ДЕТАЛЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ-2020: Во животот на три знаци доаѓа драматична и неочекувана љубовна приказна

Фото: Getty Images

ТЕРЕЗИЈА

Здравје

За да избегнете нервна напнатост и влошување на хроничните заболувања, неопходно е редовно да вежбате. Тоа ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите и да го подобрите снабдувањето со крв на сите органи и системи. Можен е дисбаланс на хормоните. Бидете умерени со сирењето, лебот и маслинките.

Работа

Овој месец доаѓа плима на промени со кои ќе се носите одлично. Ќе бидете многу продуктивни и сите активности ќе успевате да ги спроведувате на дело. Вложувајте во себе, во својот развој и едукација, бидејќи тоа ќе ви дојде одлично во контекст на сите ваши планови. Задржете го трпението, а ако вложувате пари, бидете внимателни со кого соработувате. Окружени сте со луѓе кои се тука да ви дадат поддршка и помош.

 

Љубов

Во партнерските односи секој од партнерите ќе се движи со своја сопствена брзина, така што ќе треба да постапите умно. Чувствата се силни и длабоки, не постои сомнеж меѓу вас, но само треба да се усогласите во однос на тоа што го сакате од врската. Дајте и простор на саканата личност ако и е потребно тоа.

Бидете внимателни при запознавањето нови личности бидејќи можно е некому да се приближите премногу и да ја уплашите таа личност. Сакате да бидете во центарот на вниманието, но имајте предвид дека другите можеби имаат поинаква перцепција.

СКОРПИЈА

ЗДРАВЈЕ

Желбата сѐ да постигнете веднаш може се искомплицира, не само кога станува збор за животот туку и за здравјето. Можно е нарушување во работата на срцето. Неконтролираната исхрана ги загрозува дигестивните органи. На вашето мени би требало да се најдат намирници што се калорични и базни.

Работа

Ова е лош период за оние Скорпии кои бараат нова работа. За останатите, септември е месец на докажување на вашите способности особено пред луѓето кои можат да донесат важна одлука за вашиот напредок. Затоа, дајте се од себе и покажете што можете. Не дозволувајте ништо да ве оттргне од патот. Сепак, зачувајте го трпението и не избувнувајте во ситуациите кога мислите дека другите се против вас. Поработете на својата самодоверба и имајте предвид дека ѕвездите се на ваша страна. Со напорна работа и позитивен став, можете се да постигнете.

Љубов

Бидете искрени како се чувствувате, тоа е најважно во текот на овој месец. Отворете се, покажете ранливост, побарајте поддршка. Слободните скорпии ќе бидат многу привлечни, шармантни и комуникативни овој период. Можно е да привлечете личности кои ќе кријат некои работи од вас, но вие мошне брзо ќе го откриете тоа. Само потрудете се да не бидете повредени.

СТРЕЛЕЦ

Здравје

Многу стрелци ќе успеат да ослабат. Корисни се сите спортови и вежби за јакнење на мускулниот систем. Од друга страна, мирниот начин на живот може да доведе до тоа нереализираната енергија да биде причина за воспалителни заболувања и спазма на крвните садови на мозокот. Јадете повеќе зеленчук.

Работа

Вашите планови ќе се развиваат овој период, а тоа ќе ве изненади бидејќи очекувавте период на стагнација. Ќе се отворат патишта кои досега беа затворени, а тоа ќе ви помогне и самите да напредувате. Преземете го ризикот, останете прибрани, останете свесни за тоа што сакате да го постигнете. Интуицијата ви е посилна од било кога, а тоа ќе ви помогне на ова поле особено и во делот на поврзување со колегите. Овој период е добар за едукација, нови сознанија и искуства.

Љубов

Во партнерските односи можно е да дојде до интензивни чувства кои ќе морате да ги канализирате некако за да избегнете конфликти кои потоа можеби нема така лесно да ги залечите. Слободните Стрелци ќе се ослободат од своите ѕидови и ќе ги пуштат другите блиску до себе. Од вас ќе зрачи некоја топлина со која ќе ги привлекувате другите околу себе. Бидете свесни колку им се допаѓате на другите и отворете се кон оние кои навистина ви се допаѓаат.

ЈАРЕЦ

Здравје

Се заплеткавте и тешко ви е да расудувате трезвено и логично. Лесно ќе се заморувате, па би било добро да избегнувате напори. Ќе бидете подложни на болки во грбот и во колената. Од средината на овој период здравјето ќе ви се подобри. Внесувајте магнезиум и витамини Б и Е.

Работа

Успехот доаѓа преку стабилизација на професионалните односи, како и комуникација и толеранција со соработниците, кои не се брзи и аналитични како вас. Вие сте фактор на стабилност и треба да ја преземете таквата улога.

Љубов

Ова е поволен месец за стабилизација на емоционалните односи. Sвездите се на ваша страна, па треба да знаете дека ќе постигнете хармонија преку заеднички активности. Споделувајте со саканата личност, побарајте и понудете поддршка, а тоа ќе го подобри односот меѓу вас. Јарци би можеле да се заплеткаат во емоционални игри. Веројатно ќе бидете повредени и самокритични од обидот на некоја личност да ги манипулира вашите чувства, но не треба да ги сфаќате работите толку сериозно. Не се вложувајте во површни односи овој месец, тоа не е за вас.

ВОДОЛИЈА

Здравје

Крајот на летото ќе ви донесе сериозни проблеми со здравјето. Затоа слободното време користете го за психофизичка релаксација во вид на прошетки и одење во природа. За оние што сакаат да се ослободат од вишокот килограми ова е најдоброто време за почнување диета. Избегнувајте слатки, брза храна и грицки.

Работа

Некои од плановите и настојувањата можеби ќе пропаднат, но не е крај на светот. Само бидете претпазливи. Ако вашата работа е врзана со кратки патувања, ве очекува успех на ова поле. Целиот септември ќе биде многу продуктивен за Водолиите, но потрудете се да научите нешто од грешките.

Љубов

Време е за усогласување со саканата личност. Не е време на партнерот да му ги укажувате неговите слабости, ова не е месец за тоа. Sвездите ви советуваат да го слушате своето срце, но и да не анализирате предлабоко. Бидете директни и не се плашете од тоа што го чувствувате.

Риби

ЗДРАВЈЕ

Во последно време сте напнати и разочарани. Најдобриот начин да го зачувате своето здравје е да негувате добри односи со роднините и со пријателите. Какви било стресни ситуации нагло може да ја влошат вашата состојба. Чувајте се од силно сонце и земајте повеќе течности, витамини и минерали.

Работа

Септември ќе биде во знакот на завршување на незавршените обврски, расчистување на теренот за нови работи, како и нови проекти. Ќе имате можност да дојдете до поголема заработувачка. Ова е ваш месец за успех, но и за многу промени.

Љубов

Добрата комуникација е клучна за солидни партнерски односи овој месец. Можеби ќе чувствувате дека саканата личност е студена, но многу работи ќе зависат од вашата емпатија и чувствителност овој месец. Што и да се случи, пробајте да ги решите работите смирено и без драма. Ако ве преплават негативни чувства и бес, нема да постигнете ништо. Sвездите најавуваат и една посебна личност која ви носи убави емоции и сосема нова перспектива. Оние кои ве познаваат веднаш ќе ја забележат убавата промена кај вас. Време е за личен развој, будење и созревање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.