Дневен хороскоп за СРЕДА (20 октомври 2021)

Астро-прогноза

Бикот не гледа иднина на врската, девицата е пред раскинување, јарецот е емотивно незаинтересиран за партнерот, а рибите настојуваат да го подобрат односот.

Овен

Обврските ви заостануваат и не знаете како да се вратите во колосек. Партнерот ви нуди поддршка. Се потпирате на него во секоја смисла.

Бик

Задоволни сте од тоа како се одвиваат работите. Незаинтересирани сте за врската. Дојдовте до ниво на кое немате што да му кажете на партнерот, а ни тој на вас.

Близнаци

Задоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. Прилично сте упорни и прагматична. Задоволни сте од односот со партнерот. Тој делува малку загрижено, но во потполност е посветен на врската.

Рак

Кренавте раце од обврските. Свесни сте дека партнерот не е заинтересиран за посериозна врска и дека веднаш би се сложил доколку му предложите да се разделите.

Фото: Pixabay

Лав

Не успевате да ги решите проблемите. Дури ниту вашата упорност, ни дополнителниот труд не даваат никакви резултати. Партнерот е во депресивна фаза. Сметате дека тој е тип кој не се возбудува премногу околу тоа.

Девица

Односите со луѓето околу вас се одвиваат одлично. Врската ви е во криза. Некогаш уживавте во комуникацијата со партнерот, сега комуникацијата воопшто ја нема.

Терезија

Ситуацијата во која се наоѓате е стабилна и задоволни сте како се одвиваат работите. Уживате во односот со партнерот. Ви делува загрижено, но вие сте тука да го опуштите.

Скорпија

Денешниот ден ќе ви биде многу тежок и ќе бидете демотивирани. Имате симпатија, но немате контакт со неа. Го чекате вистинскиот момент за да се пуштите во акција.

Стрелец

Нештата се одвиваат совршено. Што и да замислите – се остварува. Задоволни сте од тоа како ви се развива врскта. Партнерот е емотивно стабилен што ви значи многу.

Јарец

Обврските стагнираат и сте прилично загрижени поради тоа. Немате идеја како да ја подобрите ситуацијата. Емотивно сте незаинтересирани за партнерот. Сметате дека вашата врска е чиста формалност, бидејќи емоциите повеќе ги нема.

Водолија

Планирате некои стари идеи да ги преформулирате и да ги реализирате. Имате огромни очекувања. На емотивно поле нема нови случувања. Имате субјетивен впечаток дека никогаш нема да запознаете адекватна личност за врска.

Риби

Задоволни сте од тоа како се одвиваат работите. Заинтересирани сте за соработка. Врската ви е во криза. Партнерот тотално се оддалечи од вас и не знаете што да направите за да го подобрите односот.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.