Како се однесувате во брак и за што би се развеле според хороскопскиот знак?!

Кои се границите за некој да остане, а некој да замине?

Фото: Pexels

Некои хороскопски знаци остануваат во брак по секоја цена, а некои единствениот спас го гледаат во разводот

ОВЕН

Овој знак стапува во брак „брзо“. Овенот нема страв од брак, од приврзаност, од припадност кон некого. На бракот гледа како на „работа“. Го склучивме и ајде да работиме на тоа заедно.

Исто како и во бизнисот, Овенот и во бракот дава 100% од себе, сака, задоволува, но секогаш ќе ја држи улогата на лидер. Меѓутоа, моментот кога решава да го напушта бракот е кога станува монотоно. Овенот сака акција и доколку ја нема, заминува. Тој воедно го напушта бракот кога нема почит и кога работите и плановите не се движат во истата насока. Овенот има деловен план за сè, па бракот не е исклучок.

Бик

Бикот решава да заплови во брачните води кога чувствува стабилност, и љубовна и материјална. Тој е материјален знак кој сака да ја пружи таа сигурност и истото го бара и од партнерот. Бикот е феноменален сопружник и не бега од обврските.

Но, неверството е нешто што Бикот не го простува. Како силен знак кој не е многу склон кон промени, ќе остане во брак бидејќи тешко може да донесе одлука за развод. Иако можеби ќе остане во брак поради стравот од промени, тој ќе направи пекол од односот.

Близнаци

Како вечните оптимисти го доживуваат бракот? Не се плашат од него и лесно влегуваат во брачна заедница. Животот со нив е убав, неоптоварувачки, бидејќи Близнаците не се збунувачки партнери.

Комуникацијата им е многу важна. Кога таа ќе се изгуби и ќе стане мрачно и сиво, Близнаците ја напуштаат брачната заедница без многу размислување.

Рак

Ракот го поистоветува бракот со љубов. Само така може да се реши да заплови во брачните води. Од партнерот бара заедно да создадат топол дом, а потомството е на прво место.

Меѓутоа, бидејќи Ракот е емотивен и кревок, дури и најмал детаљ може да ја наруши неговата брачна идила. Без разлика како и да се одвиваат работите, Ракот никогаш нема да покаже јавно дека нешто не е во ред со неговиот брак. Пред светот сè е совршено и никогаш, никој не се разведува.

Лав

Овој моќен знак го гледа бракот како освојување на територијата каде што тој е лидер. Тој го сака бракот, но работите мора да си дојдат на свое место од самиот почеток. Лавот мора да биде на престолот и да биде оној што доминира. За возврат дава буквално сè!

Но, кога ќе се скине тој синџир и кога ќе се измешаат лончињата, тој брутално го напушта бракот. И, не погледнува назад.

Девица

Девицата прави детална анализа пред склучувањето на бракот. Воедно, размислува за потпишување и на предбрачен договор. Девицата сака сметката да биде чиста, за да љубовта биде долга.

Бракот е математика, 2 плус 2 се 4 за Девицата. За неа, браковите се неопходни за да се создаваат работи, да се следи еден заеднички, ист план, да се создаде дом и да се имаат деца. Ако недостасува само еден дел од сложувалката, Девицата кажува збогум!

Терезија

Ова е знакот што целиот живот ја бара својата идеална половина. Терезиите отворено посакуваат брак. Конфликтите ги решаваат успешно и мирно, бидејќи дипломатијата им е силна страна.

Терезијата е подготвена на секаков можен компромис, дури и кога тоа е на нејзина штета. Таа е подготвена да прости и неверство, бидејќи има мото дека е полесно да се помине животот во пар отколку сам.

Скорпија

Мотото на Скорпијата кога станува збор за бракот е: „Засекогаш мој/а!“ Кога ќе влезе во брачните води, Скорпијата го менува својот ДНК код. Од фатална заводничка, таа станува најдобра мајка, сопруга, љубовница и домаќинка.

Со неа е едноставно – измама и сè е готово! Тогаш настанува ураган и најдобро е партнерот да се пресели на друг континент, бидејќи црно му се пишува.

Стрелец

Како вечно дете кое одбива да порасне, Стрелецот го доживува бракот како авантура и игра. Не сака окови, не сака правила, но никогаш нема да направи нешто што би можело да го повреди или загрози неговиот брачен другар.

Ги сака бракот и заедницата, а се гуши единствено кога му се наметнуваат ограничувања, кога партнерот станува посесивен и кога Стрелецот нема доволно слобода.

Јарец

Дури и во бракот, Јарецот е традиционалист со јасни, строги и по малку крути правила на однесување. Се знае кои се обврските на сопружниците, кој кога станува наутро, кој што прави, начинот на кој се одвиваат работите, итн. Јарецот ќе даде сè за семејството. Тој е одличен родител.

Но, само ако се прекрши едно правило или недај Боже се случи и најмал флерт, а да не зборуваме за неверство, Јарецот веднаш ќе поднесе барање за развод.

Водолија

Водолијата можеби некако ќе се реши да стапи во брак, но тоа парче хартија не ѝ значи ништо. Често можете да ја видите Водолијата во неформален брак. Таа е генијален знак кој е најдобар во кршењето на табуата.

Посвојувањето деца е една од опциите коишто ќе ги одбере, покрај нејзините биолошки деца. Водолијата ги сака животот, бракот и науката. Она што на Водолијата ѝ пречи, дури и кога официјално не е во брак, е недостатокот на почит, стагнација во односот и недоразбирањето кое не се решава.

Риби

Овој знак живее за да сака некого. Кога ќе стапи во брак, тоа е за до крајот на животот. Рибите како брачни партнери се нежни и суптилни и знаат како да го израдуваат партнерот со секојдневни мали ситници.

Проблемот е што ја преземаат целата вина на себе кога нешто не е во ред во бракот. Секогаш мислат дека тие се единствените виновници. Со тој огромен товар на рамениците, Рибите почнуваат да се повлекуваат во себеси и потоа почнуваат да размислуваат за развод.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.