Кој од хороскопските знаци е најголема педантерија, а кој е неуреден до болка?

Астролошки профил за уредност

Без разлика во која група спаѓате, сите имаме свои причини зошто се однесуваме така

Нашите домови и начинот на кој се грижиме за нив се огледало на самите нас. Иако секој би сакал да каже за себе дека е уреден, знаеме дека тоа не е секогаш случајот.

Некои не можат да функционираат ако не е се’ чисто, додека на други не им пречи валканите садови да им стојат со денови во мијалникот.

Девица

Луѓето родени во овој хороскопски знак не само што се уредни, туку се и најголеми педантерии кога станува збор за чистење. Сакаат се’ да биде совршено организирано, на свое место и апсолутно чисто. Во нивниот дом никогаш нема да видите неред.

Бик

Многу се трудат да се грижат за себе, а нивниот дом само го отсликува тоа, бидејќи едноставно не можат да се опуштат во неред. Освен тоа, не сакаат да им даваат причина на другите да ги осудуваат за нешто.

Јарец

Посветени се и внимателни во се’ што прават, а тоа не се менува ни кога станува збор за нивниот дом. Иако не им даваат предност на домашните обврски, имаат силна желба се’ да биде организирани и на свое место.

Скорпија

Сакаат да ги чуваат работите за себе, па многумина би помислиле дека се неуредни. Сепак, сакаат просторот во кој престојуваат да го одржуваат чист, бидејќи тоа е нивното приватно засолниште од остатокот од светот. Можеби повеќе се грижат за личната хигиена одошто за домот, но тоа не го менува фактот дека поголемиот дел од времето се’ околу нив е прилично чисто.

Рак

Важна им е удобноста, но не само сопствената. Тие сакаат и на другите што ќе им дојдат на гости да им биде угодно. Внимаваат просторот да им биде барем минимално среден доколку некој неочекувано ги посети.

Овен

Овните ќе бидат или уредни или неуредни, во зависност од тоа што им се случува во животот. Не секогаш им даваат приоритет на домашните обврски, бидејќи мислат дека животот е прекраток и сакаат да го живеат најдобро што можат. Понекогаш стануваат малку немирни, особено кога само седат дома. Не е невообичаено да почнат да чистат ако им стане здодевно. Домот им е прилично уреден, но ако работите почнат да се натрупуваат, нема да поминат многу време во средување.

Лав

Овој хороскопски знак сака да остави добар впечаток. Не сака нечисто, но реално, нема многу време во својот брз живот за да го одржува домот во совршен ред. Нивниот простор не е ниту нечист ниту неуреден, но често им се натрупуваат работи на кои не им нашле место. Нивниот дом и понатаму е претставителен и можат брзо да го исчистат без многу мака, но најголем проблем им е времето.

Водолија

Секакви работи се случуваат во главата на Водолијата. Ќе се обидат да го средат нередот, но не сакаат се’ да им се сведува на домашни обврски. Со оглед на нивната неконвенционална природа, Водолиите не чувствуваат потреба да импресионираат некого, но им треба уредност за јасно да ја постават целта што треба да ја остварат.

Близнаци

Секогаш имаат добри намери, но кога треба да почнат да чистат, секогаш им излегува нешто поважно. Пред да се снајдат, ќе им помине уште еден ден. Поинаку е кога нешто се организира во нивниот дом, бидејќи тоа им дава мотивација се’ да биде уредно. Инаку, животот премногу им одвлекува внимание и најчесто вниманието им е насочено на друго место, а не на чистењето.

Терезија

Ги привлекуваат убави работи, но тоа не значи дека постојано се уредни. Терезиите нема премногу да се потрудат за се’ околу нив да остане чисто. Како и Близнаците, секогаш бараат причина да не направат нешто, освен кога очекуваат гости.

Риби

Секогаш сакаат да им биде удобно и да бидат опуштени, па не е ни чудно што таквото размислување важи и за нивните навики за чистење. Не им пречи што предметите се насекаде, бидејќи всушност уживаат во малку хаос.

Стрелец

Мислат дека некои работи во животот се неверојатно важни, како што се независноста, авантурите, среќата и хуморот, но кога треба да се среди домот, тоа не им е силна страна. Обично, толку се зафатени со планирање на следната авантура што ретко кога се дома. Тие се водат според мислата: зошто да чистат кога и онака подоцна ќе се извалка повторно.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време