Дневен хороскоп за СРЕДА (28 јули 2021)

Астро-прогноза

Прочитајте каков ден ве очекува и бидете подготвени за евентуалните предизвици.

Овен

Мали проблеми на работа ќе ви создаваат нервоза. Можна е добивка надвор од работата. Недоразбирањата со партнерот ќе ескалираат кон крајот на денот. Слободните можат да почнат перспективна врска. Стомачни тегоби.

Бик

Ќе имате трпение и разбирање за повеќето свои колеги, па вашата толеранција ќе биде пофалена од претпоставените. Денес емотивните врски ќе поминат низ различни фази. Слободните ќе флертуваат. Настинка.

Близнаци

Нема да бидете задоволни од постигнатото, затоа што вашите очекувања се нереални. Партнерот секојдневно ќе ве посипува со внимание. Слободните ги очекува интересен додворувач. Опаѓање на имунитетот.

Рак

Поради вашата инерција, новите деловни случувања нема да ви годат. Емотивниот партнер ќе бара од вас поголемо внимание и нежност. Слободните ќе ја обноват бившата љубов. Одлично здравје.

Лав

Пред вас се повеќе можности во работата, што може да ве збуни. Сепак, на крај ќе го направите најдобриот избор. Емотивните врски ќе функционираат добро. Слободните ги очекува интересно познанство. Проверете го притисокот.

Девица

Настаните на работното место ќе ви донесат задоволство, бидејќи многу брзо и лесно ќе се соочувате со предизвиците. Во почеток на денот врските ќе заблескаат, но подоцна е можно да се јават недоразбирања. Слободните ќе флертуваат. Нервоза.

Терезија

Нема да бидете мотивирани да ги решавате клучните деловни проблеми, ќе претпочитате да уживате одошто да работите. Емотивните врски ќе ги исполни страст. Слободните ќе се смират со бившата љубов. Несоница.

Скорпија

Иако нема да имате јасно дефинирана деловна цел, околностите ќе ви донесат добри резултати. Емотивните врски нема да бидат хармонични. Слободните можат да најдат соодветен партнер. Контролирајте ја крвната слика.

Стрелец

Новите партнери ќе ги прошират деловните видици и ќе ви го кренат еланот за работа. Емотивните врски ќе имаат мали недоразбирања. Слободните ќе имаат многу додворувачи. Можни се респираторни инфекции.

 Јарец

Пред вас е многу возбудлив и динамичен ден на работа, со многу подеми и падови. Емотивните врски ќе расцутат, особено во првата половина на денот. На слободните им се смешка нова љубов. Чести главоболки.

Водолија

Новите деловни предизвици ќе ве мотивираат да работите повеќе и подобро, па ќе остварите задоволителен профит. Емотивните врски се хармонични. На слободните ќе им се додворува упорен додворувач. Движете се.

Риби

Ќе успеете да ги надминете недоразбирањата на работното место. Можна е соработка со колеги од странство. Љубомората на партнерот ќе ве кочи во вашата врска. Слободните ги чека необична понуда. Забоболка.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.