Дневен хороскоп за СРЕДА (14 јули 2021)

Прочитајте каков ден ве очекува

Фото: Getty Images

Раковите им бараат мана на потенцијалните додворувачи, девиците во долги врски можно е да раскинат, на стрелците им претстои љубов со необична личност…

Астролошките предвидувања за третиот ден од неделата можеби ќе ви помогнат да ги избегнете евентуалните проблеми.

ОВЕН

Работата и кариерата се актуелизираат и сега почнувате да ги реализирате вашите планови и идеи за нова работа или промена на компанијата. Многумина ќе добијат некој официјален документ на нивниот статус. Почнува идеален период за купување недвижнини. На љубовен план ви е динамично. Можно е трета страна да се меша во вашата врска или вие сте тоа фамозно трето лице што е вљубено во некој што е зафатен. Задоволете со она што го добивате додека не се подобрат работите.

БИК

Премногу очекувате од другите во спроведувањето на бизнис-планот. Оние што работат во странски компании ќе профитираат, а постои можност да заминете на некое бизнис-патување. Ако размислувате за промена на работното место, одложете ја одлуката, не правете ништо набрзина.

Во овој период ќе ви биде тешко да се откажете од некои ваши планови поради противењето на личноста со која сте во врска. Имате впечаток дека ве кочи и ќе се обидете да се изборите  за вашето парче слобода.

БЛИЗНАЦИ

Вашата позиција е значително подобра. Многу од работите за кои сонувавте сега ќе ги реализирате, а тоа особено важи за оние што планираат да почнат со приватен бизнис и оние што првпат се вработуваат. Парите ќе ги имате во изобилие.

Го менувате објектот на вашата љубов. Некои од вас би можеле да бидат незадоволни од однесувањето на партнерот. Тој има проблем што не сака да ви го открие, обидете се да го разберете и да му помогнете со вашата поддршка.

Фото: Pixabay

РАК

Се чувствувате уморни од работата и имате впечаток дека не сте доволно наградени за вложениот труд. Ова би можело да влијае на вашата желба да продолжите да бидете на врвот. Мој совет до вас е да продолжите со работното темпо и сивите мисли исфрлете ги од глава. Нештата ќе се сменат на подобро, само што не сте информирани за тоа.
И покрај многуте додворувачи што се постојано околу вас, вие во се барате влакно во јајцето. Се сомневате во саканата личност, но наскоро ќе дознаете дека не сте биле во право. Ќе ви се случи нешто прекрасно кога најмалку очекувате.

ЛАВ

Исклучително сте силни и полни со себеси, внимавајте да не претерате и некого да не повредите со зборови. Ќе ги реализирате вашите планови и ќе ја добиете долго посакуваната работа, со повисока плата. Можни се некои пари од некоја ризична работа. Уживајте со полни гради и не верувам дека постојат Лавови што се слободни. Ако има, нема да биде така уште долго време. Тие што се во брак или во врска се предмет на обожавање на нивните партнери.

ДЕВИЦА

Чувствувате нервоза, бидејќи не можете да реализирате некои ваши планови. Работите на црно за да ја забрзате работата, но безуспешно. Внимавајте да не направите некој погрешен потег, кој би можел да ве врати наназад. Времето за вистински акции само што не дошло. Имајте трпение уште неколку дена.

Можно е да не сте задоволни од врската, па имате некоја комбинација на страна, но внимавајте што правите за да не се покаете подоцна. Оние што се во долги врски можни се раскинувања.

Фото: Pixabay

ТЕРЕЗИЈА

Влеговте во фаза на промени и сега нема враќање назад. Затоа бидете вредни и решителни во реализација на деловните цели и успехот би можел да биде ваш. Имајте трпение, бидејќи нештата што ве нервираат ќе се средат самите од себе. Некоја нова личност почнува да се интересира за вас. Можно е да живее во странство или во некоја соседна држава. Во секој случај, емотивниот план ќе ви биде исклучително интересен.

СКОРПИЈА

Можна е некоја необична судбинска понуда за работа во нова компанија или некои можеби ќе заминат и во странство. Бидејќи работата ви е најважно нешто во животот, тука би можеле да ги реализирате вашите емоции. Вие не сте имуни на синдикална љубов, и ако сте во врска, внимавајте што правите, бидејќи таа обично завршува тажно. Здравјето ви е добро.

СТРЕЛЕЦ

Освен вашите способности, потребна ви е и малку среќа за да завршите некоја работа, и да ја наплатите. Одолжувањето на ветувањата кај вас предизвикува нервоза. Не наседнувајте на провокации, туку бидете смирени, нештата набргу ќе се решат. Постои можност на ова поле да ви се случат необични нешта, кои ќе ве остават без здив. Ако сте слободни, очекувајте нови познанства и почеток на врска со некоја необична личност, која не е екстра атрактивна, но има душа.

ЈАРЕЦ

Деновиве помала настинка или здравствени проблеми би можеле да ве одделат од работата. Една од причините е вашето незадоволство од работата со која се занимавате. Кој бара – тој и ќе најде, па и вие завртете се околу себе и обидете се да се удомите во друга фирма.

Емотивниот живот моментално ви е во мирување. Некои други нешта не ви дозволуваат да уживате со саканата личност, но ја имате поддршката од партнерот.

ВОДОЛИЈА

За вас почнува идеален период за работа и за кариера. Ќе бидете поуспешни и дури тогаш ќе ги реализирате деловните планови. Би можеле да побарате помош од личност што живее далеку од вас или од странски банки.

Во овој период би можеле да се откажете од освојување на некоја личност и да се насочите кон друг предизвик. Во овој период можен е и почеток на нова емотивна врска.

РИБИ

Нештата се расчистуваат и почнувате да дишете со полни гради. Решавате недоразбирања со блиски луѓе и конечно ќе постигнете значајни деловни договори и ќе потпишете документи заверени за суд. Ако сакате да почнете приватен бизнис, ова е идеален период за тоа.

Припадниците на вашиот знак, кои во овој период закажаа венчавка, го направија вистинскиот потег. Оние во брак ќе имаат подобра комуникација.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.