Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 30 април 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Бик има проблеми со бубрезите, Лав ужива со саканата личност, Девица донесува паметни одлуки.

ОВЕН

Денес, може да имате поголеми трошоци од планираното. Можни се осцилации во областа на финансиите. Ќе имате можност да запознаете личност која ќе биде одговорна за сериозна врска. Подложни сте на воспаление.

БИК

Имате прилично големи очекувања од вашата тековна работа. Можно е да не се оствари сè што замислувате. Саканата личност дава сѐ од себе за да ве задоволи и да ви ги покаже своите искрени чувства. Проблеми со бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат многу деловни обврски што треба да ги искористите денес. Засега сте пасивни и не сте подготвени за нови познаници, но таа фаза нема да трае долго. Можно е мало намалување на имунитетот.

РАК

Ако сте имале конфликт во деловното опкружување, сега е можноста да решите сè. Ве очекува поволно време за љубов. Уживате во убава врска со вашата сакана личност. Градите се чувствителни.

Прочитајте и: Три хороскопски знаци што имаат предиспозиција својата сродна душа да ја најдат подоцна во животот

ЛАВ

Во моментов не сте во најдобра фаза кога станува збор за работа. Потребно ви е многу време за да ги решите проблемите. Односот со вашата сакана личност се смени, полека работите меѓу вас двајцата се подобруваат. Можни проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Ќе донесете нова одлука кога станува збор за работата. Подготвени сте да го промените она што не е соодветно за вас. Ви се допаѓа личноста која ќе испадне дека има некои тајни. Подготвени сте за една комплицирана врска. Можни се проблеми со грлото.

ВАГА

Стабилноста ве чека кога станува збор за вашата работа. Задоволни сте од она што го постигнавте на ова поле. Немате причина да се грижите кога станува збор за љубовта. Имате многу добри односи со партнерот. Посетете го вашиот лекар.

ШКОРПИЈА

Не е добар ден за нови деловни промени, какви било ризици или нови проекти. Можно е да се заљубите во личноста која ви се појавува во деловно опкружување. Алергиски проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Имате впечаток дека соработниците се на некој начин неискрени со вас. Вие ја губите довербата во вашето деловно опкружување. Ве очекува флерт со личност што сте ја запознале преку пријател. Подготвени сте за нова врска. Проблеми со циркулацијата.

Со овие 3 хороскопски знаци дури и карантинот е забавен!

ЈАРЕЦ

Може да очекувате дека денес ќе можете да решите некои од деловните проблеми што ве мачеа. Вие сте доста задоволни со вашиот партнер, вашата врска е стабилна. Добро здравје.

ВОДОЛИЈА

Ве чека нова можност да се посветите на некоја работа што претходно ви останала недовршена. Отворено ќе покажете интерес кон симпатијата. Може да очекувате започнување на врска. Добро би ви дошла масажа.

РИБИ

Може да очекувате добар ден за работа. Ќе имате многу добра комуникација во вашето деловно опкружување. Уживате во секојдневно флертување. Среќни сте со љубовната ситуација што ја имате. Избегнувајте мрсна храна.

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.