ДЕТАЛЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ-2020: Во животот на три знаци доаѓа драматична и неочекувана љубовна приказна

Фото: Getty Images

Што се менува овој септември? Ѕвездите кажуваат – многу динамика, добра енергија, ама и по некој проблем, но со насмевка и добро расположение се ќе се надмине.

ОВЕН

Здравје

Ова е добар период, без компликации со здравјето. Од насобраниот стрес ослободете се со помош на вежби за дишење. Позитивно влијание ќе има и ароматерапија. Вашата исхрана треба да содржи лесно сварливи намирници. Избегнувајте храна печена на масло, јадења од скара, грицки и слатки.

Работа

Овој месец ќе имате можност да ги изразите своите идеи, но за да бидете прифатени ќе морате да постапите тактично. Ве очекува многу работа во текот на целиот месец, но и куп лични обврски кои ќе морате да ги завршите. Сепак, потрудете се да поставите приоритети и да не се исцрпувате. Не е време за ризични потези, бидете внимателни.

 

Љубов

На ова поле ќе биде потребно да балансирате, како во однос на своите чувства, така и во однос на очекувањата кои ги имате од саканата личност. Тешко ќе ви биде да ги контролирате емоциите, но ѕвездите ве советуваат да се воздржите овој период. Следете ја својата интуиција и средете го прво својот живот, а потоа и врската во која се наоѓате. Партнерот нема да има исти очекувања како вас и тоа е нешто што секогаш треба да го имате на ум овој септември.

Слободните Овни ќе бидат постојано дел од контроверзни ситуации, за кои самите се виновни. Една личност од која одамна се имате откажано ќе посака да се врати во вашиот живот, но најверојатно нема да можете да ги возвратите чувствата. Ќе бидете растрчани меѓу желбата да бидете со некого, но и потребата да бидете со личност која целосно ви одговара.

БИК

Здравје

Склони сте на бурен излив на чувствата и емоциите. За да го зачувате здравјето, најдобро е да останете настрана од работи што бараат голем емоционален напор. Одморајте повеќе и избегнувајте физички работи. Можно е варирање на крвниот притисок. На вашето мени почесто нека има риба.

Работа

Овој месец можни се загуби, па паметно би било да не навлегувате во ризични потези. Решавајте ги ситните проблеми кога ќе се појават, но не дозволувајте тие да се наталожат. Успехот и заработувачката ќе бидат тука и тоа ќе ве направи среќни, но не се преоптоварувајте со тоа што би можело да биде. Не правете големи планови овој месец, туку потрудете се да играте на сигурно.

Љубов

Слободните Бикови ќе се најдат во друштво на влијателни и интересни личности, па тоа ќе им дојде одлично по подолг период на изолација. Ќе бидете во искушение да и се приближите на некоја личност која ви се допаѓа, но на моменти ќе бидете парализирани од стравот. Можна е минлива авантура со личност која ја знаете преку работа.

Ако сакате да бидете со саканата личност, прифатете ја таква каква што е, ако сакате нешто да е поинаку, тогаш треба да изберете некој друг за себе. Овој септември, ќе морате да направите личен увид и да ја прифатите реалноста таква каква што е.

БЛИЗНАЦИ

ЗДРАВЈЕ

Вашиот организам е добро снабден со енергија, па благодарение на тоа можете да заборавите на хроничните заболувања. Меѓутоа, вишокот енергија може да предизвика бурни изливи на емоции и, како последица на тоа, проблеми со гласните жици, па дури и губење на гласот. Јадете повеќе овошје и пијте повеќе вода.

Работа

Овој месец ве очекува напорна работа, но за вас доаѓа и поволен финансиски период. Завршете го она што е најитно, а потоа посветете се на градење успешна соработка со колегите и надредените. Таквата поддршка ќе ви биде добредојдена овој месец. Одличен период е за Близнаците кои се занимаваат со креативност и уметност. Важно е да водите сметка за сите аспекти, да останете трпеливи, но и да одморите кога ќе чувствувате замор.

Љубов

Доаѓа до промени во партнерските односи, можно е отпочнување семејство или заеднички живот. Вашите желби се слични како на саканата личност, но вие имате повеќе идеи, така што седнете и разговарајте со саканата личност за тоа што го сакате. Така ќе откриете дека сте на исто ниво. Што и да започнете овој период ќе биде успешно.

Близнаци кои не се во врска чувствуваат дека љубовта е во воздухот, но тоа може да ви донесе луѓе кои сакаат само авантура и кои ќе направат обид да ве изиграат во еден момент. Бидете внимателни, потрудете се да ги избегнете таквите ситуации, така што прво ќе ја запознаете личноста, а потоа ќе правите планови за иднината.

РАК

Здравје

Раковите може да манифестираат внатрешна агресија и да го уништат она што го граделе досега. За да го зачувате здравјето, нервниот систем смирете го со соодветни препарати, физичка работа и квалитетен сон. Поминувајте повеќе време во природа. Ќе ви годи планинска клима.

Работа

Доаѓаат работи кои не ги очекувате, а тоа значи дека ќе се соочите со големо незадоволство на ова поле. Ќе треба да менувате некои работи и да се прилагодувате, но ѕвездите ве советуваат да останете трпеливи. Ова е добар момент за планови за иднината и тоа што детално, толку подобро. Промените низ кои минувате нема да бидат најпријатни, но тие ќе ви донесат многу нови можности за напредок.

Љубов

Добро е што знаете што сакате, но на ова поле морате да бидете тактични во начинот како се поставувате кон саканата личност. Вашата сила, наплив на страсти и емоции можат да бидат сфатени како агресивност, а тоа не ви е потребно. Овој месец партнерот нема да има нерви за вашите драматични испади, па затоа потрудете се да ја канализирате енергијата на поинаков начин. Тоа може да ве фрустрира, но пробајте да покажете емпатија.

ЛАВ

Здравје

Премногу се опуштивте и не мислите на своето здравје. Невнимателноста и неодговорноста може да бидат причина за повреди и за конфликтни ситуации во односот со другите луѓе. Ќе бидете изложени на голем стрес, кој ќе предизвика психосоматски реакции, па е неопходно повеќе да одморате.

Работа

Подгответе се за интензивен период во кој ќе треба да ја покажете својата волја и одлучност. Ќе постигнете успех со темелна работа, силна концентрација и добра организација. Исто така, важна е и комуникацијата со соработниците и клиентите. Фокусирајте се на градење позитивни меѓучовечки односи со луѓето околу вас. Бидете флексибилни и прилагодливи на сите промени кои доаѓаат.

 

Љубов

Лавови носат товар од минатото, непреболена љубов, чувство на вина, а сето тоа ќе ви наметне желба да се преиспитате каде сте и каде сакате да бидете. Не бегајте од тоа, време е да научите нешто од грешките.

ДЕВИЦА

Здравје

Ова не е најдобро време за вас. Ви недостига оптимизам. Зачувајте ја енергијата на работа, но и дома, и, ако е можно, земете одмор. Избегнувајте подолг престој на силно сонце бидејќи кожата ќе ви биде осетлива и може да дојде до егзема. Потребни ви се витамини, особено Б6, А и Д-витамин.

Работа

Лесно ќе напредувате во однос на поставувањето цели, но ќе бидете малку почувствителни и ќе реагирате поостро од вообичаено. Тоа не е толку лошо, но ќе треба да бидете внимателни да не навлегувате во поголеми конфликти со колегите. Не се трудете да бидете во право по секоја цена, бидејќи потоа ќе ви биде тешко да се вратите на старо во односот со некои од соработниците. Бидете одлучни, а не радикални. Размислувајте темелно за сите свои постапки.

Љубов

Ќе треба да расчистат со некој емоционален товар од минатото, така што ова е потежок период, но време е за чистење. Во однос на новите познанства, може да се појави личност со која лесно ќе ви биде да разговарате и да се поврзете на интелектуално ниво.

ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.