Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (14.1.2019)

Прочитајте каков ден ве очекува

Дочекајте ја новата работна недела подготвени за сите предизвици што ви ги носи таа.

Овен

Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Бик

Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите. Некоја добар филм е секогаш решение за стресот. Релаксирајте се!

Близнаци

Престанете да бидете дрски и бидете љубезни со сите. Никогаш не знаете кога некој ќе ви затреба. Вечерва, излезете со пријателите на кои им недостасувате во последно време поради вашата презафатеност. Можеби ве очекуваат изненадувања.

Рак

Ќе успеете да направите промени во вашиот љубовен живот. Во попладневните часови ќе имате прекрасна средба со вашите пријатели. Дајте му шанса на секого да зборува. Избегнете го вклучувањето во расправии и кавги со припадниците на знакот бик од вашето опкружување.

Лав

Може да бидете вознемирени поради тоа што имате пропуштено некоја работа со неполно работно време или поради инвестицијата која се има покажана како непрофитабилна. Би можеле да се почувствувате дека ништо не се одвива како што посакувате вие и дека секој е против вас.

Девица

По еден подолг период на разочарување во социјалните и емотивните области на животот, изненадувачки ќе бидете успешни. Оваа ненадејна промена ќе ве поттикне да размислувате. Искористете ги овие поволни околности. Бидете внимателни и уверете се дека нема да ги разочарате пријателите!

Терезија

Денеска ве очекува голем пресврт на настаните. Некој ваш поранешен партнер повторно ќе ви ги искаже своите чувства. Доколку тоа е она што го сакате, на повидок е една старо-нова романса. Во вечерните часови организирајте дружба со пријателите.

Скорпија

Денешниот ден ќе ви помине во знакот на доброто расположение. Ќе поминете неколку прекрасни часови во прегратката на вашиот партнер, а тоа дополнително ќе ви го разубави денот. Во вечерните часови излезете на кратка прошетка.

Стрелец

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Јарец

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Водолија

Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време, можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

Риби

Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе. Среќно!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.