Изберете го вашиот идеален костим за капење според хороскопскиот знак

Со оглед на тоа дека летната сезона и сезоната на одмори започна, ние одлучивме нашата астро содржина за овој месец да ја посветиме на изгледот за плажа. Токму затоа, во продолжение ќе прочитате каков костим за капење да одберете според хороскопскиот знак. Сите модели кои што ќе ви ги препорачаме можете да ги најдете во сите продавници на Sara Fashion и онлајн на sarafashion.mk

Овен

Припадничките на понежниот пол кои се родени во знакот на овен отсекогаш важеле за родени лидери и летото е едно од нивните омилени годишни времиња. Токму поради тоа треба да се одлучат за костим за капење во јаки и интензивни бои се со цел да бидат забележани и впечатливи каква што впрочем е и нивната енергија. Момците, пак, кои важат за големи шармери ова лето нека заведуваат на плажа во класичен спортски костим со интересен и впечатлив принт .

                            SF женски костим за капење: 1250 денари, SF машки костим за капење: 690 денари

Бик

На биковите најважна им е удобноста. Како на девојките, така и на момците. Токму поради тоа едноделните костими за капење се како создадени за нив. Доколку истите се со некој интересен принт, на пример зебра, ќе биде истакната и нивната луксузна страна, која што им е заштитен знак на биковите. Истото важи и за припадниците на посилниот пол кои со шарена варијанта би ја потенцирале својата минималистичка страна, а истовремено би ставиле акцент и на посебноста.

                       SF женски костим за капење: 875 денари, SF машки костим за капење: 890 денари

Близнаци

Близнаците по природа се личности кои што не ги држи место, сакаат да експериментираат, па се такви и кога изборот на облека и костим за капење е во прашање. Тие сакаат да се издвојуваат од другите, го спојуваат неспоивото и ги рушат модните граници и бариери. За близнаците совршен избор е модерен едноделен костим за капење кој што би бил надополнет со интересен принт кој што е доста актуелен оваа сезона. Момците, пак, без размислување би избрале модели со јаки бои искомбинирани со интересни и необични детали и бои, но во светли тонови. 

                          SF женски костим за капење: 1250 денари, SF машки костим за капење: 890 денари

Рак

Овие нежни, сталожени и по малку повлечени личности најдобро се чувствуваат во костими кои ја истакнуваат нивната  сензуалност и женственост. Белата боја дефинитивно го карактеризира нивниот мирен карактер, па така едноделниот костим за капење во бела боја е идеален избор за овие мирни и тивки девојки. И момците родени во овој знак се со сличен сензибилитет, но можат да си дозволат експеримент ова лето и да изберат костим за капење во појаки бои. 

                            SF женски костим за капење: 890 денари, SF машки костим за капење: 890 денари

Лав

Вие морате да се издвојувате од останатите, како со изгледот, така и со вашиот став, однесување, карактер. Да бидете исти како другите за вас е неприфатливо , па поради тоа костимот за капење и кај жените, и кај мажите родени во овој знак мора да биде секси, забавен и впечатлив.

                       SF женски костим за капење: 890 денари, SF машки костим за капење: 650 денари

Девица

Девиците се перфекционисти и кај нив се мора да биде совршено. Иако важат за дами, девиците длабоко во себе се уште се мали деца, па поради тоа со задоволство ќе облечат костим за капење кој е модерен, женствен, и по малку провокативен. Костимот за капење можат да го надополнат со некој интересен накит или аксесорис. Момците, пак  го почитуваат минимализмот кога е стилот во прашање. Затоа, нивните костими за капење најчесто се со две бои максимум. 

                            SF женски костим за капење горен дел; 550 денари, SF долен дел: 315 денари и SF                                                                                                машки костим за капење: 650 денари

Терезија

Вие сте самоуверени личности и не се плашите да облечете нешто ново, впечатливо и провокативно. Дводелен костим со цветен принт е идеалниот избор за девојките родени во овој знак, а момците нека изберат варијанта во јака и неонска боја.

                             SF женски костим за капење, горен дел: SF 550 денари, долен дел: 345 денари, SF машки                                                                                                         костим за капење: 650 денари

Скорпија

Вашиот костим за капење нека биде спортски, едноставен и удобен.  Вие сте занесни сами по себе, па затоа наместо да ја истакнувате вашата сексапилна страна, изберете нешто што истовремено ќе биде модердно, но без детали . Исто е и со момците кои важат за родени освојувачи и лидери.

          SF костим за капење горен дел: 455 денари, SF костим за капење долен дел: 390 денари и SF машки                                                                                             костим за капење: 650 денари

Стрелец

Иако некои би го опишале стрелецот како едноставен и класичен знак, вашиот моден вкус е се’, само не досаден. Вие ги сакате јаките и неонски бои, па од тука дамите можат да се одлучат за костим за капење во интензивна боја, а момците во некоја комбинација која што ќе привлече внимание и погледи.

         SF женски костим за капење горен дел ; 790 денари, SF долен дел: 275 денари, SF машки костим за                                                                                                капење: 650 денари

Јарец

Дамите во знакот на јарец ова лето на плажа нека блеснат во костим за капење во впечатливи и интересни бои, а момците нека изберат шорц во црна боја. Јарците сакаат софистицирана облека и ги привлекува холивудскиот сјај и гламур. Тоа никако не значи дека не сакаат да го зачинат својот изглед со некое предизвикувачко парче. 

                  SF женски костим за капење горен дел: 550 денари , SF долен дел: 315 денари и SF машки костим за                                                                                              капење: 650 денари

Водолија

Водолиите ќе изберат нешто што ги прави среќни и задоволни без оглед на тоа дали е модерно и тренди. Не се фокусирани на она што го мислат другите, самопочитта им е на високо ниво, а заштитен знак отсекогаш била ексцентричноста, а таков е и овој модел на бикини кој што како да е создаден за нив.

SF женски костим за капење горен дел: 625 денари, SF долен дел: 315 денари, SF машки костим за капење:                                                                                                                   650 денари

Риби

Вие сте со слободен дух, не се вклопувате во стереотипите и сакате уникатни креации, па поради тоа секогаш барате нешто ново и невидено до сега. Вашиот костим за капење нека биде впечатлив и несекојдневен. За дамите родени во овој знак  го препорачуваме овој интересен модел со кој што ќе ги истакнат своите атрибути, а момците нека изберат класичен шорц во јака боја.

SF женски костим за капење: 890 денари, SF машки костим за капење: 650 денари

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.