Кој грев ви е судено да го направите: Не можете да побегнете од ова – запишано е на денот на вашето раѓање

Пронајдете се

Кој лаже и си се восхитува самиот себеси, а кој е подготвен и на убиство?

Секој од нас прави грешки во животот. Сакале да го признаеме тоа или не, паѓаме во искушенија и гревови многу почесто одошто воопшто сме свесни за тоа.

Астролозите веруваат дека вашиот датум на раѓање одредува колку сте склони кон извршување одредени гревови…

Прељуба (22 ноември – 21 декември)

Луѓето родени во овој период се склони на често флертување, кое често се претвора во нешто повеќе и не можат да му одолеат на тоа. Ова е и нивниот најчест грев. Сексот го сметаат за најдобра забава и не можат без него. Затоа им е тешко да остварат квалитетна и долга врска. Дури и кога некого искрено го сакаат, тешко им е да не флертуваат, барем повремено.

Мрзеливост (19 февруари – 20 март)

Овие луѓе постојано се во облаци и ретко се соочуваат со реалноста. Умеат потполно да се дистанцираат од луѓето и од опкружувањето, да се повлечат во својот мал свет. Постојано сонуваат за нешто и размислуваат „што би било кога би било“, а ретко тргнуваат во акција.

Лажење и измама (21 мај – 22 јуни)

Имаа лоша навика да додаваат детали и да измислуваат приказни. Кога треба да ја кажат вистината, многу тешко им паѓа кога нема да додадат нешто. Се верува дека тоа е така зашто повеќето од овие луѓе се родени во знакот Близнаци, кои имаат две лица и два погледа на секој настан.

Гордост (20 јануари – 18 февруари)

Луѓето родени во овој период веруваат дека се посебни и дека се разликуваат од другите. Често се обидуваат да докажат дека се поуспешни и помудри од другите. Со задоволство се величаат себеси.

Самољубие, инат и создавање идоли (23 јуни – 22 јули)

Се одликуваат со пожртвуван став кон животот, како и со посебен однос кон предметот на својата љубов или симпатии. Имаат склоност да му пркосат на партнерот, ставајќи го него и неговите потреби под своите. Постојано набљудуваат што прави партнерот и константно го критикуваат. Нивниот начин на грижа за блиските е грев сам по себе.

Алчност (22 декември – 19 јануари)

Натпреварувачки настроените луѓе ќе направат сè за да ја задржат позицијата и моќта. Кога ќе успеат во животот, се фалат во прва прилика.

Гордост и суета (22 јули – 23 август)

Овие луѓе се склони кон нарцизам. Во врските се исклучително себични. Знаат да ги импресионираат другите со една насмевка, но во суштина се многу арогантни и премногу веруваат во себе. Некогаш и блиските луѓе не сакаат да имаат ништо со нив, бидејќи во туѓите очи го гледаат само сопствениот одраз и ништо друго.

Неумереност во јадењето и пиењето (21 април – 20 мај)

И овие луѓе можат да бидат склони на нарцизам. Им се допаѓа само она што на крајот ќе им донесе некаква корист. Полни се со нездрави навики, вклучувајќи и прејадување и претерување со пиење.

Завист и љубомора (23 август – 23 септември)

Кога станува збор за нивните желби, исклучително се нереални и нестабилни. Честопати не можат да одлучат што навистина сакаат, ниту како да го добијат тоа. Сепак, сакаат да бидат тие за коишто сите ќе зборуваат и кои ќе го привлекуваат спротивниот пол како магнет. Љубомората им е второ име, а шпионирањето нешто сосема „нормално“.

Сладострастие (24 октомври – 21 ноември)

Ова е основниот грев на луѓето родени во овој период. Причината за тоа веројатно е нивната исклучително страсна природа и желба за постојан контакт со другите луѓе. Имаа одлична моќ за убедување и се одлични психолози. Сепак, тешко им е да најдат љубов кај еден човек. Во најголем број случаи имаат проблеми со партнерот, бидејќи ги принудува да прават нешто што не сакаат.

Ароганција и суета (24 септември – 23 октомври)

Не се грижат за ништо друго освен за својот изглед. Гледаат во огледало и му се воодушевуваат на своето убаво лице со часови. Ова можеби е единственото нешто што навистина им е потребно во животот.

Убиство (21 март – 20 април)

Нивната најнагласена особина е непредвидливоста и силниот темперамент. Ако гневот на овие луѓе се насочи кон вас, буквално може да не преживеете. Многу се активни и спонтани. Толку спонтани што честопати тоа ги доведува до неволји. Овие луѓе мораат да научат да ги контролираат своите емоции, бидејќи нивниот силен гнев лесно може да ги повреди другите, а и ним самите да им ја запечати судбината.

Овие хороскопски знаци не знаат да им кажат НЕ на искушенијата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.