Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (26 јули 2021)

Астро-прогноза

Биковите размислуваат да преминат во друга фирма, стрелците ќе драматизираат и зголемуваат штетата, а водолиите одлично тактизираат.

Прочитајте каков ден ве очекува и подгответе се за новите предизвици последната работна недела во јули!

Овен (21. 3 – 20. 4)

Љубов: По обичај, се поставувате супериорно во однос на партнерот, но тоа би можело да предизвика караница и конфликт со посериозни последици. На слободните им претстои убава авантура.

Работа: Амбициозни сте, а тоа посебно доаѓа до израз во овој период, кога повеќето други знаци одмораат. Имате шанса да се докажете.

Здравје: Добро се чувствувате. 

Бик (21. 4 – 20. 5)

Љубов: Оние што се во врска ќе западнат во монотонија. На слободните им претстои ново познанство.

Работа: Ќе ги преиспитувате своите желби и амбиции, па можеби ќе заклучите дека моменталната работа не ве исполнува како порано. Некои ќе размислуваат за премин во друга фирма.

Здравје: Можни се главоболки и премаленост.

Близнаци (21. 5 – 21. 6)

Љубов: Зрачите со позитивна енергија, која ќе успеете да ја пренесете на партнерот. Ако сте слободни, ќе ги шармирате сите околу себе.

Работа: Многу ќе и се посветите на работата, но ако не сте на управителска функција, некој над вас би можел да ги присвои вашите заслуги.

Здравје: Можна е вирусна инфекција.

Рак (22. 6 – 22. 7)

Љубов: Партнерот ќе се обиде да ве потчини. Искрено кажете му дека ви пречи тоа и ситуацијата набрзо ќе се подобри. Слободните ќе запознаат интересна личност на работното место.

Работа: Ако преку работата контактирате со многу луѓе, ќе имате успех. Финансиската ситуација полека, но сигурно се подобрува.

Здравје: Респираторни проблеми.

Лав (23. 7 – 23. 8)

Љубов: Слободните Лавови ќе бидат расположени за заведување. На видик се авантури, кои може да прераснат во врска. На зафатените им претстојат мали кавги, но и голема страст во врската.

Работа: Амбициозни сте, како и секогаш, но овој понеделник нема да имате многу шанси за докажување.

Здравје: Добро се чувствувате.

 

Девица (24. 8 – 23. 9)

Љубов: Оние што се во врска ќе имаат проблеми со партнерот, но нема премногу да се грижат за тоа. Слободните зрачат со посебен шарм.

Работа: Ако во изминатиов период презедовте поволни чекори, сега е време да здивнете и да уживате во плодовите на сопствениот труд.

Здравје: Стомачни проблеми.

Терезија (24. 9 – 23. 10)

Љубов: Ако посакувате некоја промена со партнерот, стрпете се, не е време за тоа. Слободните ќе имаат многу додворувачи.

Работа: Овој понеделник нема да имате интересни мигови во работата, па ќе се досадувате и може да се случи да го загубите интересот. Сепак тоа е минлива фаза.

Здравје: Можни се главоболки.

Скорпија (24. 10 – 22. 11)

Љубов: Овој понеделник ќе бидете вистински магнет за лицата од спротивниот пол. Никој нема да може да ви одолее! Ви претстојат убави мигови со партнерот.

Работа: Сакате да постигнете максимум и да ја зацврстите својата позиција, која секако е добра. Внимателно трошете ги парите.

Здравје: Чувајте се од скршеници.

Фото: Getty Images

Стрелец (23. 11 – 21. 12)

Љубов: Позитивните промени на полето на љубовта доаѓаат бавно, но сигурно. Врската ќе се зацврсти, а емоциите ќе се засилат. Слободните се на прагот на нова врска.

Работа: Паничите и ги драматизирате нештата. Всушност, работата не ви оди толку лошо. Овој понеделник не очекувајте финансиска добивка.

Здравје: Добро се чувствувате.

Јарец (22. 12 – 20. 1)

Љубов: Тежнеете да бидете главни во врската, но на некои претставници на овој знак партнерот нема да им го дозволи тоа. Затоа се можни караници и раскинување.

Работа: Можно е разочарување, бидејќи проектот на кој работевте нема да доживее успех каков што очекувавте. Сепак нема да бидете во загуба.

Здравје: Ќе се нервирате.

Водолија (21. 1 – 19. 2)

Љубов: Водолиите сакаат промена во врската, па некои од нив ќе посакаат заеднички живот со партнерот. Слободните се на прагот на нова врска.

Работа: Одлично тактизирате, па лесно умеете вниманието да го свртите на себе. Можете да постигнете одлични резултати, под услов да осмислите добра стратегија.

Здравје: Можни се проблеми со забите.

Риби (20. 2 – 20. 3)

Љубов: Пожртвувани сте и склони на откажувања за хармонија во врската. Врската ќе ви процвета, но мора да бидете трпеливи. На слободните ќе им се додворува некој што е зафатен.

Работа: Овој понеделник работата нема да ви биде во прв план. Тоа нема да ви донесе штета, бидејќи на работното место нештата се мирни.

Здравје: Зголемете го внесувањето витамини за засилување на имунитетот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.