ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 22 октомври: Само што не ви се случила голема љубовна приказна!

Астро-прогноза

Водолијата е подготвена да ѝ се посвети на работата, Терезијата ја прекинува љубовната врска, Јарецот е уморен од работа

ОВЕН

Можно е да не сте баш најдобро расположени. Ве очекува период во кој ќе има некои компликации кај вас. Сакате промени на љубовен план и подготвени сте да започнете нова врска. Помали проблеми со колковите.

БИК

Можете да очекувате дека ќе имате некои нагли промени на работа и дека нема да ви биде лесно да ги решите сите проблеми. Ве очекува период во кој ќе имате бројни нестабилности во односот со партнерот. Проблеми со нозете.

БЛИЗНАЦИ

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува ден што може да биде поволен за подобрување на овој план. Ако сте сами, наскоро ќе ви се случи ново познанство, а и нови емоции. Внимавајте на дигестивниот систем.

РАК

Ве очекуваат некои тешкотии што би можеле да ве спречат на патот кон вашиот професионален успех. Можете да очекувате контакт со поранешниот партнер кој ќе ви понуди да се смирите. Одлуката ќе биде ваша. Можни се болки во грлото.

ЛАВ

Ве очекува фаза во која ќе имате важни случувања на деловен план. Подгответе се и поработете на концентрацијата. Немојте да очекувате дека на љубовен план ќе успеете да направите некои поголеми пресврти. Тироидната жлезда ви е осетлива.

ДЕВИЦА

Денешниот ден не ви е претерано поволен за работа. Немојте да се впуштате во ризици на ова поле. Сакате да добиете внимание и љубов од личноста што ви значи. Главоболка и замор.

ТЕРЕЗИЈА

Полека доаѓа до покренување работни промени што сте ги очекувале и сакале подолг временски период. Можно е да не сте добиле доволно емоции и да сте подготвени да ја прекинете вашата врска. Ве следи млитавост.

СКОРПИЈА

Имате желба да бидете успешни и ќе направите сè што можете за да го остварите тоа. Уживате во флертот без обврски и не сте подготвени за нешто посериозно. Слободата, сепак, ви е најважна. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Моментално стагнирате и таа ситуација воопшто не ви годи. Сега не ви е поволен период за поголеми работни промени. Уживате во наивниот флерт со личност што ви значи. Проблеми со алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Во исчекување сте кога станува збор за работата и финансиите. Работите не одат онака како што сте се надевале. Можете да очекувате период во кој ќе успеете остварите стабилен однос со партнерот. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Сакате да ѝ се посветите на вашата работа и да го остварите напредокот што веќе подолго време го планирате. Можно е да имате некоја забранета љубов или ви се допаѓа личност со која ќе имате проблеми. Здравјето ви е генерално добро.

РИБИ

Ве очекува период во кој ќе треба да размислите и да направите некои нови работни тактики. Интуицијата може да ви укаже какви професионални промени ви претстојат. Ве очекува добар ден. Повеќе одморајте.

Најпознатиот астролог на сите времиња: Овие 3 хороскопски знаци навистина се посебни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.