Меркур е во огнениот Стрелец до 13 декември: Навала на оптимизам, но бидете внимателни при донесувањето одлуки!

Возбудлив период

Меркур, планетата на комуникацијата, интелектот и изразување, на 25 ноември влезе во зоната на огнениот Стрелец, најавувајќи возбудлив период на подобро расположение

Наредниве две и пол недели ќе ги проширите видиците, ќе стекнете нови знаења и ќе почувствувате лавина на ентузијазам.

Меѓутоа, со оглед на тоа што Стрелецот ја расипува енергијата на Меркур, целиот зодијак ќе биде посклон на интелектуално претерување, преувеличување и избрзано донесување заклучоци без доволно познавање на материјата.

И покрај неповолните околности што владеат поради пандемијата на коронавирус, многумина од вас ќе почувствуваат навала на надеж и верба во подобра иднина.

Меркур во Стрелец ќе ве охрабри да ковате големи планови и ќе ве поттикне да размислувате за целосно остварување на сопствените потенцијали. Ќе посакате да ставите крај на повторувањето на секојдневните рутини и храбро да зачекорите кон остварувањето на соништата.

Со оглед на тоа што Стрелецот е еден од најдуховитите знаци, комуникацијата честопати ќе биде обоена со доза хумор. Луѓето, генерално, ќе бидат поотворени и пожелни за дружење и забава, а дури и оние што инаку не се шегуваат, ќе го изненадат друштвото со духовити досетки.

Ќе бидете гладни за нови искуства, спознавања и познанства со разни луѓе, патувања и запознавања на други земји и култури. Со оглед на пандемијата, ако не биде тоа реално да се оствари, преку интернетот виртуелно ќе им се приближите на далечните краишта и на луѓето што живеат таму.

Од друга страна, наредниве недели не би требало да верувате во сѐ што ќе чуете, како на вести така и од опкружувањето. Јазикот ќе ви биде побрз од умот, а во дискусиите аргументите ќе ја изгубат битката со наметнувањето и надвикувањето.

На тоа треба особено да обрнете внимание околу 7 декември кога Меркур ќе се најде во неповолен однос со планетата на илузиите Нептун. Таквата планетарна шема ќе ве наведе да ги гледате работите во искривено светло, да изведувате погрешни заклучоци и да донесувате неосновани одлуки.

Престојот на Меркур во Стрелец ќе трае до 13 декември.

2022 година ќе биде најбаксузна за овие 3 хороскопски знаци: Ќе ги следи малер на секој чекор!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.