Хороскопските знаци откриваат: Која ваша особина им е одбивна на мажите?

Се препознавте?

Секој човек има свои доблести, но и маани

Ви откриваме кои карактеристики на вашиот хороскопски знак не им се допаѓаат на мажите…

Овен

На Овните постојано им треба промена и мразат рутина. Со своето немирно однесување можат да ги разлутат луѓето околу себе, како и потенцијалните партнери.

Бик

Луѓето родени во знакот Бик секогаш сакаат сами да одлучуваат за се’. Не го прифаќаат туѓото мислење и за нив не постои зборот компромис.

Близнаци

Близнаците обожаваат да „висат“ на телефон. Без разлика дали прават селфи, разгледуваат што има на Инстаграм или го споделуваат најновиот трач – нивната зависност од телефонот ги одбива мажите.

Рак

Раковите се всушност родени за врска. Мажите честопати не го поднесуваат нивното мајчинско однесување, па многу брзо гледаат да побегнат од нив.

Лав

Жените родени во знакот Лав знаат дека се супер и со задоволство го покажуваат тоа. Па затоа, честопати делуваат арогантно и застрашувачко. Несигурните мажи многу брзо бегаат од нив.

Девица

Девиците често претеруваат со својот порив се’ да биде уредно, чисто и средено. Тие со задоволство би го средиле и зачистиле секој машки стан во кој ќе влезат. Тоа понекогаш е практично, но на подолги стази најчесто нервира.

Терезија

Терезиите се познати по тоа што никогаш не можат да донесат одлука. Попрво би ги оставиле сите опции отворено, но тоа може да го разлути машкиот пол.

Скорпија

Еден непромислен збор упатен кон жената родена во знакот Скорпија може да предизвика страшна криза. Тоа ги преплашува повеќето мажи.

Стрелец

Жените родени во знакот Стрелец многу брзо се вљубуваат, а уште побрзо почнуваат да се чувствуваат заробено, па бараат свој слободен простор. Тешко се припитомуваат и тешко се врзуваат. Тоа збунува многу мажи, па затоа најчесто самите побегнуваат.

Јарец

Спонтан излет за викенд? За жените родени во знакот Јарец тоа е невозможна мисија. За нешто такво мора да бидат известени барем една недела порано. Нивната неспонтаност ги нервира потенцијалните партнери, но и луѓето околу нив.

Водолија

Водолиите би сакале да пробаат се’, без разлика колку е тоа лудо. Мажите што не сакаат да експериментираат брзо се исплашуваат.

Риби

Тешко е да се прочитаат Рибите. Во еден момент сакаат секоја секунда да ја поминуваат со саканиот, а потоа одеднаш се блокираат и се повлекуваат во својата лушпа. Мажите честопати не можат да се справат со тоа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.