5 најголеми митови за Лавовите во кои треба да престанете да верувате: Поради ова, погрешно сте ги разбрале!

Владеењето на Лавот, еден од најмоќните и најинтересните хороскопски знаци, наскоро завршува. Тие се горди, храбри, упорни, темпераментни и – потполно погрешно разбрани.

Имено, постојат многу предрасуди поврзани со овој хороскопски знак, а денес ги рушиме петте најголеми митови за Лавовите.

Не знаат да слушаат

Кога ви треба помош и совет, Лавовите ќе ве слушаат. Ќе го имате нивното целосно внимание. Митот дека тие не знаат да ги слушаат другите луѓе произлегува од фактот дека тие никогаш не се откажуваат од своето мислење.

Тие секогаш ќе се држат до својата расправија, понекогаш дури и ако ги соочите со добри аргументи кои докажуваат дека не се во право. Сепак, дискусијата е едно, а искрениот разговор е друго. Лавовите секогаш ќе бидат тука за вас кога ви треба рамо за плачење.

Мислат дека се подобри од другите

Ова е погрешно. Лавовите едноставно имаат самодоверба и ако не сте навикнати да бидете во друштво со луѓе кои се свесни за нивните квалитети, способности и достигнувања и не се плашат да зборуваат за нив, така ви изгледа дека се ставаат себеси над другите.

Потребно им е внимание цело време

Лавовите се друштвени, сакаат постојано да бидат меѓу луѓе, одлично се сложуваат во поголемите друштва и многу се отворени и желни да се забавуваат.

Потребата постојано да се биде опкружен со луѓе е погрешно претставена како потреба за внимание. Присуството на други луѓе ги мотивира и едноставно им треба многу помалку слободно време од другите знаци.

Тешко е да ги задоволиш во врска

Не, Лавовите знаат само што точно сакаат и не се плашат да го побараат тоа. И додека некои ликови имаат проблем да ги изразат своите потреби или да ги истакнат нештата што ги мачат, Лавовите веднаш ќе ве известат дека нешто недостасува или ги мачи.

Тие се драматични

Лавовите се првенствено страсни, а разликата помеѓу драмата и страста е голема. Кога нешто им е важно, ќе се посветат на тоа со целото битие, без разлика дали станува збор за решавање на проблем или постигнување на цел.

Толку многу посветеност може да резултира со интензивни реакции, но тоа не е драма – тие навистина се грижат за она што го прават.

Прочитајте и: Мислат дека светот се врти околу нив: Ова се најарогантните знаци на Зодијакот

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.