ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 25 ноември: Добро се чувствувате во сопствената кожа!

Астро-прогноза

ФОТО: Thinkstock

Јарецот е задоволен, бикот е уморен, ракот е емотивен, лавот конечно го постигнува тоа што го сака

ОВЕН

Посветете им се на вашите обврски и успешно ќе ги реализирате. Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од вашата работа. Ве очекува посериозна криза на љубовен план. Можни несогласувања. Пад на имунитетот.

БИК

Немојте да ризикувате премногу на работа денес, бидејќи би можеле да имате некоја помала загуба. Би можела да ви се врати стара љубов во животот. Можно е да ги обновите чувствата од минатото. Внимавајте на срцето.

БЛИЗНАЦИ

Ќе имате можност да ги покажете сите ваши способности на работа. Ако имате партнер, ви се враќаат во односот некои проблеми од минатото, па ви се враќа и незадоволството. Проблеми со желудникот.

РАК

Бидете подготвени максимално да ѝ се посветите на работата. Ќе остварите позитивни резултати. Вљубени сте и подготвени сте максимално да ѝ се посветите на саканата личност. Вашиот однос станува сè подобар. Можни се срцеви проблеми.

ЛАВ

Можно е да остварите напредок кога станува збор за работата. Ќе бидете многу задоволни. Можете да очекувате интересни случувања со личноста што ви значи. Ве очекува убав период. Проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат нови случувања што ќе ви овозможат финансиски напредок. Ве очекува многу интересен флерт со личност што ви се допаѓа. Подготвени сте за љубовни промени. Помали проблеми со зглобовите.

ТЕРЕЗИЈА

Имате многу нови идеи кога станува збор за вашата работа. Ве очекува поволен ден за нови одлуки. Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од новите познанства што ги остварувате. Добро се чувствувате во сопствената кожа.

СКОРПИЈА

Можете да се надевате на позитивни околности во текот на денот. Среќата е на ваша страна. Ве очекува интересно познанство што наскоро би можело да ве одведе до сериозна врска. Полни сте со енергија денес!

СТРЕЛЕЦ

Ќе решите некои дилеми што ве мачат. Многу добри околности на работа. Ви се допаѓа личност што ќе покаже дека имате големи шанси да ја освоите. Среќни сте поради тоа. Внимавајте на циркулацијата.

ЈАРЕЦ

Поволен период за покренување нов бизнис. Подготвени сте да се посветите на подобра заработка. Ве обзема чувство на љубомора. Можно е да имате поголеми проблеми со саканата личност. Можен е покачен притисок.

ВОДОЛИЈА

Можете да очекувате добар ден за можности да добиете нова работа. Среќата е на ваша страна. Доколку сте во брак, ќе успеете да остварите компромис со саканата личност и да ги решите проблемите. Проблеми со бубрезите.

РИБИ

Ви претстои напорен ден на работа. Многу работи ве оптоваруваат и затоа сте нерасположени. Доколку сте во љубовна врска, ќе имате многу романтичен ден со саканата личност. Можен е помал пад на имунитетот.

Лавот – „Јас можам“, Водолијата – „Јас знам“ – Мотото на секој хороскопски знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.