ХОРОСКОП: Вашето здравје во септември

Прочитајте какви здравствени предизвици ви престојат за да ги спречите навреме!

Овен

Оценувајќи ја својата здравствена состојба, луѓето родени во знакот Овен постојано се сомневаат во методите и начините на лекување. Но во септември сте подготвени за решителни акции и треба да го искористите тоа. Лекувањето на хроничните болести, вклучувајќи го и болничкото лекување, ќе биде успешно. Се разбира, тука се и лековитите растенија.

Бик

Високиот биопотенцијал на биковите го гарантира нивното добро расположение, а со тоа и здравје. Не треба да се ограничувате ниту во храната ниту во физичките активности. Водните процедури имаат корисен ефект, особено на отворено. Кога ќе ви здодее на сонце, можете да одите на прошетка во шума.

Близнаци

Луѓето родени во знакот Близнаци имаат многу сопствен оган и топлина. Летните горештини само ги прават нервозни. Поради тоа можни се емоционални нарушувања, главоболки, засипнатост, па дури и губење на гласот. Погрижете се да јадете правилно и да одвоите доволно време за спиење.

Рак

Во втората половина од годината животната енергија на раковите е на врвот. Доколку е потребно, некои ќе ги лекуваат своите хронични болести. Оние што немаат проблем со тоа, можат да земат одмор и да одат во природа. Единственото нешто што може негативно да влијае на расположението се партнерските односи.

Лав

Родените во знакот Лав во овој период нема да имаат причина да се грижат за своето здравје. Затоа засукајте ги ракавите и почнете да правите планови. И за да го исклучите непотребното нервирање, пред спиење земајте средства за смирување, на пример одвар од корен од валеријана.

Девица

Ова е многу поволен период за здравјето на девиците. За тоа придонесуваат стабилното чукање на срцето и заситеноста на органите со кислород. Ќе бидете трпеливи и лесно ќе се приспособувате на секоја ситуација, што ќе ви овозможи да водите активен начин на  живот. Само не претерувајте со летните задоволства!

Терезија

Терезиите не треба залудно да трошат енергија и да ја занемаруваат физичката исцрпеност. Внимавајте што јадете. Неправилната исхрана може да предизвика болки во желудникот, дури и сериозни труења. Зголемете го обемот на физичка работа на свеж воздух или компензирајте со брзо одење.

Скорпија

Септемвриското сонце има релаксирачки ефект врз скорпиите. Подготвени сте да си угодите себеси и повеќе да се одморате, што неминовно ќе доведе до вишок килограми. Зголемената физичка активност во комбинација со пливањето ќе овозможи одржување на тонусот на мускулите, а расположението ќе остане на високо ниво.

Стрелец

Од една страна, седечкиот начин на живот не е прифатлив за стрелците, бидејќи може да предизвика сериозни метаболички нарушувања. Од друга страна, тешко поднесувате голем физички напор и многу сте подложни на настинки при секоја промена на температурата. Најдобра е златната средина.

Јарец

За разлика од некои знаци, јарците добро ги апсорбираат хранливите материи, тие се издржливи се и самоуверени. Сепак, каква било злоупотреба, како во исхраната, така и во односите со луѓето, на крајот на месецот може да предизвика здравствени проблеми. Значи, мерата е клучот.

Водолија

Септемвриските горештини и сонцето ги опуштаат родените во знакот на Водолија. А бавноста најчесто доведува до непребирливост во јадењето. Таквиот начин на живот ги намалува заштитните функции на телото. Како последица на тоа, може да дојде до труење со храна, како и застој во работата на срцето. Чувајте се!

Риби

Во овој период на рибите нема да им недостига енергија. За да ги одржите доброто расположение и здравје, најважно е да не се нервирате за дреболии и да не правите нереални планови. Откажете се од идејата за слабеење, бидејќи ниту една диета или препарат нема да ви донесат ништо добро.

Текст: Бојана Стојменовиќ

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.