ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 29 ноември: Овенот нема среќа во љубовта!

Астро-прогноза

Близнаците ќе влезат во врска без обврски, Лавот ужива во брачната хармонија!

ОВЕН

Максимално сте посветени на обврските. Добивате поволни вести од соработници од странство. Расположени сте за дружење, но не успевате да запознаете човек што би ве заинтересирал. Здравјето ви е одлично.

БИК

Не успевате да ги надминете проблемите на работа и поради тоа сте прилично нервозни. Имате впечаток дека времето минува, а вие никако да се поместите од истото место. Брачниот партнер ви дава поддршка. Прилично сте напнати.

БЛИЗНАЦИ

Ги разработувате работните планови со надредената личност. Имате слични ставови, така што разговорот е продуктивен. Имате можност да влезете во врска без обврски, но не ве привлекува другата страна. Здравјето ви е стабилно.

РАК

Работната ситуација е стабилна и задоволни сте од тоа како се одвива работата. Ве очекува контакт со претставници на медиуми. Уживате во времето поминато со партнерот. Тој знае како да ве опушти. Здравјето ви е одлично.

ЛАВ

Задоволни сте од тоа како се одвива работата. Сметата дека обемот на деловните соработки може да се зголеми и ѝ нудите нови работни можности на другата страна. Уживате во стабилната љубовна врска. Здравјето ви е солидно, но би ви годела рекреација.

ДЕВИЦА

Атмосферата на работа и понатаму е наелектризирана. Работите под тензија и во суштина сте незадоволни и од работата и од финансиите. Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви изгледа емотивно стабилно. Можни се проблеми со циркулацијата.

ТЕРЕЗИЈА

Работата како да се одвива сама од себе. Поседувате знаење и искуство и работните обврски ви станале рутински и без предизвици. Брачниот партнер е незаинтересиран, но вие и понатаму имате емоции за него. Здравјето ви е стабилно.

СКОРПИЈА

Некои работи се обидувате да ги решите на сила. Ако нешто не оди, подобро е да го прифатите тоа и да се фокусирате на други обврски. Задоволни сте од односот со партнерот и тоа е најсветлата точка во вашиот живот. Би ви годела физичка активност.

СТРЕЛЕЦ

Прилично сте нервозни, бидејќи работата не се одвива онака како што очекувате. Непланираните тешкотии ја одлагаат реализацијата на плановите. Имате добра комуникација со партнерот кој се обидува да ве опушти и расположи. Нервите ви се напнати.

ЈАРЕЦ

Припадници на медиумите се обидуваат да стапат во контакт со вас. Не ве интересираат јавните настапи и ги ескивирате. Ве очекува разговор со брачниот партнер за потомство. Што се однесува до здравјето, стомакот ви е осетлив.

ВОДОЛИЈА

Не успевате да најдете заеднички јазик со деловните партнери. Ве попречуваат финансиите. Вие сте штедливи, а другата страна е склона на ризици. Уживате во запознавањето и во добрата комуникација со симпатијата. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Расположени сте, оптимистични и вредни. Имате големи очекувања кога станува збор за работата и за финансиите. Задоволни сте од врската. Имате впечаток дека конечно дошло до стабилизација. Немате проблеми на полето на здравјето.

Месечен хороскоп за декември 2020 година: Какви турбуленции ни следуваат?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.