ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 26 октомври: Не е време за деловни ризици!

Астро-прогноза

Терезијата е претпазлива, Јарецот е уморен, Водолијата е нестабилна, Рибите се среќни, Девиците се во облаци

ОВЕН

Прилично сте загрижени за вашата работа. Околностите во кои се наоѓате тргнале во неочекуван правец. Уживајте во новите случувања со личноста што ја сакате. Овој ден ви е поволен за љубов. Одбегнувајте алкохол.

БИК

Не е поволен ден за нова работа. Многу работи ве оптоваруваат сега и можете да  погрешите ако донесувате нови одлуки. Саканата личност не покажува дека е подготвена за нешто посериозно, но и вие не сте. Можни проблеми со бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Забележувате промени во работното опкружување што не ви одговараат. Наредниот период ви носи предизвици. Сте влегле во фаза на монотонија со личноста што ви значи и не знаете како да го смените тоа. Внимавајте на здравјето.

РАК

Ве очекува ден во кој ќе имате понуди за нова работа. Подготвени сте да пробате нешто различно на ова поле. Доколку сте слободни, подгответе се за љубовни авантури и за нови познанства. Проблеми со тахикардија.

ЛАВ

Доколку се занимавате со приватен бизнис, наредниот период би можел да ви донесе подобрување на заработката. Можено да имате некои компликации кога станува збор за вашето емотивно поле. Внимавајте на градниот кош.

ДЕВИЦА

Обидете се да бидете трпеливи кога станува збор за вашата работа. Ќе го добиете она што го сакате за некое време. Променете го својот пристап во комуникацијата со личноста што ви се допаѓа и ќе успеете да ја освоите. Одете на лекар.

ТЕРЕЗИЈА

Обидете се за сега да се држите до некои посигурни деловни инвестиции. Не е време за поголеми ризици на ова поле. Чувствувате нови проблеми во односот со саканата личност и тоа ве оптоварува. Осетливи заби и непца.

СКОРПИЈА

Поработете на вашата концентрација ако сакате навреме да ги решите деловните проблеми. Ви претстои можност со саканата личност да остварите стабилна, искрена и поволна атмосфера. Денес ќе ви годи одмор.

СТРЕЛЕЦ

Не би требало да очекувате поголеми проблеми на работа. Ситуацијата ви е прилично стабилна. Многу сте вљубени во нова личност која ви изгледа како олицетворение на идеалниот партнер. Имате многу позитивна енергија.

ЈАРЕЦ

Можно е денес да имате компликации на работа. Финансиите ви се речиси нестабилни. Вашата самотија почнува да ви пречи. Не сте задоволни од околностите на љубовен план. Слушајте ги советите на лекарите.

ВОДОЛИЈА

Склони сте на правење помали грешки на работа. Сепак, не би требало да имате позначајни последици. Можно е многу лесно да се впуштите во флерт со личност што нема искрени намери кон вас. Здравјето ви е осетливо.

РИБИ

Ве очекува многу добра можност за работа. Ве очекува покренување бизнис што значително ќе ви ја подобри заработката. Се двоумите меѓу две лица што ви предизвикуваат љубопитност. Проблеми со хормоналниот дисбаланс.

Почна сезоната на скорпиите и ќе трае сè до 22 ноември, а ова се 10 факти што би требало да ги знаете доколку во близина имате скорпија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.