја смиреноста и дипломатскиот став. Во комуникацијата бидете отворени и добри слушатели.

Скорпија

Љубов и врски

Љубовниот живот на Скорпиите овој месец ќе биде многу возбудлив. Ќе се соочите со многу пресврти, особено по 9.07. Ве советуваме да излезете од рутината и удобната зона и да го истражите вашиот љубовен живот на нов начин. Одлучете се за патување за двајца, посетувајте заедно музеи, театри  и слично. Слободните Скорпии ќе привлекуваат странци, поинакви култури или премногу ќе го идеализираат љубовниот живот. Во периодот од 16 до 22.07 љубовниот живот може да стане напнат. До проблеми ќе дојде поради различното мислење. Бидете прилагодливи и немојте самите да се ограничувате, заборавете на потребата да контролирате се’ и пробајте нешто ново. Ако сте подолго во врска што не функционира, можеби треба да размислите за развод. Старите тајни и проблеми може да испливаат на површина.

Работа и пари

На сите ќе им ги покажете вашите вештини, напорно ќе работите и ќе имате доволно храброст за да напредувате во кариерата. Вашиот труд ќе биде воочен, но внимавајте, немојте да станете егоистични и немојте да реагирате на љубомората и трачевите околу вас. Можно е да бидете унапредени на работа. Некои од вас дури сега ќе сфатат дека некои соработки не се повеќе добри. Би било добро да ги разгледате плановите за идните акции и проекти и да ги процените средствата со кои располагате. Може да дојде до застој кога се работи за документи и пари. Не е поволен период за заеми или подигнување кредити за да ги покренете планираните проекти. Најпрво исплатете ги сегашните долгови. Бидете внимателни, бидејќи можно е парите само да ви пројдат низ раце, без да ви остане нешто.

Здравје

Ако сте исцрпени, уморни и песимистични, саканата личност или некој близок може да ви помогне да го вратите оптимизмот и да го промените погледот кон својот живот. Ве советуваме да не преземате непотребни ризици. Најдоброто од себе ќе го покажете без агресивно однесување.

Совет

Внимавајте на сообраќајот, ако полагате испити или ако мора да донесете важни одлуки поврзани со иднината.

Стрелец

Љубов и врски

Ова е поволен период за да си го подобрите љубовниот живот, така што размислете за обврските, за начинот на кој ја гледате саканата личност и за вашите ставови и однесување. Во периодот од 8 до 19.07 можно е да дојде до конфликти од принцип и саканата личност ќе се чувствува оддалечено од вас. Можеби планирате заедничко патување што ќе морате да го одложите, а тоа ќе ви го расипе расположението. По 19.07 на површина може да испливаат чувствителни теми, како што се верноста, довербата, посесивноста, контролата и манипулацијата. Саканата личност можно е да минува низ тежок период, емоционално или финансиски. Ако бидете трпеливи, отворени и покажете разбирање, можеби ќе се изненадите од позитивниот пресврт во последниот дел од месецот. Слободните Стрелци ќе бидат романтични и ќе бараат авантури. Ќе привлекуваат образовани луѓе или интелектуалци кои ќе ги поттикнуваат да бидат покреативни, но и емотивни. Можеби ќе запознаете некој од странство. Ако барате љубов, ве советуваме да бидете внимателни, бидејќи знаете да преземете на себе преголем товар.

Работа и пари

Можни се промени во деловниот живот. Ова е поволен период за анализа, инвестиција, преговори и разработка на работните планови. Време е да ги соберете парите што ви ги должат и да ги исплатите вашите долгови. Некои може да се соочат со проблеми поради недоволно средства за вложување во саканите проекти, а некои може да добијат отказ. Ќе се соочите со разни неповолности и напнатост, но ваквите околности носат нови прилики за нов почеток и за наоѓање нов извор на пари. Ако планирате да побарате покачување на платата, ова не е вистинското време за тоа. Надредениот би можел уште повеќе да ве натрупа со работа. На работа можна неповолна и напната атмосфера особено од 10 до 13.07, но тоа не значи дека е добра идеја одеднаш да дадете отказ.

Здравје

Имате многу енергија, но ако не ја насочите правилно, може да ја потрошите на разни конфликти и на раздразливост. Вежбајте и минувајте време во природа, можеби на велосипед. Вишокот енергија потрошете го на конструктивен начин, а не на деструктивен. Во тој случај, можни се незгоди и ментална исцрпеност.

Совет

Немојте ништо да туркате на професионално поле, бидејќи нема да успеете, работите нема да одат онака како што сакате. Можно е да ја изгубите позицијата на која сте сега.

Јарец

Љубов и врски

Односите со другите нема да бидат едноставни во текот на јули, најверојатно затоа што вие не сте во складност со самите себе. Финансиските проблеми може да предизвикаат недоразбирање со саканата личност, а Јарците кои се во процес на развод може да минуваат низ ноќна мора поради поделбата на добрата. Можно е и саканата личност да минува низ тежок период, па ништо да не и’ се допаѓа, ништо да не и’ одговара, да не сака и да мисли дека ја ограничувате. Конфликтите со саканата личност може да станат интензивни и непријатни, но ќе ве натераат да се соочите со себе, со проблемите и повторно да ги одредите приоритетите. Ќе треба да најдете рамнотежа меѓу вашите потреби и потребите на саканата личност. Ако барате нова љубов, можно е да запознаете интересна личност, која е романтична, која е сериозна и која не се интересира за флертови.

Работа и пари

Ќе мора да прекинете некои соработки. Ќе се соочите со напнатост, кризи, збунетост и недоразбирања, најмногу во втората половина на месецот. Периодот меѓу 3 и 28.-07 е поволен за соработки. Со други зборови, ќе имате помал успех ако работите самостојно на индивидуални прокети. Ако сте вработени, внимавајте како се однесувате кон соработниците и надредените, бидејќи по 20.7 односите би можеле да станат напнати. Бидете отворени, прилагодливи и соработувајте. Не е поволно време за заеми и кредити, иако сметате дека тоа ви е потребно за да го развиете бизнисот. Може да вложувате со помали суми. Размислите за инвестиции во квалификации, специјализација и слично.

Здравје

Би требало малку да забавите, да одвоите време за опуштање и време за себе. Ако сте уморни, побарајте совет од стручно лице. Одбегнувајте секакви претерувања. Стресот и незадоволството немојте да се обидувате да ги ублажите со претерување со храна, пушење или алкохол.

Совет

Колку и да ви делуваат работите комплицирани, немојте да се затворате. Разговарајте и преговарајте, бидејќи тоа е најдоброто нешто што можете да го направите во ваков период.

Водолија

Љубов и врски

На потенцијалните партнери ќе им праќате противречни сигнали, а можеби и вие нема да ги разбирате туѓите намери. Добро би било да не избрзувате со создавање заедница, ако сте во неофицијална врска. Внимавајте што зборувате. Разговорот со семејството може да ви помогне. Овој период е најповолен за оние што се во брак и тие може да размислуваат и за принова. По 23.07 работите ќе се подобрат. Сепак, ќе мора да се потрудите повеќе од вообичаено. Ако сте слободни, нема да ви биде лесно да влезете во врска. Некои ќе се оптоваруваат со минатите врски во кои би сакале да се вратат, но тоа не е возможно.

Работа и пари

Ова е поволен период за нов професионален проект, иако тоа нема да помине без возбудувања, напнатост, игри и влијанија. Можеби дури сега ќе ви станат јасни намерите на некои колеги и соработници. Ако имате сопствен бизнис, ќе мора да бирате меѓу вработените или да отпуштите некои, што ќе биде стресно и извор на конфликти. Може да дојде до недоразбирање со деловните партнери или ќе откриете дека имате непријател таму каде што најмалку сте очекувале. По 17.07 некои Водолии ќе се одлучат за промена на насоката во кариерата. Ако сте во соработка од која сакате да излезете, сега ќе имате можност за избор или подела на средствата.

Здравје

Ќе имате доволно сила и енергија за да се справите со уморот и слабоста. Колку и да сте под стрес и немотивирани, ќе најдете внатрешна сила и решение на проблемите. Најдобро би била да не копате многу по минатото, туку да извлечете поука од претходните искуства и да гледате кон иднината. Бидете внимателни во сообраќај.

Совет

Месецов очекувајте многу ривалства и натпревар меѓу колегите и на работа, но со смиреност и отворена комуникација ќе имате најголем успех. Одбегнувајте агресивен пристап кон другите, колку и да мислите дека сте во право.

Риби

Љубов и врски

Ќе зрачите со нежност и романтика. Вашиот љубовен живот може да почне отпочеток. Ако сте во врска што има потенцијал, може да влезете во нова фаза, односот ќе стане пострастен и подлабок. Може да процути нова романса, додека на лошите врски им се ближи крајот, зависи во каква ситуација сте. Бидете внимателни. Дајте си време за да ги спознаете вашите нови емоциите и да бидете сигурни во она што го чувствувате кон некого. Паровите што се подолго заедно можно е да излезат од рутината во текот на јули и повторно да го најдат патот кон поголемата блискост, разбирање, обострана доверба и страст. Би требало да имате побогат социјален живот иако тоа може да предизвика краткотрајна љубомора. Ова е поволно време за да ги разгледате правилата по кои вашиот брак функционира или заедничките обврски.

Работа и пари

Внимавајте на старите гласини што ќе испливаат на површина по 10.07 и поради кои може да дојде до конфликт на работа. Внимавајте како разговарате со другите, бидејќи можете да создадете непријатели и уште повеќе проблеми, наместо да ги решите постоечките. Ако постои некоја недовршена работа, а партнерството се раскинало, ништо нема да постигнете на сила, ниту ќе добиете пари. Некои Риби ќе се грижат за финансиската ситуација. Размислете за сериозни промени на работата, за преквалификување или за почнување свој бизнис. И понатаму ќе бидете оптимистични и отворени за нови можности. Кон крајот на месецот можно е да ги добиете парите  што сте ги позајмиле некому или барем да договорите компензација.

Здравје

Добро би било да одвоите време за себе и да направите некои рутински прегледи, особено ако имате стари потешкотии или сте занемарувале некои симптоми. Ова е одлично време за да го смените начинот на живот, навиките и исхраната. Повеќе посветете се на себе, а по 19.07 би требало да си поставите рекреативни цели, да продолжите со хобито што ве прави среќни и сериозно да се запрашате што ви причинува задоволство.

Совет

Пријателите може да бидат чувствителна тема во текот на јули. Пред да обвините некого, размислете што имате да понудите, наместо што очекувате да добиете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.