Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 14 октомври 2021 година

Астролошки предвидувања

Терезиите мора да обрнат внимание на тироидната жлезда, близнаците се незадоволни, а ракот е осамен…

Прочитајте каков ден ве очекува и дочекајте го подготвени за сите предизвици.

ОВЕН 

Незадоволни сте од ситуацијата на работа. Планиравте сè детално и промената на планот не ви е од корист. Емотивно сте незадоволни. Чувствувате дека доаѓа до отуѓување е и ладење во врската. Ве очекуваат проблеми со циркулацијата.

БИК

Вашиот пристап кон работата еподетален и аналитички. Очекувате соодветна финансиска компензација за вашите напори. Емотивно сте неисполнети. Имате впечаток дека има премногу недоразбирање во врската. Можни се проблеми со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Незадоволни сте од фактот што работата е многу бавна и што немате пари. Ве чека емотивно изненадување. Едно лице од минатото се враќа во вашиот живот и вие неволно го прифаќате тоа. Што се однесува до здравјето, можни се главоболки.

РАК

Задоволни сте од соработката со колегите. Ви се допаѓа што предлагаат идеи што не ви паднале на ум. Емотивно сте задоволни. Вниманието и љубовта на саканата личност ви значат многу. Здравјето е задоволително.

ЛАВ

Вие сте на почеток на нов деловен проект. Уживате во можноста за нов предизвик. Имате впечаток дека ова е можност да се докажете. Запознавате нова личност која остава одличен впечаток. Здравјето е задоволително.

ДЕВИЦА

Премногу брзате да завршите што повеќе работи за што е можно пократко време. Таквиот став кон обврските ќе доведе до погрешни одлуки. Вие сте многу задоволни од односот со вашиот партнер. Тој целосно ве разбира. Здравјето е одлично.

ТЕРЕЗИЈА

Имате проблеми со финансиите. Приливот на пари е бавен и тежок. Не можете да најдете заеднички јазик со вашиот партнер. И покрај јасните аргументи, партнерот тврдоглаво се држи до своите ставови. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

СКОРПИЈА

Неповолна деловна ситуација носи немир и раздор во односите со соработниците. Никој не е подготвен да прифати одговорност за неуспехот. Вие максимално уживате во тајната врска. Можен е пад на имунитетот.

Фото: Pixabay

СТРЕЛЕЦ

Добивате интересна деловна понуда. Уживате знаејќи дека конкуренцијата ја цени вашата напорна работа. Треба да бидете сами. Саканата личност не е воодушевена, но мора да ја прифати вашата одлука. Многу сте уморни.

Ова се идеалните домашни работи за вас според хороскопскиот знак

ЈАРЕЦ

Мислите дека е време да се смени системот на работа. Сепак, сè уште не сте подготвени да го примените тоа во пракса. Незадоволни сте од бракот. Саканата личност е во фаза кога сè ја мачи, а ви пречи нејзината негативна енергија. Здравјето е солидно.

ВОДОЛИЈА

Имате желба да завршите што повеќе обврски. Во тоа брзање, правите мали грешки. Незадоволни сте од емоционалната сфера. Партнерот го кажува истото. Ви недостасува стимулативниот разговор. Кога станува збор за здравјето, се чувствувате уморни.

РИБИ

Фокусирани сте на решавање деловни проблеми и добро се снаоѓате. Незадоволни сте од емоционалната сфера. Вашиот партнер не ве разбира на вистинскиот начин и изнаоѓа проблеми каде што ги нема. Кога станува збор за здравјето, ви претстои опаѓање на расположението.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.