Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (23.11.2020)

Дознајте каков ден ве очекува

Почетокот на новата недела за некого мајка, а за некого маќеа…

Во продолжение на текстот прочитајте каков почеток на работната недела ве очекува…

ОВЕН 21.3 – 20.4

Дури и по криза, врската може да биде поцврста. Слободните ги очекува понуда од бившиот за обновување на врската. Нема да имате доволно сила за совладување на пречките во работата. Проблеми со кожата.

БЛИЗНАЦИ 21.5 – 21.6

Состојбата во врските ќе се искристализира и ве очекува напредок. Слободните се впуштаат во возбудлива авантура. Ќе се обидете да ги реализирате своите деловни идеи што ги имате на ум подолго време. Гинеколошки проблеми.

БИК 21.4 – 20.5

Во врските ќе доминираат недоразбирања и караници. На слободните им претстои интересно познанство. Во работата се стремите кон лични цели, кои можат да отстапуваат од колективните. Нервоза.

РАК 22.6 – 22.7

Партнерот може да ви забележи на отсутноста, но кон крајот на месецот врската ќе биде посодржајна. Слободните ги очекува интересна понуда. Ве очекува подобра заработувачка на работното место.

ЛАВ 23.7 – 23.8

Во врската владее хармонија. Слободните можат да пронајдат соодветен партнер. Лавовите нема да бидат во можност да постигнат доволно добри резултати. Одлично здравје.

ДЕВИЦА 24.8 – 23.9

Одвреме-навреме недоразбирањето во врската може да предизвика судири. Слободните може да се смират со бившиот партнер. Ќе бидете упорни да се изборите со проблемите на работното место. Проблеми со дишењето.

ТЕРЕЗИЈА 24.9 – 23.10

 Емотивните врски ќе бидат во нерамнотежа, а можни се и изливи на љубомора. Слободните би можеле да обноват врска од минатото. Динамичната состојба и екстра-профитот ќе дојдат преку новите соработници. Реума.

СКОРПИЈА 24.10 – 22.11

Во врските се можни повремени караници. Слободните кон крајот на месецот ќе стапат во врска. На скорпиите им претстојат нови деловни можности, особено ако соработуваат со огнени знаци. Забоболка.

СТРЕЛЕЦ 23.11 – 21.12

Разните недоразбирања ќе го оптоваруваат односот. Слободните нема да му одолеат на шармот на бившиот. Стрелците ќе ги искористат деловните можности на вистинскиот начин. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ 22.12 – 20.1

Партнерот ќе ви забележи на нервозата што ја внесувате во врската. Слободните ги очекува интересен додворувач. Ќе бидете напнати и без мотивација да се борите на работното место. Главоболка.

ВОДОЛИЈА 21.1 – 19.2

Врските ќе поминуваат низ разни искушенија, партнерите нема да можат да ги усогласат своите обврски. Слободните би можеле да обноват бивша врска. Ви претстои напорен ден на работа.

РИБИ 20.2 – 20.3

Емотивните врски ќе бидат оптоварени со љубомора. Слободните би можеле да започнат краткотрајна романса. На рибите работата ќе им оди од раце. Внимавајте на висок крвен притисок.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.