Дневен хороскоп за 24 октомври: Среќата е на ваша страна

Астро-прогноза

Фото: Getty Images

На бикот му се враќа старата љубов, стрелецот би требало повеќе да се движи меѓу луѓе, рибите ќе се ослободат од работите кои ги мачат

ОВЕН

Максимално сте посветени на обврските и работата, одговорни сте и важно ви е да решите некои проблеми. Доколку имате партнер, може да се надевате на позитивен ден во кој ќе остварите одличен однос со него. Одлично се чувствувате и добро сте расположени.

БИК

Добро се снаоѓате на деловно поле и задоволни сте со резултатите. Ве очекува многу добар период. Саканата личност е нежна и отворена кон вас и среќни сте затоа што имате добар однос со неа. Нервниот систем ви е чувствителен.

БЛИЗНАЦИ

Не ризикувајте со започнување на нови работни обврски или со поголеми вложувања денес. Старата љубов би можела да се врати во вашиот живот иако не го очекувате тоа и не сте се надевале. Водете сметка за срцето.

РАК

Можно е да успеете да остварите добри промени кога станува збор за работата. Посветете се на своите обврски. Сериозна криза настапи помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа. Нагласен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Бидете подготвени да се посветите на работата и да покажете доволно интересирање кон одредени промени. Заљубени сте и ќе направите сѐ за да го поправите односот со саканата личност. Проблеми со срцето.

ДЕВИЦА

Можеби ќе имате можност да ги покажете своите способности на деловно поле. Ако имате партнер не ви е лесно да ги решите сите недоразбирања со него кои ги имате од минатото. Можни се проблеми со желудникот.

ВАГА

Можно е да ве очекуваат нови случувања и нови деловни понуди кои ќе бидете подготвени да ги прифатите. Ве очекува интересен флерт со личност која ја познавате од претходно и е од вашето блиско опкружување. Проблеми со зглобовите.

ШКОРПИЈА

Можно е да успеете да остварите подобрување на работно поле. Наскоро следува унапредување. Ве очекуваат интересни случувања со симпатијата. Доаѓа време за почеток на врска. Проблеми со стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Може да се надевате на позитивни деловни околности во текот на денешниот ден. Среќата е на ваша страна. Ве очекува интересно познанство со личност која ќе покаже дека сака сериозна љубовна врска. Полни сте со енергија!

ЈАРЕЦ

Имате многу нови идеи за почеток на деловен проект и нови соработки, но немате доволно време да ги реализирате. За да запознаете некоја нова личност потребно е повеќе да се движите. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Поволен период за започнување нов бизнис. Може да очекувате и некои нови понуди за соработка. Ве обзема чувство на љубомора кое не можете секогаш да го контролирате. Можно е да имате зголемен притисок.

РИБИ

Пред вас се поволни околности на деловно поле. Ќе се ослободите од некои дилеми кои ве мачат. Ви се допаѓа личност со која ќе имате интересни случувања. Подготвени сте подобро да ја запознаете. Водете сметка за циркулацијата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.