Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 16 јули 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Фото: Unsplash

Рак може да очекува поволен ден, Вага одлучи да стави крај на врската, Овен бара помирување со партнерот.

ОВЕН

Вие не сте подготвени да направите деловни промени. Сакате да се обидете да одржите добра состојба во тековната работа. Пред вас е фаза во која ќе се залагате за помирување со стариот партнер. Проблеми со урогениталниот тракт.

БИК

Може да очекувате нова можност за работа. Подготвени сте максимално да се посветите на вашите амбиции. Имате впечаток дека вашето љубовно поле е многу променливо и не сте задоволни од вашата врска со партнерот. Вашиот имунитет е ослабен.

БЛИЗНАЦИ

Вас не ве интересира деловната понуда што ви пристигнува денес. Подготвени сте да се посветите на повисоки цели. Големи пресврти ве чекаат кога станува збор за полето на љубовта, ќе бидете изненадени. Забрзана работа на срцето.

РАК

Не е добро време да се сменат работните места затоа што може да се покаете откако ќе донесете погрешна одлука. Можно е да сте збунети и да имате мали тешкотии во областа на љубовта. Градите се чувствителни.

Прочитајте и: Лето & љубов: Што ни порачуваат ѕвездите?

ЛАВ

Може да очекувате поволен ден за решавање на деловните недоразбирања од минатото. Не сте расположени да комуницирате со партнерот, се повлекувате и на некој начин сте тивки. Вашите синуси се чувствителни.

ДЕВИЦА

Осцилациите НА деловното поле може да бидат многу стресни за вас во наредниот период. Вие не сакате да работите под притисок. Вие не знаете да се позиционирате во комуникација со лицето за кое се грижите. Зголемен апетит.

ВАГА

Ќе можете да направите мала промена во работата денес. Може да очекувате да бидете задоволни од ситуацијата. Одлучивте дека сакате прекин на врската во наредниот период. Висок крвен притисок.

ШКОРПИЈА

Ве чека поволен ден. Вашите деловни планови одат како што се надевавте и очекувавте. Време е да ги дефинирате своите љубовни цели со себе. Бидете искрени со себе си прво, а потоа со партнерот. Несоницата ве мачи.

СТРЕЛЕЦ

Вас не ве интересираат деловни кавги и расправии. Мислите дека работите можат да се решат на помирен начин. Вашиот партнер ви покажува незадоволство со кое навистина не можете да се справите овој пат. Нервна напнатост.

Кој грев ви е судено да го направите: Не можете да побегнете од ова – запишано е на денот на вашето раѓање

ЈАРЕЦ

Имате нови идеи и се обидувате да ја покажете вашата креативност така што деловното опкружување ќе ве прифати. Многу брзо го менувате размислувањето за симпатијата и одеднаш се појавува ненадеен студен удар. Имате многу енергија во вас.

ВОДОЛИЈА

Подготвени сте да дадете сѐ од себе за да постигнете подобрување на деловната област. Вие барате партнер на кого ќе ги покажете вашите искрени чувства и кој ќе биде подготвен да ја прифати вашата вистинска природа. Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Ве очекуваат промени во односот со соработниците. Можеби не е лесно да постигнете хармонија на работното место. Обидете се да му верувате на партнерот повеќе од гласините што ги слушате за него. Потребно ви е повеќе спиење.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.