Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 18 февруари 2021

Дознајте каков ден ве очекува

Фото: Pixabay

Овенот избегнува расправии за ситници, лавот смислува нови и невообичаени планови, скорпијата планира љубовен состанок, рибите уживаат во средбата со блиска личност

Прочитајте го дневниот хороскоп на вашиот знак и подготвени дочекајте го новиот ден.

Овен

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостасува во емотивните односи. Партнерот делува сомнително во неговите чувства и однесување. Не сакате да се расправате околу ситници што непотребно ве разделуваат. Секој вид деловна превентивност ќе биде од помош.

Бик

Планирајте излегување или емотивна средба, ќе уживате во друштво на блиска личност. Важно е да се чувствувате пожелно во неговата близина. На деловно поле, секогаш постои полесен или потежок пат до успехот, внимателно анализирајте ги различните предизвици и можности што постојат во деловната сцена.

Близнаци

На емотивно поле, нема потреба да влегувате во конфликт со саканата личност. Емоционалните несогласувања не се значајни за новите настани. Играјте посигурно, за вас. На деловно поле, потребна ви е поддршка за соработка. Ако сте доволно разумни, прифатете корисен предлог и угледајте се на една успешна личност.

Рак

Важно е правилно да ги контролирате вашите импулси и чувства на љубомора. Вашиот партнер нема смирено да ги толерира вашите забелешки и „љубовни убоди“. На деловно поле, на вас останува да го донесете „последниот збор“ што ќе претставува позитивна пресвртница во деловниот дијалог. Вие сте секако во предност.

Лав

Додека вашиот партнер задоволно се насмевнува и ги поддржува вашите идеи, вие неуморно смислувате нови или невообичаени планови. На деловно поле, може да очекувате успех деловните проекти кои добро се наплатуваат или можност за обука и усовршување. Потребно е да ја подобрите вашата кондиција.

Девица

Саканата личност негодува и го оспорува вашето однесување. Но, вие тоа го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист. Ако се оддалечите од круговите за соработка, ве очекуваат дополнителни компликации и потешки услови. Под стрес сте, а обрнете внимание и на поправилна исхрана, бидете умерени.

Терезија

Бидете искрени во средбата со саканата личност. Меѓусебната доверба е неопходна и делува „лековито“. Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата фрустрација, суета или незадоволство.

Скорпија

Планирајте состанок со личност која предизвикува емоционални бранови во вас, потребен ви е позитивен импулс. Потпрете се на моќта на вашите чувства. Некој го саботира вашиот успех, така што непотребно ве оптоварува со нови тест ситуации или дополнителни услови. Важно е да се одржи трезвеност и позитивно расположение.

Стрелец

Очекувате премногу од нечии ветувања. Обрнете внимание на личноста која често ги менува своите изјави или расположение. Постапката која за вас претставува едноставно деловно решение, за некој друг делува како премногу комплицирана постапка. Избегнувајте брзоплетост, опуштете се. Ќе ви годи психолошка релаксација.

Јарец

Понекогаш е тешко да се подвлече јасна линија или да се постави знак на еднаквост, помеѓу гласот на разумот и неконтролираните емоции. Следете го примерот на една успешна личност од вашето опкружување и не ризикувајте доколку тоа не е неопходно. Завршете ја започнатата работата во предвидениот рок.

Водолија

На емотивно поле, нема потреба да се занесувате од нечија приказна или да верувате во среќата што доаѓа одеднаш. На деловно поле, контактирајте лице кое има веродостојни и сигурни информации. Не ризикувајте. Во овој период, ќе ви годи витаминска исхрана.

Риби

Ќе уживате во средбата со една блиска личност. Некој во вас покренува синџир на позитивни асоцијации и поттикнува нови емотивни желби. Средбата или расправијата со една личност е заморна за вас. Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.