Дознајте кој волшебен дар сте го добиле дента кога сте се родиле!

Нумерологија

Датата на вашето раѓање не е случајно одбрана

Не постојат случајности. Се’ што се случува во нашиот живот, се случува со причина. Датата на вашето раѓање не е случен збир од броеви. Таа сведочи за волшебниот подарок што сте го добиле кога сте дошле на овој свет.

Не е важно дали верувате или не. Дури и никогаш да не сте се обиделе да дојдете до овие податоци, треба да знаете дека овој подарок отсекогаш бил ваш составен дел. Во него се наоѓа сета ваша движечка сила.

Како се пресметува магичниот број?

На пример: ако сте родени 1 август 1978 година, треба да го пресметате вашиот магичен број на следниов начин:

1 +8 + 1 + 9 + 7 + 8 = 34 = 3 + 4 = 7

Резултатот е вашиот магичен број.

Значењето на магичниот број

Број 1

Овој број значи создавање. Се верува дека под овој број се родени луѓето со најсилни магични способности. Тие го имаат клучот на царството на магијата. Тие имаат неверојатна волја.

Предупредување: Обидете се да не манипулирате или да го користите својот дар за да ги контролирате сите околу себе.

Вашиот дар е: неверојатна волја и храброст!

Број 2

Многу сте чувствителни на енергијата што ве опкружува. Многу повеќе од останатите. Од рано детство веројатно сте чувствувале и разбирале другите луѓе. Знаете како да сочувствувате. Вашиот магичен дар се наоѓа во срцето, како и во третото око. Само вие можете да им ја олесните болката на другите.

Вашиот дар е: емпатија и интуиција

Број 3

Вие сте спој на 3 личности во една. Божица на раѓањето, љубовта и смртта. Девица, мајка и старица. Во вас секогаш е присутна моќта на создавањето и моќта на уништувањето. Луѓето често велат: „Внимавај што посакуваш!“. Оваа изрека говори токму за вас. Вистина е дека вашите мисли и желби лесно стануваат реалност.

Вашиот дар е: создавање и уништување

Број 4

Овој број ги симболизира четирите елементи: оган, вода, земја и воздух. Вие сте исклучително паметни. Бидејќи ги привлекувате сите елементи, многу тешко некој може да ве проколне. Тоа е така затоа што четирите елементи создаваат штит околу вас.

Вашиот дар е: големи магични моќи

Број 5

Овој број е поврзан со петтиот елемент – со духот. Етер, како што го нарекувале во древна Грција. Оние што се родени под овој број постојано се во контакт со духовното кралство. Лесно можат да комуницираат со душите кои се наоѓаат од другата страна.

Вашиот дар е: контакт со душите што се наоѓаат на другата страна

Број 6

Овој број е симбол на Сонцето. Вие во себе имате силен проток на енергија, бидејќи вашиот волшебен дар потекнува од Сонцето. Вие сте речиси семоќни. Вие сте лидери, но не заборавајте дека големата моќ подразбира и голема одговорност.

Вашиот дар е: исцелувањето

Број 7

Вие сте родени под закрилата на Месечината. Месечината ви дава волшебни моќи. Имате голема интуиција. Штом почнете да сонувате за нешто, тоа веднаш се остварува. Мудро користете го вашиот дар.

Вашиот дар е: визии и пророчки соништа

Број 8

Овој број се смета за еден од најволшебните броеви. Веројатно имате голема магична моќ. Знаете што е правилно и никогаш не грешите во тоа.

Вашиот дар е: алхемијата и енергетската манипулација

Број 9

Ова е бројот каде што се’ завршува и тој симболизира смрт. Вам смртта ви дава моќ, бидејќи само смртта може да предизвика повторно раѓање. Вие сте уметничка душа и го гледате светот на необичен начин. Имате моќ да ги лекувате другите луѓе. Луѓето родени под овој број честопати стануваат шамани, бидејќи тие јасно го гледаат духовниот свет.

Вашиот дар е: астрална проекција и чувар на духот на магијата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.