ХОРОСКОП: Водолијата ја мачи срцето, близнаците имаат осетливи дишни патишта

Откријте ја вашата слаба точка според хороскопскиот знак

Овенот страда од главоболка
Овенот е склон кон размислување и претерани анализи, па заради тоа најчесто го мачат болести врзани за главата. Најчесто има проблем со силни главоболки, поретко му се јавуваат болки во забите, но затоа никогаш нема да пати од црвенила или осипи на кожата.

Ушите се болна точка за Бикот
Бикот најчесто заболува од воспаленија на грлото и има проблеми со вкочанетоста во вратот. Воспаленијата и инфекциите во ушите се нешто од што најмногу треба да се чува.

Близнаците имаат осетливи дишни патишта
Близнаците се секогаш во движење, па не е ни чудо што се жртви на воспаленија на мускулите и тетивите. Доста проблеми имаат и со хроничната кашлица, чести настинки, бронхитис и болки во рамениците.

Раковите имаат проблеми со варењето
Емотивниот Рак е доста чувствителен како на своите, така и на туѓите проблеми, па можеби затоа секогаш пати од болки во желудникот и стомакот. Неговата лутина и тага е тесно поврзана со варењето на храната во желудникот, па секој стрес влијае негативно на нивното варење.

Лавот мора да внимава на срцето
На Лавот најголем проблем му задава срцето и циркулацијата проследена со болки во грбот. Заради тоа овој хороскопски знак мора да внимава на холестеролот, да избегнува масна храна и да зајакнува со кардио-вежби.

Девицата ја мачат алергии и чирови
Исто како и кај Близнаците, така и Девиците имаат проблем со варењето на храната. Токму затоа тие најчесто страдаат од чирови на желудникот, алергии на храна, болка и мачнини во стомакот.

Терезијата има слаб мочен меур
Припадниците на овој знак се склони кон неумерено јадење и пиење, па затоа често ги мачи мокрењето, каменчиња во бубрезите и неправилна работа на бубрезите која често пати може да предизвика анемија.

 Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.