ЕВЕ што носи ретроградниот Сатурн за секој од хороскопските знаци!

Меркур ни донесе повеќе проблеми и пречки во комуникацијата, а ретроградниот Сатурн не учи на важни животни лекции. Што може да очекува секој хороскопски знак во следниот период? Која е најважната лекција што преку случувањата во животот ќе ја научите?

По завршувањето на ретроградниот Меркур, Сатурн веднаш почна да се движи наназад, односно ретроградно.

За разлика од влијанието на Меркур што го чувствуваме околу еден месец, влијанието на ретроградниот Сатурн ќе трае малку подолго и тоаод 4-ти јуни, па се до 23-ти октомври годинава.

Сатурн е планетата направилата, ограничувањата и се поврзува со сите одговорности што ги имаме во животот, а секоја година се движи наназад во период од четири до четири и пол месеци.

Сатурн владее со сите аспекти во животот поврзани со временски рокови, трпение, зрелост, карма и во наталната карта тој вообичаено укажува на чувството на стабилност, животните лекции и ограничувања.

Во продолжение погледнете што можете да очекувате во овој период и како подобро да се подготвите за она што доаѓа.

Овен

Доколку во последниот период правевте поголема селекција во однос на тоа со кои луѓе ќе контактирате и изградивте „ѕид“ околу вас, ретроградниот Сатурн ќе ве предизвика да ја преиспитате оваа одлука.

Ова ќе биде период во кој или ќе одлучите повеќе да излегувате и да се забавувате или уште повеќе ќе се повлечете во себеси.

Понекогаш е потребно да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот.

Бик

Познати сте по напорната работа и максималната посветеност со која ги извршувате работните задачи.

Во својата ретроградна фаза Сатурн ќе ве научи како да заземете поцврст став и да покажете поголем авторитет пред колегите и претпоставените.

Можни се некои проблеми со напредокот во кариерата, но во следните 4 месеци ќе научите важна лекција што ќе ви служи понатаму во животот.

Близнаци

Цврсто се придржувате до сопствените уверувања и ставови за тоа како треба да го живеете животот, па понекогаш се чувствувате како да сте заробени во сопствената филозофија.

Во наредниот период ќе ги преиспитате сопствените одлуки и ќе размислувате повеќе за тоа како да ги поправите грешките од минатото.

Ќе воведете некои нови правила за себеси и ќе си дозволите повеќе да уживате во животот и во новите авантури.

Рак

Во изминатиот период имавте повеќе искуства што ве научија да бидете повнимателни со тоа со кого ги споделувате своите најголеми тајни, стравови, но и финансии.

Во следниот период очекувајте дека ќе станете уште поселективни во изборот на луѓето што ќе ја имаат таа привилегија да ви бидат блиски. Сметате дека вашата енергија е бесценета и не треба да ја расфрлате насекаде.

Во согласност со тоа ќе се посветите на градење поцврста врска што се заснова на доверба и интимност со луѓето што ви се најблиску и со кои се чувствувате безбедно.

Лав

Од минатите неуспешни врски научивте многу за љубовта, но и за тоа како да направите компромис.

За време на ретроградниот Сатурн ќе се посветите на најтешките прашања поврзани со вашиот љубовен живот, но и воопшто со односите со другите луѓе.

Знаете како да поставите поголеми ограничувања, да ги одбраните сопствените ставови и потреби, но и да преземете поголема одговорност за сопствените постапки. Тоа само ќе ве направи подобар партнер.

Девица

Вашиот работен ден воопшто не наликува на вообичаените денови од пред неколку години, нели?

Во изминатите години напорно работевте на тоа да направите измени во начинот на кој ги извршувате задачите, што воопшто не е лесно за вас, со оглед на тоа што сте познати по тоа што сакате еднаш да се организирате и да не менувате премногу во распоредот.

Ретроградниот Сатурн повторно ви носи нови предизвици и ќе ве натера уште повеќе да се посветите на тоа да направите уште поголеми измени во распоредот и да направите поголем баланс меѓу приватниот живот и кариерата.

Терезија

Чувствувате постојан немир, а уште повеќе се вознемирувате затоа што не можете да се опуштите ниту во миговите кога сакате да уживате во нештата што во минатото ве правеа среќни.

Постојано размислувате за тоа што е она што не ви дозволува да бидете среќни во целост?

Во следниот период повеќе ќе размислувате за тоа како ја насочувате креативната енергија.

Можно е ова да биде одличен период за оние што подолго време се соочувале со недостаток на инспирација, а ќе ви стане јасно што е она што ве прави среќни и кои работи треба да ги отфрлите затоа што ви ја трошат непотребно енергијата.

Скорпија

Посветени сте на семејниот живот и знаете дека тоа е најважниот столб во вашиот живот, што не ви дозволува да паднете и кога сѐ друго се руши околу вас.

Во следниот период ќе имате можност да се преиспитате колку емотивно зависите од вашите блиски луѓе и кои промени треба да ги воведете во приватниот живот за да бидете посреќни.

Ќе се фокусирате на тоа да создадете уште поголема хармонија во семејниот дом, за да можете без грижа на совест да се посветите и на другите аспекти од вашиот живот.

Стрелец

Познати сте по тоа што сте мошне отворени и директни. Но во последните неколку години сѐ почесто се затворате во себеси и не сакате да зборувате за сопствените чувства и емоции.

Во следниот период ќе најдете нови креативни начини на кои ќе можете да се искажете себеси. Ќе имате нови идеи и самите ќе си поставите предизвик да бидете поискрени и поотворени.

Сепак, ќе биде потребно да ги сослушате мислењата на пријателите и блиските, можеби тие ќе ви дадат некои нови идеи за тоа што треба да правите.

Јарец

Во последните години сите лекции што ги поминавте ве учеа да бидете поодговорни со финансиите, па така во овој период може да кажете дека конечно сте ја научиле лекцијата.

Во следниот период уште повеќе ќе се сконцентрирате на тоа да си поставите строги правила поврзани со штедењето и за тоа како да ги распоредите парите што ги заработувате.

Можно е да почнете да размислувате за долгорочни инвестиции што ќе ви донесат поголема финансиска стабилност и подобар статус во општеството.

Водолија

Сатурн веќе неколку години е во вашиот знак и ве научи како да бидете посамокритични и самите себеси да си поставите повеќе ограничувања.

Во следниот период ќе треба во целост да се посветите и да ги прифатите сите одговорности што треба да ги понесете. Време е да се ослободите од стравот и да се покажете во позрело и повлијателно светло.

По заминувањето на Сатурн ќе се чувствувате како сосема нова личност и некогаш ниту самите нема да можете да се препознаете себеси.

Риби

Сакате да се посветите на фантазиите, а ве привлекуваат мистерии и сѐ она што е поврзано со окултното, духовното но и со духовниот и психолошки раст, а во изминатиот период чувствувате дека не можете да се посветите на овие аспекти во вашиот живот.

За време на ретроградниот Сатурн ќе имате можност повеќе да се задлабочите во сопствените размислувања и да се потпрете повеќе на сопствената интуиција.

Знаете како осаменоста да ја претворите во најсилно оружје и да соберете сила од сите проблеми низ кои што сте поминале. По сето ова ќе сфатите дека никој не може да ви ја одземе моќта што ја поседувате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.