Еве зошто 13 октомври е најмоќниот ден во годината: Сè што ќе посакате денес, ќе ви се оствари – ако го направите ова!

Астролошко тврдење

Денес е ден кога чудата се возможни

Секстилот на Венера и Сатурн што се случува денес на 13 октомври носи среќа на сите полиња. Многумина осамени ќе копнеат по љубов, ќе фантазираат за неа, ќе ја посакуваат, но тоа мора да биде искрена и чиста љубов.

Нови врски се возможни, но тоа нема да биде авантура за една вечер, туку почеток на сериозна романса која може да донесе нешто волшебно и прекрасно. Овој аспект честопати е поврзан со двојките кај кои постои разлика во годините, па можно е некој постар или помлад да ви го привлече вниманието.

Оние што се во врска, ќе бараат сигурност со постоечкиот партнер. Ќе барате поголема посветеност во односот, но нежноста и романтиката ќе станат заемни. На двојките што неодамна имале конфликти, им претстојат среќни денови на задоволство. Конечно бурата стивна, па сега можете да уживате во даровите на планетите.

Овој аспект не е поволен само за љубовта, бидејќи носи разум и добра енергија и на професионален план. Ќе успеете да ги решите неодамнешните тешкотии, а соработката со тимот и колегите никогаш не ви била подобра. Секој презема одговорност за своите постапки, а тоа е клучно за да се решат сите недоразбирања.

Астролозите нагласуваат дека добро е да се вложува за време на овој транзит, особено во недвижнини. Ова е добар аспект за покренување нов бизнис или за изработка на план за штедење. Сè што ќе започнете денес, може да ви појде од рака. Вашите креативни таленти можат да донесат голема корист, особено за задачите кои бараат организација.

Ако сакате успех на финансиски план, важно е да ги расчистите долговите или да направите план како да го сторите тоа.

За максимално да ја искористите оваа магична енергија на секстилот на Венера и Сатурн, размислете што ви е важно и што ви е приоритет моментално. Направете добар план, сите желби запишете ги на хартија и тргнете го на страна. Не заборавајте ни за миг на целта што сте си ја поставиле денес.

Освен тоа, важно е да го слушате внатрешниот глас и да ѝ верувате на вашата интуиција. Понекогаш, она што го чувствуваме однатре е поважно од надворешноста. Следете ги знаците!

Само ова ни требаше: Најлошиот ретрограден Меркур досега, многу неповолни аспекти
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.