Дневен хороскоп за ВТОРНИК (8.1.2019)

Прочитајте каков ден ви претстои

ТЕРЕЗИЈА

РАБОТА: Започнува поволен период за работа. Одлучивте да бидете покреативни и да ги покажете своите можности. Премногу се нервирате за дреболии, истрајте, ви престои награда или унапредување. ЉУБОВ: Ова станува најважното поле во вашиот живот. Ви престои нова емотивна врска, доколку сте слободни. Некои ќе посакаат да ја обноват врската која неодамна е раскината. ЗДРАВЈЕ: Добро. Постарите да внимаваат на притисокот.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Продолжува поволниот период за работа, но вие тоа не го забележувате. Ве нервираат некои случувања во фирмата или можеби се борите за својот деловен статус, без причина. Доколку добиете понуда за нова работа, задолжително прифатете ја. ЉУБОВ: Успешно и одолеавте на личноста која ве посипуваше со внимание и додворување. Успеавте да ја оддалечите од себе и сега можете да здивнете и да и се посветите на работата која ви е важна. ЗДРАВЈЕ: Замор, забавете го темпото.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Моменталните случувања на работното место ви одговараат. Не морате многу да се напрегате, бидејќи другите работат за вас. Размислувате за службено патување на кое ќе можете да се одморите барем неколку дена. ЉУБОВ: Ова поле ви е приоритетно. Свртени сте кон себе и кон некое хоби. Некое време можеби ќе бидете разделени од партнерот и љубовта ќе ја одржувате преку жица. ЗДРАВЈЕ: Поминувајте повеќе време во природа.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Деловната позиција се подобрува и ќе биде се подобра. Ќе работи повеќе од досега. Многумина од вас размислуваат за нова работа за што овој период ви е идеален. Ќе ги добиете потребните пари. ЉУБОВ: Деновиве ќе ви се случи нешто мошне значајно на ова поле. Ќе дојде до средбата за која мечтаете. Внимавајте поради тоа да не го расипете односот со постојаниот партнер. ЗДРАВЈЕ: Можни се помали проблеми со органите за варење.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Одлучивте да се докажете со поголемо ангажирање што претпоставените го забележуваат. Една личност ќе ја зајакне вашата волја и ќе ве поттикне да успеете во своите планови. Не нервирајте се поради кулоарските приказни. ЉУБОВ: Ова поле би можело да ви биде и подобро. Чувствувате незадоволство и страдање поради изневерените очекувања. Всушност, не сте ни свесни во каква заблуда сте. Наскоро нештата ќе се сменат на подобро. ЗДРАВЈЕ: Не го поправајте расположението со антидепресивите.

РИБИ

РАБОТА: Успеавте да го зацврстите угледот кај претпоставените и колегите. Наскоро би требало да го исползувате своето знаење низ работите што ќе ви донесат брза и лесна заработувачка. Прифатете ги предизвиците. ЉУБОВ: Уживате во вниманието на саканата личност. Нејзиниот однос спрема вас се смени кога вие тоа најмалку го очекувавте. Можни се осцилации во врската, бидејќи вие премногу тактизирате и не се однесувате во согласност на она што го чувствувате. ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми поради нискиот крвен притисок.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.