ХОРОСКОП: На овие 3 знаци им претстојат предизвици од 30 јануари до 20 февруари

Период на ретрограден Меркур

Подгответе се навреме!

Кон крајот на јануари од моќниот Меркур можеме да очекуваме предизвици на полето на комуникацијата, патувањето, технологијата и остварување на плановите.

Астролозите предупредуваат дека овие три хороскопски знаци ги очекуваат предизвици и ризици во текот на периодот на ретрограден Меркур.

Бик

Ретроградниот Меркур ќе има посебно влијание на вашето поле на кариерата. Можни се доцнења, пропуштени рокови и незавршени проекти, како и предизвици во комуникацијата со колегите и надредените. Наместо да носите нагли одлуки и потези искористете го ова време за повторно да размислувате за своите идеи или пак прочистете го вашиот план од недостатоци. Негувајте ја вашата самодоверба и бидете внимателни, а доколку вложите доволно труд, се ќе биде на свое место.

Лав

Лавовите ги очекува напнатост во полето на емотивните односи. Можни се турбуленции во љубовта, а расправиите од минатото повторно ќе станат главна тема на разговор. Обидете се ситуацијата да ја разгледувате објективно и контролирајте ги негативните емоции. Без оглед на сите околности, најдобро ќе го решите овој предизвик доколку научите како да го сослушате партнерот во текот на разговорите. Подобро е веднаш да се соочите со проблемите, наместо да го одложувате тоа.

Стрелец

Предизвици во комуникацијата можат негативно да влијаат на вашиот социјален живот. Внимавајте кои зборови ги изговарате и како им се обраќате на другите луѓе. Брзоплетоста е вашиот главен непријател во овој период. Размислете пред да кажете некој збор затоа што конфликтите во овој период се и тоа како возможни. Пронајдете го вашиот внатрешен мир и комуникацијата ќе се подобри значително.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.