Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (23 мај 2022 година)

Дознајте каков ден ве очекува!

Бикот се чувствува уморно, лавот го мачи главоболка, на стрелецот му се укажува можност за нова љубовна врска.

ОВЕН 

Ако имате приватен бизнис, ќе имате период на подобрување на вашата заработка. Може да очекувате дека во иднина ќе можете да пронајдете личност со која ќе имате искрена љубов. Може да ви се случи опаѓање на енергијата.

БИК 

Пред вас е период во кој ќе можете да одморите. Напорното темпо е зад вас. Ќе имате можност да започнете долгорочна врска со личноста што ви се допаѓа. Можни се проблеми заради замор.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате нова деловна шанса. Подготвени сте да ги покажете своите таленти во најдобро светло. Можно е неочекувано да избие кавга помеѓу вас и вашиот партнер и тоа без посебна причина. Погрижете се за забите.

РАК

Верувате дека можете да ги постигнете поставените цели. Потребни ви е само малку повеќе време. Денес е поволен ден да стапите во контакт со лицето што ви се допаѓа. Ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта. Потребна ви е поголема физичка активност.

ЛАВ

Денес сте склони кон грешки во деловната област. Избегнувајте големи ризици. Не сакате да бидете сами и сакате да ви се случи некоја нова љубов. Подготвени сте да бидете поотворени во додворувањето. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Ако сакате да напредувате, ќе треба да започнете да вложувате многу работа и напор во врската со саканата личност. Ако не сте во врска, направете го првиот чекор кон симпатијата. Можни се дигестивни проблеми.

ТЕРЕЗИЈА

Можеби имате чувство на несигурност во работа. Ви се чини дека околу вас се случува некоја интрига. За вас следува емотивно тежок период во врската со саканата личност. Можни се чести расправии. Можни се проблеми со очите.

СКОРПИЈА

Ве очекува период кој би можел да биде доста комплициран за вас. Дајте сѐ од себе за мирно да ги решите деловните проблеми. Вашата емоционална состојба исто така не е добра. Се оддалечувате од партнерот. Проблеми со несоница.

СТРЕЛЕЦ 

Ве очекува ден во кој ќе можете успешно да ги исполните вашите планови. Може да очекувате брзина и ефикасност во спроведувањето на вашите идеи. Се појавува можност за нова љубовна врска. Вие сте силни и здрави.

ЈАРЕЦ

Нервозата што ве опкружува во полето на работа ве тера да помислите дека е време за некоја промена. Се оддалечивте од емотивните проблеми. Сега не сте подготвени да започнете нови односи. Вашиот грб и ‘рбет се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Може да се надевате на позитивен пресврт на деловна област. Кога мислевте дека сè е изгубено – вашата среќа се враќа! Заедно со партнерот правите многу значајни планови за иднината. Се чувствувате добро.

РИБИ

Можеби ќе имате некои мали недоразбирања на деловно поле во наредниот период. Се отвора можност за нова љубовна врска. Сепак, не сте ни сигурни дали сакате нешто повеќе од авантура. Внимавајте на нервниот систем.

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.