Терезијата е најубава, жената Бик е најдобра, но никој не може да ѝ одолее на дамата родена во овој знак!

Астрологијата открива

Поради својата непоколеблива амбиција и порив постојано да оди напред, честопати ги остава другите зад себе, но невозможно е да ја сопрете!

Алфа-жена, амбициозна, дисциплинирана, организирана, трпелива, одговорна, практична, одлучна, бестрашна, фокусирана на целта – таа е сето тоа!

Како типична претставничка на групата земјени знаци, цврсто стои на земјата и не е склона на сонување, туку живее во реалноста и ја искористува најмногу што може.

Тоа е жената родена во знакот Јарец!

Нејзината имагинација не признава нереални фантазии, бидејќи таа секогаш го знае крајниот резултат на работите. Сѐ што бара од вас е да покажете карактер и истрајност, а таа со задоволство ќе ви даде пример. Како мајка е строга, но праведна. Нејзините деца еден ден ќе владеат со себе и со светот околу себе.

Жената Јарец може да ги преброди сите животни неволји, а каков проблем и да се случи, таа ќе успее да остане прибрана и мирна и веднаш ќе почне да бара решение.

Можеби изгледа ладна и резервирана, но под таа површина се крие жена со одлична смисла за хумор која копнее по сигурност. Подготвена е да жртвува дел од своите амбиции само поради едно нешто – семејството.

Кога не ѝ е денот може да биде премногу тврдоглава, нерасположена, срамежлива и песимистична. Не ѝ е во природа да се вљуби на прв поглед, ниту да губи време на бесмислен флерт за кој знае дека не води никаде. Љубовта за неа е сериозна работа и ако ѝ се допаѓа некој, нема да ја остави судбината да си го направи своето, туку секогаш ќе биде свесна за своите способности, ќе ги земе работите во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот што го посакува.

Сака да му угодува на партнерот и да се грижи за него, поради што може да изгледа дека таа е потчинета во врската, но никогаш нема да ја изгуби својата вродена независност. Сака да биде рамноправна на својот животен сопатник, а ќе биде негова поддршка и во најтешките моменти. Бара некој што ќе го сака успехот исто толку колку и таа, па совршената врска за неа е спој на љубов, сигурност и успешност.

Таа е страсна љубовница. Идеални партнери ќе најде во другите два земјени знака, Бик или Девица, бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце и да ја откријат неговата топла и нежна суштина, како и еден воден знак, Ракот, кој целосно ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби. Добро може да се согласува и со Скорпија.

Сака постојаност. Ги цени само оние луѓе што имаат извесна вредност во согласност со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или безвредни ситуации. Ги презира празните разговори. Точно знае да ги процени последиците на одредени случувања и е одличен организатор.

Жената Јарец освојува со својата класична убавина, нејзиниот целосен изглед е многу допадлив, а првото нешто што сите го забележуваат на неа се високите јаболчници кои ѝ даваат посебна елеганција и шарм. Типичните припаднички на овој знак се карактеризираат со подолг нос, изразено и складно лице, длабоки и по малку мрачни очи, вита фигура и тенок врат, нагласени рамена и чист и блескав тен.

Телото ѝ е со пропорционална градба и цврсто, па жената Јарец може да се пофали со голема физичка издржливост. Има многу добро и прецизно обликувани веѓи, а сензуалните усни ѝ даваат дополнителен шарм на нејзината појава. Косата обично ѝ е ретка и свиленкава во потемни бои и нијанси. Освен со изразените јаболчници, на прв поглед освојува и со својата прекрасна насмевка за која постојано добива комплименти.

Има убаво обликувани нозе, тенки глуждови и мали стапала, поради кои нејзиниот од е брз, подвижен и сигурен. Секогаш изгледа свежи и помладо одошто навистина е.

Не е лесно да биде освоена. Кај неа љубовта не може да наиде како гром од ведро небо. Кога сака или подобро кажано, кога ќе одлучи да го признае тоа, тоа обично се случува по подолго познанство со некого. Љубовта бавно се раѓа кај неа. Кога ќе одлучи да се врзе со некого, тоа е за цел живот. Ниту времето ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов.

Хороскоп на женственоста: Скорпија – фатална вештерка, Јарец – моќна муза!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.