Дневен хороскоп за ВТОРНИК (8.1.2019)

Прочитајте каков ден ви претстои

Доколку сакате да дознаете дали утрешниот ден ќе ви биде среќен или баксузен во љубовта, дали ќе постигнете успех во работата или можеби не е добро време да повлечете одредени потези, прочитајте го вашиот дневен хороскоп и вооружете се со потребната мудрост да го извлечете максимумот од него!

ОВЕН

РАБОТА: Вашата положба би можела да биде и подобра, но вие не го знаете вистинскиот начин. Досега требаше да ги завршите подготовките за некоја нова работа. Ви недостасуваат пари, но не грижете се, ќе добиете заем. ЉУБОВ: Постои можност да ви се врати бившата љубов. Ако скоро ја прекинавте врската, на видик е смирување. Добро би било да прифатите дел од одговорноста и да продолживте од каде застанавте. ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дишните патишта и со алергиите.

БИК

РАБОТА: Конечно можете да се ослободите од притисокот што го чувствувавте на работното место. Состојбата ви се подобрува, ќе имате повеќе ентузијазам. Можно е да го смените работното место. ЉУБОВ: Емотивниот живот ви се подобрува. Некој што ви зададе болка ќе го преболите. Ќе се заинтересирате за личноста која неодамна ја запознавте. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Исклучително поволен период за работа и унапредување. Искористете ја дозата среќа што ве следи и докажете се пред претпоставените. Искористете го финансискиот ризик, ќе дојдете до посакуваните пари. ЉУБОВ: Похрабри сте од вообичаеното. Можна е тајна емотивна афера или ќе го обновите контактот со некоја од бившите љубови. ЗДРАВЈЕ: Мошне добро, чувајте се од повреди.

РАК

РАБОТА: Ова е важен период за работа, особено за реализирање на плановите кои ги правите со своите колеги. Соберете ги документите за отворање на нов бизнис или за купување  недвижнини. ЉУБОВ: Во љубовта бевте нереални и го идеализиравте партнерот. Тој е вљубен во вас, но ве тестира колку можете да му прогледувате низ прсти и да го толерирате неговото игнорирање. Ќе чуете нешто што тој ви премолчил. ЗДРАВЈЕ: Добро, без поголеми промени.

ЛАВ

РАБОТА: Исклучително поволен период за работа. Почнува да зајакнува вашата позиција во фирмата во која работите. Можно е унапредување или вработување. Ќе запознаете нови луѓе од бизнис-сферата, кои ќе ви бидат од корист. ЉУБОВ: Може да дојде до прекинување на врската, бидејќи партнерот не умее да ве цени. Можна причина е и запознавањето со лицето кое ве интригира. ЗДРАВЈЕ: Проблемите исчезнуваат.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Вашата позиција постепено слабее, па ќе мора да се потпирате на помошта на колегите. Многумина планираат да отпатуваат надвор од земјата. Ќе ги добиете очекуваните пари, но ќе ги потрошите на небитни работи. ЉУБОВ: Емотивно расцутување е на хоризонтот. Лицето со кое не расчистивте во целост ќе сака да се врати ви вашиот живот. Меѓутоа, вам во меѓувреме ви се допадна некој друг. Ќе ви биде интересно. ЗДРАВЈЕ: Добро.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.