Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (13.4.2021)

Дознајте каков ден ве очекува

ФОТО: Pixabay

Близнаците ќе запознаат интересен додворувач, биковите се на прагот на нова авантура, терезиите се расположени за флертување… Еве каков ден ги очекува 12-те знаци на Зодијакот утре.

ОВЕН (Текстот продолжува по огласот!)

Следете ја својата деловна интуиција, која ќе ве доведе до посакуваната цел. Емотивниот партнер ќе ви биде голема поддршка во сите полиња. Слободните ќе пропуштат одлична прилика поради својата неодлучност. Алергија.

БИК

Ќе бидете истрајни во намерата да ги решите деловните проблеми што подолго време не ви даваат мир. Партнерот малку ќе ве запоставува, па често ќе му префрлувате. Слободните се на прагот на нова авантура. Нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот труд конечно ќе биде препознаен и вреднуван. Неразбирањето на партнерот на вашите средби со пријателите ќе ја наруши хармонијата во врската. На слободните им се смешка интересно познанство. Главоболка.

РАК

Конфузната ситуација на работното место ќе ви го разниша работниот елан. Сепак, состојбата ќе се стабилизира кон средина на денот.  Слободните ќе имаат многу додворувачи. Стомачни тегоби.

ЛАВ

Ви недостигаат волја и енергија за работа и за справување со предизвиците. Љубомората ќе ви пречи во љубовната врска, а слободните ќе запловат во динамична авантура. Одлично здравје.

ДЕВИЦА

Случувањата на работното место ќе ви одат во прилог. Судирот на размислување ќе ја наруши хармонијата во емотивните врски. Долгогодишно пријателство би можело да стане нешто повеќе. Болки во грбот.

ТЕРЕЗИЈА

Периодот пред вас ќе отвори нови деловни хоризонти и ќе ви донесе интересни соработници. Партнерот ќе ужива во вашето друштво. Слободните ќе бидат расположени за нови познанства и за флерт. Офталмолошки проблеми.

СКОРПИЈА

И најмал неуспех ќе ве исфрли од рамнотежа, бидејќи целата енергија ќе ја насочите кон деловната сфера. Емотивните врски ќе функционираат хармонично. Слободните ќе запознаат интересна личност. Одлично здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете полни со разбирање кон колегите што ќе настојуваат да ја наметнат својата визија. Почетокот на денот ќе го обележат недоразбирања во врската, но ситуацијата ќе се стабилизира. Слободните ќе запознаат сродна душа. Несоница.

ЈАРЕЦ

Нема да бидете упорни во мера во која соработниците очекуваат од вас. Во емотивните врски ќе доминира напнатост. Слободните ќе му бидат цел на упорен додворувач. Болки во нозете.

ВОДОЛИЈА

Соработката со партнери од странство ќе даде голем плод. Со сите сили ќе настојувате да ја освежите врската и да ја разбудите заспаната романтика. Слободните ќе бидат заинтригирани од еден нов познаник. Контролирајте го крвниот притисок.

РИБИ

Новите деловни проекти ќе ви осигурат долгорочен профит. Иако работните обврски ќе ве спречат да му се посветите на партнерот, ќе настојувате што поквалитетно да го поминувате заедничкото време. Слободните ќе стагнираат. Забоболка.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.