Марс во знакот Овен на сите ќе им ги заплетка конците: Ова се датумите кога треба особено да внимавате!

Астро-прогноза

Марс влезе во знакот Овен и тука ќе се задржи до 7 јануари 2021 година – оваа астролошка промена ни носи значајни промени и предизвици

Марс влезе во знакот Овен и тука ќе се задржи до 6 јануари 2021. Сите на некој начин ќе имаме придобивки од оваа енергија, со оглед на тоа што Овенот е природното седиштe на оваа борбена планета.

По сите помрачувања и ретроградни планети кои не’ принудуваат да погледнеме во она што не функционира, овој Марс ни овозможува да дејствуваме во насока на напредок, подобрување и промена.

Тој е борбен, ни дава енергија, нѐ мотивира да се залагаме за себе, одлучно да кажеме „не“ на сето она што дејствува против нас. Преземаме иницијатива. Одиме во нови освојувачки походи, и љубовни и професионални.

Овој дух полн со ентузијазам ќе нѐ следи до 9 септември, кога настапува ретроградната фаза. Таа последен пат се случи од крајот на јуни до крајот на август 2018 година, додека Марс бил во Водолија.

До 14 ноември, подгответе се за побавно дејствување или неспособност за остварување на целите.

Марс за време на своето патување низ знакот Овен, ќе влезе во проблематични аспекти со Јупитер, Сатурн и Плутон во знакот Јарец, па тие денови особено треба да внимавате.

Марс и Јупитер ќе бидат активни во периодот: 3-5 август и 17-21 октомври.

Во тој период на удар ќе бидат финансиите и проблемите со законот. Внимавајте и не донесувајте непромислени одлуки, ризикот не се исплати.

Марс и Сатурн: 23-29 август и 27 септември-2 октомври.

Може да дојде до проблеми со авторитети и постари лица, караници и раскинување, проблеми со остварување на целите, ако не внимавате.

Марс и Плутон: 13-17 август, 7-12 октомври и 21-24 декември

Чувајте се од караници. Може да дојде до раскинување како последица на зголемена љубомора.

Марс влегува во знакот Овен: Следува период на големи промени за овие 4 хороскопски знаци!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време